КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
На младите им треба психолошка поддршка, која нема да трае само 15 минути
На младите им треба психолошка поддршка, која нема да трае само 15 минути
Град Скопје ќе доделува годишни стипендии од 24.000 денари за спортисти-средношколци
Град Скопје ќе доделува годишни стипендии од 24.000 денари за спортисти-средношколци
ЛИТАР ГОРИВО ВО ЕУ НАБЛИЖУВА КОН ТРИ ЕВРА: Најскап бензин возат Финците, но и во Грција е скоро 2 и пол евра
ЛИТАР ГОРИВО ВО ЕУ НАБЛИЖУВА КОН ТРИ ЕВРА: Најскап бензин возат Финците, но и во Грција е скоро 2 и пол евра
И Холандија го активира антикризниот план, ги вклучува термоелектраните
И Холандија го активира антикризниот план, ги вклучува термоелектраните
Петар Колев: Доколку Македонија не ја прифати подадената рака на Бугарија ќе биде целосно изолирана
Петар Колев: Доколку Македонија не ја прифати подадената рака на Бугарија ќе биде целосно изолирана
Министерството за надворешни работи со осуда на говорот на омраза во Народното собрание на Бугарија
Министерството за надворешни работи со осуда на говорот на омраза во Народното собрание на Бугарија
Скопје и Софија ги поставија „црвените линии“ за старт на преговорите, на потег сега е Париз
Скопје и Софија ги поставија „црвените линии“ за старт на преговорите, на потег сега е Париз

Тренчевска од Битола: Ја унапредуваме детската и социјална заштита, грижата за ранливите граѓани е наш приоритет

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во денешната посета на Општина Битола, беше во посета на установи од детска и социјална заштита кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика.

Во Битола, функционираат две јавни установи. ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“, со 9 објекти и капацитет од 700 деца, сите реновирани изминатиот период и целосно нов објект во с.Кравари – за 40 деца. За време на пандемијата согласно препораките за адаптирање на дополнителен простор за згрижување на деца, капацитетот е проширен за дополнителни 3 занимални и опфат на 150 деца, со цел да се излезе во пресрет и на децата и на родителите.

ЈОУДГ „Мајски цвет“ е втората предучилишна установа од оваа општина, која има 7 објекти со капацитет од 650 деца, сите објекти изминатиов период се и внатрешно и надворешно реновирани, 1 објект има целосна реконструкција.

Министерката Тренчевска нагласи дека вложувањето во квалитетен ран детски развој е од големо значење за целокупниот понатамошен развој на младите. Затоа министерството постојано инвестира во изградба на нови детски градинки со цел што поголем опфат на деца во предучилишниот процес.

„Вложуваме и во зајакнување на компетенциите на стручниот кадар во детските градинки. Како Влада и Министерство градиме систем за постојан раст на платите, согласно растот на трошоците на живот и просечната плата. Воспитувачките и негователките ја имаат една од најблагородните професии, тие ја креираат нашата младина, која е иднината на нашата држава, “ рече Тренчевска.

Министерката го посети и Домот за доенчиња и мали деца во Битола, кој со трансформацијата вклучува: Центар за поддршка на згрижувачки семејства, Оддел за мајки и деца и интервентно сместување. Центарот во Битола е еден од трите центри воспоставени со новиот Закон за социјална заштита. Нивна задача e поддршка на постојаните згрижувачи и подготовка, проценка и обука на идни згрижувачки семејства. Заедно трите центри ја обезбедуваат услугата на вонсемејна заштита за околу 300 згрижувачки семејства и опфат на околу 500 деца, на ниво на држава.

Со социјалната реформа и процесот на деинституционализација во Битола се отворија 4 мали групни домови за бебиња и мали деца и 1 мал групен дом за деца со попреченост. Министерката Тренчевска посети два од групните домови и со стручниот кадар разговараше за придобивките од деинституционализацијата, која овозможи ниту едно дете под 18 години, да биде сместено во институција, туку во нова форма на живеење најблиска на семејната.

Денешната посета на Битола, се заокружи со посетата на Центарот за социјални работи, што воедно беше прилика да се поразговара за имплементацијата на социјалната реформа во делот на правата и услугите кои ги адресираат потребите на граѓаните.

„Грижата за ранливите категории на граѓани е наш приоритет и одговорност. Затоа во континуитет вложуваме во унапредување на нивните права и воведување на нови социјални услуги,“ порача Тренчевска.​

loading...

go88 không vào được

sunwin ông già noel sunwin exports kinh nghiệm đánh tài xỉu sunwin