(ВИДЕО) ТРАЈКОВСКИ: Почитувајќи го начелото за отчетно и транспарентно работење, ја презентирам мојата работа и работата на општинската администрација на Делчево во првите 100 дена од вториот мандат

Максимално мотивирани, посветени и искрени во намерите, работиме за да ја оправдаме Вашата доверба дадена по втор пат на изборите, бидејќи вие и нашето Делчево го заслужувате најдоброто и нè обврзувате почитувајќи ги традицијата и наследството, но со нова енергија, да го градиме нашето родно место во поубаво место на живеење.

Како градоначалник и со поддршка на мојот тим и претставниците од новиот состав на Советот, изминативе 100 дена, како период во кој се прави пресек во работата, ги искористивме посветувајќи се на дореализација на започнатите проекти, но и подготовка за реализација на нови кои ќе донесат подобар квалитет на животот во Делчево.

И во овие 100 дена локална власт, приоритет остануваат инфраструктурните проекти, за да донесеме развој, да изградиме капитални објекти кои ќе останат за генерации и генерации наши сограѓани и ќе сведочат за нашата посветеност да ги промениме работите на подобро. Обезбедивме нови инвестиции во Делчево во висина од над 110 милиони денари, не сметајќи ги овде тековните инвестиции кои се однесуваат на доизградба на инфраструктурни проекти, како и реализацијата на проектот за Водоснабдување на Делчево.
✅ Изградба на нова детска градинка во нас. Расадник
✅ Втора фаза од изградба на современ градски пазар
✅ Изградба на нов водовод во с. Ѕвегор и с. Габрово
✅ Постапка за почеток на градежни работи на фотоволтаици и пречистителна станица за вода во с. Тработивиште
✅ Завршена реконструкција на ул „Скопска“
✅ Завршена реконструкција на дел од ул „Орце Николов“
✅ Во тек е изградба на локален пат Делчево-Тработивиште
✅ Асфалтирани три крака од ул „Голем рид“ во населба Стрелиште
✅ Асфалтиран дел од ул „Плачковица“
✅ Заврши доизградбата на втората фаза од велосипедската патека Делчево-Илин Камен
✅ Заврши изградбата на попречни прагови од габиони во коритото на реката Брегалница.
✅ Во тек е изградба на ул „3“
✅ Во тек е рехабилитација на селскиот пат во с. Вирче во должина од 1 км
✅ Подготовка за реконструкција на водоводната мрежа со вкупна должина од околу 6 км во населбите:
– дел Милково Брд
– дел Ново Делчево
– потисен цевковод
– зона обиколен цевковод-крак 4 на дел од ул „Плачковица“
– обиколниот цевковод на крак 3 од ул. „Острец“.
✅ Подготовка на техничка документација: продолжување на „Орце Николов“; пристапна улица кон социјалната зграда во Делчево; проект за внатрешно уредување на градскиот пазар со паркинзи и улица; во населбата Пролет изградба на две улици: улица 3 и улица 5; реконструкција на ул „Индустриска“, како и проект за реконструкција на бул „Македонија“ (дел).
✅ По пат на донација набавено противпожарно возило и опрема за ТППЕ
✅ Набавка на лед-диодни светилки
✅ Изградба на скејт-парк во Делчево.
✅ Обезедени и дистрибуирани 169 контејнери со зафатнина од 1,1м³ .
✅ Во СОУ „М.М.Брицо“- преадаптација на старата спортска сала во конгресна сала
✅ Обезбедени 37 стипендии за учениците од стручните паралелки во СОУ „М.М.Брицо“
✅ Во тек е проект Еразмус плус „Чекор по чекор за професионален развој“ во СОУ „М.М.Брицо“
✅ Во ООУ„Св.Климент Охридски“ – преадаптација на поткровниот простор во училиштето и негова пренамена за библиотека-медијатека, простории за музичка секција и ликовна секција.
✅ Во ООУ „Ванчо Прке“- реконструкцијата на санитарни јазли во училиштето.
✅ Во ООУ „Ванчо Прке“’ изградба на енергетско-ефикасната фасада на училиштето.
✅ Во двете основни училишта опремени кабинетите по природните науки
✅ Инвестиции во детската градинка „Весели цветови“ во висина од 900.000 ден. (набавка на нов горилник, опрема и дидактички средства);
✅ Во ЈЛБ „Илинден“ набавени нови наслови и опрема
✅ Меморандум за соработка за реализација на втората фаза од Програмата РОМАКТЕД
✅ Потпишана Декларација за отвореност, отчетност и транспарентност на Локалната самоуправа.
✅ Поддршка на работата на Советот на млади
✅ Поддршка на иницијативите на КЕМ –нова здравствена услуга-ехо на дојка во Здравствениот дом во Делчево.

Почитувани сограѓани- овој отчет за 100 дена е прв пресек од работата. Продолжуваме понатаму, достоинствено и искрено -за Делчево да ни биде модерно и убаво. Делчево да ни биде гордост!
Благодарам

game sunwin tải sunwin apk tải sunwin apk

game sunwin sunwin club sunwin tài xỉu

tải sunwin

tải sunwin

tải sunwin sunwin apk sunwin apk