Арсовска: Започнуваме со инвестиција за целосна реконструкција на левата страна на кејот на Вардар
Арсовска: Започнуваме со инвестиција за целосна реконструкција на левата страна на кејот на Вардар
ВЛАДА: Со новото праведно тарифирање, оние кои трошат помалку, плаќаат помалку струја
ВЛАДА: Со новото праведно тарифирање, оние кои трошат помалку, плаќаат помалку струја
Џафери до Мицевски кој жестоко го нападна во образложението за интерпелацијата: Имам култура, нема да се спуштам на ваше ниво и на ниво на Мицкоски
Џафери до Мицевски кој жестоко го нападна во образложението за интерпелацијата: Имам култура, нема да се спуштам на ваше ниво и на ниво на Мицкоски
Тупанчески: И без ВМРО-ДПМНЕ ќе почнеме да работиме на измените на Изборниот законик
Тупанчески: И без ВМРО-ДПМНЕ ќе почнеме да работиме на измените на Изборниот законик
Зајкова за „Фокус“: За преговарачката рамка потребно е без популизам пратениците јавно да расправаат во Собранието
Зајкова за „Фокус“: За преговарачката рамка потребно е без популизам пратениците јавно да расправаат во Собранието
Многу пати ме имаат обвинето дека Интерпелациите сум ги држел во фиока, вели Џафери
Многу пати ме имаат обвинето дека Интерпелациите сум ги држел во фиока, вели Џафери
Вучиќ тврди дека се подготвува нова „Олуја“ – општ напад на северот на Косово
Вучиќ тврди дека се подготвува нова „Олуја“ – општ напад на северот на Косово
Мобилни лекарски тимови ќе патролираат низ центарот на Скопје за помош од топлотен бран
Мобилни лекарски тимови ќе патролираат низ центарот на Скопје за помош од топлотен бран

Тренчевска: Градиме општество со еднакви можности за сите и инклузијата треба да почне токму од нас​

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска се сретна со претставниците на Националниот совет на инвалидските организации на Македонија, составен од седум здруженија организирани според типот на попреченост.

На средбата се разговараше за потребите и предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост како и можностите за унапредување на нивните права.

Министерката Тренчевска истакна дека грижата за лицата со попреченост е приоритет на Владата и Министерството за труд и социјална политика.

„Заедно ќе креираме политики како и досега, кои ќе придонесат за унапредување на правата на лицата со попреченост. Со директно учество во јавни дебати, консултации и утврдените практики, да ги изнајдеме најдобрите решенија, кои ќе имаат за цел испорака на резултати, од кои придобивка ќе имаат лицата со попреченост. Уште поинтезивно ќе работиме на инклузијата на лицата со попреченост во општеството, во образовниот процес и на пазарот на труд. Предрасудите и стереотипите мора да се надминат. Градиме општество со еднакви можности за сите и инклузијата треба да почне токму од нас,“ рече Тренчевска.

Министерката информираше дека се работи и на проширување на достапните социјални услуги во заедницата за лицата со попреченост, каде што како даватели на услуги може да аплицираат и сојузите. Како и дека продолжува процесот на деинституционализација и отворањето на мали групни домови , во кои лицата со попреченост живеат со поддршка на стручни лица и се еднакви граѓани во заедницата.

Соговорниците изразија задоволство од денешната прва средба и уверување за плодна соработка која ќе даде вистински и видливи резултати во иднина.

loading...

cách tải game go88

sunwin renewable energy pvt ltd sunwin game tài xỉu tải sunwin