ТРАЈКОВСКИ: Денес во Делчево одржавме квалитетна дебата за унапредување на средното стручно образование

Во рамките на кампањата за промоција на средното стручно образование „Учи паметно, работи стручно“ која ја спроведува Министерството за образование и наука денес во Делчево одржавме квалитетна дебата за унапредување на средното стручно образование со државниот секретар во МОН, Анета Трпевска, градоначалниците од Берово и Македонска Каменица, директори од средните стручни училишта, како и претставници од бизнис-секторот од регионот.

Иницијативата и напорите што ги презема клучното Министерство за унапредувањето на средното стручно образование, за остварување на примарната цел во креирање квалификуван и стручен кадар кој ќе одговара на потребите на пазарот на труд , се далеку од потребни и очекувам овој процес да продолжи да носи позитивни промени и да го унапредува средното стручно образование.

Нам ни требаат кадри кои ќе бидат потребни на пазарот на трудот, но и кадри кои ќе бидат подготвени да се вклучат во производствениот процес, ќе бидат барани од фирмите. Очекувам да продолжи и да се зајакнува сè повеќе проактивниот однос по ова прашање и од фирмите и заедно да издејствуваме промени во стручното образование.

Во оваа прилика би сакал да направам една паралела со цел и со факти да ви доловам колку за една година се променија работите во средното стручно образование во Делчево. Ако минатата година, на ваков собир, зборував за: проблемите со неатрактивноста на стручните насоки во делчевската гимназија, малиот број ученици и проблемот да се организира настава со едноцифрен број ученици, денеска на оваа средба отворено тврдам дека овие проблеми се минато.

Денеска во СОУ „М.М.Брицо“ во двете стручни паралелки, само, во прва година учат 37 ученици и за сите нив е обезбедена стипендија. За прв пат, се отвори дуална паралелка за хемиско-технолошката струка, каде сите ученици добија стипендии од МОН, а во партнерство со комбинатот РУДИНЕ ММ, покрај наставата во училиштето, се одржува настава и во компанијата со која училиштето има потпишано меморандум за соработка.
Исто така, учениците имаат зголемен обем на часови за практична настава и можност за вработување по завршувањето на образованието кај компаниите соработници.

За прв пат, од постоењето на гимназијата, фирми од Делчево стипендираат ученици во кожарско-текстилната паралелка. Ја користам оваа прилика, да се заблагодарам на фирмите кои го препознаа моментот и се одважија да го поттикнат, зацврстат и да внесат нов квалитет во средното стручно образование, како и на менаџментот на училиштето. Изразувам посебна благодарност до ФРОТИРКА КОМПАНИ за обезбедените 5 стипендии, на КРЗНО ДООЕЛ за обезбедените 2, на фирмите НЕФИ, ВИТЕКС, ТРЕНДДИЗАЈН, ММЦ-ПРОГРС, БРЕГАЛ, ЛУКАТЕКС, ТРНЕДКОМ по една стипендија и фирмите ФРОТЕКС и СТЕФИКД-ТЕКСТ, како и комбинатот РУДИНЕ ММ, партнер на дуалната прехранбена паралелка.

Денес веќе менаџментот на училиштето размислува за унапредување и подобрување на квалитетот на практичната настава, за воведување дуална паралелка и во текстилно-кожарската насока со што овие ученици ќе имаат можност за настава кај работодавач, зголемен обем на часови за практична настава и можност за вработување по завршувањето на образованието кај компаниите соработници.

Сметам дека го трасиравме патот по кој треба да се движиме, кога станува збор за стручното образование. Ги охрабрувам училиштата и нивните тимови да бидат похрабри и покреативни, да го следат пулсот и на младите и нивните интереси и на компаниите и на потребите на стопанството и максимално да се заложат во создавање квалитетни стручни профили, а верувам дека подадената рака од МОН и нивната максимална поддршка во процесот за унапредување на стручното образование, ќе нè донесе кон крајната цел-квалитетно средното стручно образование.

game bài sunwin game bài sunwin game bài sunwin

sun win

sunwin apk sunwin apk tải sunwin apk

game bài sunwin

tải sunwin apk sunwin.apk mới nhất tải sunwin