Тренчевска – Митовски: Во Крива Паланка ќе се отвори детска градинка со капацитет за 102 деца

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. На средбата стана збор за проектите кои Министерството и општината заедно ги спроведуваат. Министерката Тренчевска, го информираше Митовски дека и во наредниот период очекува активно да се спроведува Проектот за подобрување на социјалните услуги и сеопфатната социјалната реформа која ја спроведуваат Владата и Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од Светската банка.

„За брза реализација на проектите неопходна е успешна соработка на централната и локалната власт бидејќи само така ќе имаме задоволни граѓани. Таква е соработката со општината Крива Паланка, каде во завршна фаза е детската градинка „Детелника“ која очекуваме наскоро да се отвори и да згрижи 102 деца“, рече Тренчевска.

Градоначалникот Митовски, ја информираше министерката Тренчевска, дека Oпштината е заинтересирана на нејзина територија, со поддршка на МТСП, да биде отворена Установа за вон семејна заштита на стари лица.

tải sunwin apk tải sunwin game bài sunwin

sunwin tài xỉu sunwin apk game bài sunwin

sunwin

game bài sunwin tải sunwin sunwin club

sun win