(ВИДЕО) АРСОВСКИ: Предлогот не е идеален, ама е подобар од претходниот и ни овозможува да ги почнеме преговорите, битката со Бугарија ќе продолжи
(ВИДЕО) АРСОВСКИ: Предлогот не е идеален, ама е подобар од претходниот и ни овозможува да ги почнеме преговорите, битката со Бугарија ќе продолжи
Партија на пензионери: Треба да се прифати новиот француски предлог
Партија на пензионери: Треба да се прифати новиот француски предлог
МАРИЧИЌ ВО ДОЛГО КИЛОМЕТАРСКО ИНТЕРВЈУ ЗА МИА ВО ДЕТАЛИ ГО ОБЈАСНУВА МОДИФИЦИРАНИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕЛОГ: Со модифицираниот француски предлог го добиваме она за што со години се бориме
МАРИЧИЌ ВО ДОЛГО КИЛОМЕТАРСКО ИНТЕРВЈУ ЗА МИА ВО ДЕТАЛИ ГО ОБЈАСНУВА МОДИФИЦИРАНИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕЛОГ: Со модифицираниот француски предлог го добиваме она за што со години се бориме
Спасовски: Вкупниот криминалитет бележи намалување за 8,31 проценти
Спасовски: Вкупниот криминалитет бележи намалување за 8,31 проценти
МЗШВ со поддршка на „Фестивал на биодиверзитет“ – Го јакнеме локалното производство и малите производители
МЗШВ со поддршка на „Фестивал на биодиверзитет“ – Го јакнеме локалното производство и малите производители
БОМБА НА МЕРСЕЛ БИЉАЛИ: ВМРО ја прави третата стратешка грешка!?
БОМБА НА МЕРСЕЛ БИЉАЛИ: ВМРО ја прави третата стратешка грешка!?
Авиони од Русија попладнево ќе ги однесат протераните 70 дипломати од Софија
Авиони од Русија попладнево ќе ги однесат протераните 70 дипломати од Софија
(ВИДЕО) ПОЧНА СЕДНИЦАТА НА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ, ПРИСУТЕН ЦЕЛИОТ ДРЖАВЕН ВРВ, ЌЕ СЕ РАЗГОВАРА ЗА МОДИФИЦИРАНИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ
(ВИДЕО) ПОЧНА СЕДНИЦАТА НА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ, ПРИСУТЕН ЦЕЛИОТ ДРЖАВЕН ВРВ, ЌЕ СЕ РАЗГОВАРА ЗА МОДИФИЦИРАНИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ

Тренчевска: Развојот на социјалното претприемништво има клучно значење во општеството, филмот „Барка-Извор на живот“, ја дава реалната слика за неопходноста од солидарност во заедницата

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вчера вечер, присуствуваше на премиерата на документарниот филм „Барка – Извор на живот“, во Кино Фросина (МКЦ).

Филмот, снимен во Полска ја раскажува успешната 30 годишна приказна за тоа како социјалното претприемништво и солидарната економија помагаат во заедницата, особено на членовите на маргинализираните групи и нивната реинтеграција и ресоцијализација во општеството.

Темата на социјалното претприемништво е особено актуелна во последно време кај нас. Неодамна беше усвоена Националната стратегија за развој на социјалните претпријатија, а се подготвува и закон со кој ќе се регулира оваа проблематика. Социјалното претприемништво преку реинвестирање на профитот од своето работење, во потребите на заедницата може да направи многу за инклузија на лицата со попреченост и ранливите категории или пак да создаде иновативни решенија за заштита на животната средина.

Министерката Тренчевска, во своето обраќање пред прикажувањето на филмот, го истакна значењето на социјалните претпријатија кои се насочени кон создавање на еднакви шанси за сите и еднакво општество, тие придонесуваат кон еколошки и економски развој, но и допринесуваат кон намалувањето на сиромаштијата за најранливите.

„Тие го помагаат економски раст, влијаат на социјалната кохезија и развојот на новите технологии. Министерството за труд и социјална политика како креатор и генератор на социјалните и економските политики, заедно со социјалните претприемачи покажа дека нема тежок и лесен процес, туку само во тоа дали има или нема разбирање и добра волја,“ рече Тренчевска.

Таа истакна дека социјалниот претприемач преставува двигател на социјалните промени од кои бенефит има целата заедница. Заедно со институциите, мрежите на граѓанските организации и социјалните претприемачи, заедниците, односно корисниците создаваат решенија кои се ефикасни, одржливи, транспарентни и со мерливо влијание.

„Многу ми е драго што моделот на функционирање на социјалното претприемништво во Полска чиј развој беше под големо влијание на Фондацијата „Барка“, е од голем интерес за владините институции и општествените организации во Северна Македонија. Се надевам дека благодарение на филмот за Барка ќе може да се допре до уште поширока публика со информации за социјалното претприемништво и тоа ќе придонесе за развој на истото во земјата, зголемувајќи ја вклученоста на ранливите социјални групи“, изјави Пјотр Висоцки, заменик амбасадорот на Република Полска во Скопје.

Претседателка на фондацијата „Барка“, Барбара Садовска, верува дека e важно да се пренесе искуството дека ваквите претпријатија не само што навистина можат да помогнат на заедницата, туку може да бидат одржливи и од нив да имаат бенефит сите – и оние кои ги основале и луѓето кои работат во нив но и целото општество. Тука луѓето не наоѓаат само спас од моменталните проблеми, не се работи само за кров над главата и парче леб, туку извор на живот – отворање на нов просперитет за себеси во иднината, пронаоѓајќи нови вештини и нов поттик.

Режисерот на филмот, Небојша Јовановиќ, рече дека работејќи на филмот во Полска се запознал со еден нов концепт. „Концептот на солидарност за мене претставува еден тип на идеално општество. Филмот покажува дека колку и да ни се чини недостижно- тоа е возможно, како во Барка така и општо во животот. Емоциите, надежта, сплотеноста со кои се соочивме на снимањето пренесени од луѓето кои живеат во Барка е нешто што ќе остане со мене засекогаш“, изјави тој.

Документарниот филм е финансиран од Амбасадата на Република Полска во Скопје со поддршка на фондацијата „Барка“, како и проектот финансиран од ЕУ „Поддршка на социјалните претпријатија“, имплементиран од Ептиса, во конзорциум со Барка и Екорис, каде корисник е Министерството за труд и социјална политика.​

loading...

bằng thống kê tài xỉu go88

aktie sunwin sunwin intelligent sunwindy