(ВИДЕО) ЕУФОРИЈА ВО КАВАДАРЦИ: ФК ТИКВЕШ ВЛЕГУВА ВО ПРВАТА ЛИГА
(ВИДЕО) ЕУФОРИЈА ВО КАВАДАРЦИ: ФК ТИКВЕШ ВЛЕГУВА ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсовска – Алтај: Потпишан значаен договор за соработка меѓу Скопје и турскиот град Конја
Арсовска – Алтај: Потпишан значаен договор за соработка меѓу Скопје и турскиот град Конја
Средба во Давос на претседателот Стево Пендаровски со нобеловецот по економија Џозеф Штиглиц
Средба во Давос на претседателот Стево Пендаровски со нобеловецот по економија Џозеф Штиглиц
(ВИДЕО) Претседателот Пендаровски на панел сесијата „Одржувањето на безбедноста во Европа“ на Светскиот економски форум во Давос
(ВИДЕО) Претседателот Пендаровски на панел сесијата „Одржувањето на безбедноста во Европа“ на Светскиот економски форум во Давос
Сите што гласавме за Преспанскиот договор имаме удел во ова што се случува со МПЦ, велат осумте пратеници од опозицијата што гласаа за уставните измени
Сите што гласавме за Преспанскиот договор имаме удел во ова што се случува со МПЦ, велат осумте пратеници од опозицијата што гласаа за уставните измени
ПЕНДАРОВСКИ ВО ДАВОС ОСТВАРИ КРАТКИ СРЕДБИ СО ШПАНСКИОТ ПРЕМИЕР САНЧЕЗ И СО ПРЕМИЕРОТ НА КОСОВО КУРТИ
ПЕНДАРОВСКИ ВО ДАВОС ОСТВАРИ КРАТКИ СРЕДБИ СО ШПАНСКИОТ ПРЕМИЕР САНЧЕЗ И СО ПРЕМИЕРОТ НА КОСОВО КУРТИ
НОВО МАСОВНО ПУКАЊЕ ВО САД, 18 ГОДИШНИК УБИ 14 УЧЕНИЦИ И ПРОФЕСОР ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ВО ТЕКСАС, ПОЛИЦИЈАТА СМРТНО ГО ЗАСТРЕЛА
НОВО МАСОВНО ПУКАЊЕ ВО САД, 18 ГОДИШНИК УБИ 14 УЧЕНИЦИ И ПРОФЕСОР ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ВО ТЕКСАС, ПОЛИЦИЈАТА СМРТНО ГО ЗАСТРЕЛА
ССМ најави масовни протести од утре: Не добиле средба со Владата
ССМ најави масовни протести од утре: Не добиле средба со Владата

ТРАНСПОРТОТ ЌЕ ПОСКАПИ ВО СКОПЈЕ ЗА ДА ДИШЕМЕ ЧИСТ ВОЗДУХ: Електрични автобуси – Ќе чинат повеќе, ќе бараат изведба на полначи, а ЈСП да вработи дополнителен кадар

Во изминатиот период остваривме комуникација со многу производители, во завршна фаза сме и во подготовка на тендерска процедура за набавка на најмалку 100 електрични автобуси, но и за отворање на фабрика во Скопје за производство на електрични автобуси. Овие зборови вчера ги изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски како негова визија за тоа како треба да се развива организираниот превоз во главниот град.

Скопската градоначалничка Данела Арсовска во изјава за порталот СДК.МК денеска потврди дека Градот Скопје преговара со компании и со фондови од каде би се обезбедиле грантови за набавка на еко автобуси, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски „проактивно делува за подобрување на состојбата во Скопје“.

Засега никој не дава објаснување со кои компании се преговарало, кој сè преговарал и од кого добил овластување за вакво нешто, но и на кој начин ќе се одвива купувањето на електричните автобуси, ако се знае дека било каква набавка мора да помине низ меѓународен тендер на којшто понуди слободно ќе можат да достават сите заинтересирани компании.

Од опозициската партија СДСМ во Градот Скопје денеска реагираа на ваквите најави, напоменувајќи дека градоначалничката Данела Арсовска изминатава есен го поништи тендерот за изведба на брзиот автобуски превоз – БРТ во Скопје, за кој веќе беше обезбеден кредит од Европската банка за обнова и развој и со него беше планирана набавка на автобуси.

„Пред просториите на Град Скопје ја прашуваме градоначaлничката Данела Арсовска: Во кое својство и во чие име Христијан Мицкоски преговарал за набавка на автобуси. Како може да подготвува меѓународни тендери претседател на партија и во чие име? И клучно: Дали заради диловите на Христијан Мицкоски е прекинат проектот за бас рапид транспорт во Скопје, поддржан од ЕБРД? Од ЕБРД не се добиваат тендери. Очигледно на повидок е голем скандал, според зборовите на самиот Мицкоски“, изјави портпаролот на СДСМ Дарко Каевски.

Инаку, Градот Скопје за последен пат набави нови автобуси во 2019 година, кога пристигнаа 33 еколошки автобуси од германскиот производител „МАН“ коишто сообраќаат на метан. Тие беа набавени на меѓународен тендер, на којшто се постигна постигна цена на тендерот од 266.000 евра за еден единечен автобус, додека зглобните автобуси чинеа 334.000 евра.

Претходната градска власт се одлучи за набавка на автобуси што сообраќаат на метан откако претходно во 2018 година тестираше три различни автобуси што сообраќаат на гас и еден електричен автобус на линиите на ЈСП. Тест-периодот ја отфрли можноста за користење на електричните автобуси, бидејќи требаше да се изведуваат електрични полначи за полнење на автобусите. Исто така, ЈСП-Скопје ќе треба да вработи дополнителен стручен кадар (електроинженери) за одржување на возниот парк на електричен погон, бидејќи јавниот превоз во Скопје досега немал искуство со употреба на тролејбуси или трамваи.

Инаку, медиумите во 2018 година објавија дека електричниот автобус што сообраќаше тогаш по скопските улици чини околу половина милион евра. Како што јавуваат странските медиуми, Романија лани набавила 123 електрични автобуси од европски производител за јавниот превоз во неколку градови, по цена од речиси 65 милиони евра. Со ова се потврдува податокот дека набавката на еден електричен автобус во просек ќе чини од 150.000 до над 200.000 евра поскапо во споредба со постојните автобуси МАН, коишто беа набавени за ЈСП-Скопје во 2019 година.

Според дадената изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во Скопје би се набавиле најмалку 100 електрични автобуси. Сепак, последните податоци до кои дојде Мета.мк од ЈСП минатиот месец говорат дека во скопскиот јавен превоз секојдневно се вклучуваат во сообраќај меѓу 260 и 280 автобуси за одржување на градско-приградските линии.

Ова би значело дека со набавката на електрични автобуси ќе се изврши модернизација на помалку од половина на возниот парк што го поседува ЈСП и приватните автобуски превозници. Ова пак ќе значи дека ЈСП ќе добие возен парк што ќе сообраќа на дури три различни погони – дизел гориво по кое сообраќаат украинските и кинеските автобуси, метан по кој сообраќаат автобусите од МАН и струја на која ќе сообраќаат идните електрични автобуси.

Инаку, според последниот извештај за остварените резултати од работењето на ЈСП-Скопје за периодот јануари-септември 2021 година, ова јавно претпријатие остварило загуби во работењето во висина од 147,6 милиони денари. Притоа, во делот на приходите на ЈСП се вкалкулирани и субвенциите коишто ги добива од Град Скопје на годишно ниво. Заклучно со септември лани, ЈСП-Скопје имало вкупно 1.296 вработени.

loading...