Тренчевска: Општество со повисоко ниво на толеранција и поддршка на ранливите категории е наша стратешка цел

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставничките на Мисијата на Меѓународната организација за миграции во Република Северна Македонија, на која се разговараше за досегашната соработка и идните планови и проекти во областите во надлежност на министерството.

Претставничките на Мисијата информираа за активностите кои се преземаат во делот на помош и поддршка на мигрантите, нивна медицинска и психо-социјална поддршка, како и поддршка за ефективна реинтеграција на ранливите повратници, мигранти од ЕУ кон Западен Балкан и борбата против трговијата со луѓе.

Министерката Тренчевска ја истакна определбата на нашата држава за почитување на основните човекови права и слободи и нивната заштита, недискриминацијата, градење на општество со повисоко ниво на толеранција и поддршка на ранливите категории.
Во врска со повратниците, таа посочи дека пристапот кон социјалните услуги, вработувањето на лицата повратници, влез во образованиот процес и домувањето се главните цели на кои Министерството работи со цел нивна ефективна реинтеграција во општеството.

Министерството за труд и социјална политика е координатор на националниот механизам за упатување на жртви на трговија со луѓе (НМУ) кој претставува рамка за соработка и координиран приод помеѓу социјалните служби, полицијата и невладиниот сектор.

Министерката ја нагласи улогата на Центрите за социјална работа и стручните лица кои се дел од мобилните тимови за рано откривање на жртви со трговија со луѓе.
„Мобилните тимови за превенција од трговија со луѓе се позитивен пример и добра пракса која е прифатена од други земји во регионот. Тие се првата алка и првата точка од каде започнува пружањето на поддршка кон лицата жртви на трговија со луѓе,“ рече Тренчевска.

Мисијата опфаќа и активности во борбата против насилен екстремизам, со акцент на младите, преку промена на размислувањата и подигнување на свеста за опасноста од оваа појава.

Соговорниците изразија продлабочување на соработката во иднина преку пружање на соодветна помош од страна на Меѓународната организација за миграција во насока на стратешко и технички имплементирање на Резолуција за миграциската политика усвоена од Собранието на РСМ, како и во однос на подготовка и имплементацијата на нови стратегии и акциски планови за прашања поврзани за миграција, усогласувањето со стандардите согласно законодавството на ЕУ, понатамошна поддршка во јакнењето на техничките капацитети во овој контекст.

sun win

sunwin club

sun win

sunwin

sunwin.apk mới nhất