ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО ДПМНЕ, ДИМЧЕ АРСОВСКИ ДЕНЕСКА ЕМ СЕ ИЗГЛУПИРА ЕМ ЈА ПОФАЛИ ВЛАДАТА - СЕДИ ДИМСА, КЕЦ!
ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО ДПМНЕ, ДИМЧЕ АРСОВСКИ ДЕНЕСКА ЕМ СЕ ИЗГЛУПИРА ЕМ ЈА ПОФАЛИ ВЛАДАТА - СЕДИ ДИМСА, КЕЦ!
Христо Иванов: Доколку РСМ не го прифати францускиот предлог, ризикува целиот процес да почне од почеток
Христо Иванов: Доколку РСМ не го прифати францускиот предлог, ризикува целиот процес да почне од почеток
ДЕНКО МАЛЕСКИ: Што ќе правиме со францускиот предлог, ќе го прифатиме или ќе го одбиеме?! Ќе бидеме ли како Палестинците кои секогаш одбиле се што им се нудело и се полошо им е како тече времето...
ДЕНКО МАЛЕСКИ: Што ќе правиме со францускиот предлог, ќе го прифатиме или ќе го одбиеме?! Ќе бидеме ли како Палестинците кои секогаш одбиле се што им се нудело и се полошо им е како тече времето...
ЕВЕ ЗОШТО ЕКСПЛОДИРА АДЕМИ: ВМРОВЦИТЕ МУ ЈА ИСЕКЛЕ РАКАТА СО ФРЛАЊЕ ПРЕДМЕТИ
ЕВЕ ЗОШТО ЕКСПЛОДИРА АДЕМИ: ВМРОВЦИТЕ МУ ЈА ИСЕКЛЕ РАКАТА СО ФРЛАЊЕ ПРЕДМЕТИ
Маричиќ на средба со германски функционери: Имаме перспектива – мора да ја задржиме
Маричиќ на средба со германски функционери: Имаме перспектива – мора да ја задржиме
СДСМ: ВМРО ДПМНЕ СО ПРАВЕЊЕ ИНЦИДЕНТИ ВО СОБРАНИЕ БЛОКИРА НАЗНАЧУВАЊЕ СУДИИ ЗАТОА ШТО ТАКА МИСЛАТ ДЕКА ЌЕ СЕ СПАСАТ ОД ЗАТВОР!
СДСМ: ВМРО ДПМНЕ СО ПРАВЕЊЕ ИНЦИДЕНТИ ВО СОБРАНИЕ БЛОКИРА НАЗНАЧУВАЊЕ СУДИИ ЗАТОА ШТО ТАКА МИСЛАТ ДЕКА ЌЕ СЕ СПАСАТ ОД ЗАТВОР!
(ВИДЕО) ДРАМА ВО СОБРАНИЕТО: ВМРОВЦИТЕ УСПЕАЈА ДА ГО ИЗВАДАТ ОД ТАКТ АРБЕР АДЕМИ КОЈ ВО МОМЕНТИ НА БЕС ПОЧНА ДА ГИ МАВА СО ШИШИЊА И ФИЛЏАНИ!
(ВИДЕО) ДРАМА ВО СОБРАНИЕТО: ВМРОВЦИТЕ УСПЕАЈА ДА ГО ИЗВАДАТ ОД ТАКТ АРБЕР АДЕМИ КОЈ ВО МОМЕНТИ НА БЕС ПОЧНА ДА ГИ МАВА СО ШИШИЊА И ФИЛЏАНИ!
Бугарската влада официјално во оставка, контрадикторни најави за повлекувањето на Борисов од челната позиција на ГЕРБ
Бугарската влада официјално во оставка, контрадикторни најави за повлекувањето на Борисов од челната позиција на ГЕРБ

Тренчевска: Поддршката од УНФПА во подготовката на новата стратегија за демографски политики е од голема важност, градиме политики кои се однесуваат на целото население во државата​

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со г-дин Џон Кенеди Мосоти, директор за Северна Македонија, Србија и Косово на Фондот за население на ООН (УНФПА) и Афродита Шаља – Плавјанска шефицата на канцеларијата УНФПА во земјава.

На средбата се разговараше за подготовката на новата Стратегија за демографски политики на Северна Македонија, која има огромно значење како документ со кој се идентификуваат приоритетните области и насоки за подобрување на постојните демографски трендови преку спроведување на долгорочни политики и подрачја на делување кои директно и индиректно влијаат на демографскиот развој во Република Северна Македонија.

Министерката истакна дека на подготовката на новата стратегија за демографски политики претходи процес на проценка на постоечката стратегија и степенот на нејзина имплементација, а потоа следува формирање на меѓусекторска работна група која ќе даде препораки за развој на новата стратегија. Пракса е да бидат организирани и завршни работилници за финализирање на предлог приоритетите и политиките на делување.

„Новата стратегија ќе се подготвува со учество на сите надлежни институции, домашни експерти, како и техничка и експертска поддршка од Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА). За подготвената нацрт верзија ќе биде организирана широка јавна дебата, на која сите чинители во општеството ќе бидат запознаени и ќе имаат можност за коментари,“ рече Тренчевска.

Министерката посочи дека крајниот резултат е да подготвиме стратегија изградена на реални демографски податоци, како податоци за миграцијата, стареење на населението, наталитетот и која ќе даде висински насоки во градењето на политиките кои се однесуваат на целото население во државата. Политики кои се однесуваат на здравството, образованието, социјалната заштита, социјалните сервиси, вработување, родовата еднаквост во сите сфери на општеството и друго. Драфт верзијата на новата стратегија се очекува да биде финализирана до јуни 2023 година.

Директорот на УНФПА, Џон Кенеди Мосоти истакна дека УНФПА со експертска и техничка поддршка како и добрата пракса активно ќе учествува во подготовката на новата стратегија. Како и дека сите заложби и постигнати резултати на Министерството за труд и социјална политика и министерката Тренчевска се јасно видливи и препознаени. Воедно изрази и задоволство од идните планови и проекти на министерството.

На средбата стана збор и за отворањето на Ресурниот центар за родово одговорно буџетирање кој е прв од тој формат во Европа, а ќе обезбедува обуки за унапредување на капацитетите на државните службеници во областа на родовата еднаквост и родово одговорното буџетирање, како центар на знаење кој ќе документира истражувања, анализи и други ресурси поврзани во областа на родовата еднаквост.

Родовата еднаквост и еднаквите можности на жените и мажите е еден од приоритетите на Владата на Република Северна Македонија, рече Тренчевска а во таа насока се и сите активности кои имаат за цел унапредување на законодавството, политиките и стратешките документи кои се однесуваат на оваа област.

Двете страни се согласија дека соработката ќе продолжи и во иднина со уште позасилено темпо во областите кои се во надлежност на министерството за труд и социјална политика.

loading...

go88 quay hu go88 âu mỹ chơi go88 online

https://tai.sunwin.gg/