ИНТЕРЕСНА СЛУЧАЈНОСТ: ВО ИСТ ДЕН НА ДВЕ ТЕЛЕВИЗИИ ГОСТУВА ИСТ РЕЛИГИСКИ ЕКСПЕРТ НА ТЕМА МПЦ СПЦ
ИНТЕРЕСНА СЛУЧАЈНОСТ: ВО ИСТ ДЕН НА ДВЕ ТЕЛЕВИЗИИ ГОСТУВА ИСТ РЕЛИГИСКИ ЕКСПЕРТ НА ТЕМА МПЦ СПЦ
БОМБА НА ХАРИ КОСТОВ: ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ НА МЛАДИТЕ ПОД 30 ГОДИНИ ДА СЕ БАВАТ СО ПОЛИТИКА, НАМЕСТО ДА ЛЕПАТ ПЛАКАТИ И ДА ЧЕКАТ ПАРТИИТЕ ДА ГИ УХЛЕБАТ ДА УЧАТ ДА ЗАРАБОТАТ ПАРИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
БОМБА НА ХАРИ КОСТОВ: ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ НА МЛАДИТЕ ПОД 30 ГОДИНИ ДА СЕ БАВАТ СО ПОЛИТИКА, НАМЕСТО ДА ЛЕПАТ ПЛАКАТИ И ДА ЧЕКАТ ПАРТИИТЕ ДА ГИ УХЛЕБАТ ДА УЧАТ ДА ЗАРАБОТАТ ПАРИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи
Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи
ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје
ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје
Трајанов: САД ќе ги седнат С. Македонија и Бугарија на иста маса
Трајанов: САД ќе ги седнат С. Македонија и Бугарија на иста маса
АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАЛАТА НИЛ НАСУФОСКИ
АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАЛАТА НИЛ НАСУФОСКИ
Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат

Тренчевска: Со отворањето на Ресурсниот центар за родово одговорно буџетирање, потврдуваме дека сме лидери во регионот во родовата еднаквост

„Родово одговорните буџети се клучни за создавање на еднакви можности за жените и мажите. Единствен начин да покажеме дека нашата заложба за родова еднаквост е вистинска, а не декларативна е буџетите да станат родово одговорни“, рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска при отворањето на првиот Ресурсен центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање во државата и регионот.

Ресурсниот центар е отворен од страна на Министерството за труд и социјална политика во соработка со UN Women, во рамки на проектот „Промовирање на родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – Сида.

Целта на негово воспоставување е да обезбедува обуки за унапредување на капацитетите на државните службеници во областа на родовата еднаквост и родово одговорното буџетирање. Тој ќе претставува центар на знаење и ќе документира истражувања, анализи и други ресурси поврзани во областа на родовата еднаквост.

Министерката Тренчевска информираше дека Министерството работи и на подготовка на нов Закон за родова еднаквост, кој ќе придонесе за надминување на досегашните недостатоци, преку обезбедување на еднаквост и елиминирање на стереотипите.

„Ова Законско решение предвидува воспоставување на Секретаријат за родова еднаквост, како највисоко тело, кое ќе ја координира и следи работата на институциите и локалната самоуправа при имплементација на законот. Исто така, го предвидува и воспоставувањето на Ресурсниот центар, како дел од планот и програмата за работа на Министерството, а во согласност со Програмата за работа на Владата на РСМ.

Амбасадорка на Швајцарија во Република Северна Македонија, Н.Е. Вероник Улман Марти подвлече дека креирањето на Ресурсниот центар е резултат на долготраен процес започнат пред 10 години, кога всушност се зачетоците и на родовото одговорно буџетирање во земјава.

„Северна Македонија е пионер во воспоставувањето на родово одговорното буџетирање и веќе стекнатото практично искуство ќе може да го надградува,“ рече швајцарската амбасадорка.

Таа ја поздрави исклучителната посветеност и лидерската улога на Министерството за труд и социјална политика и Секторот за еднакви можности при министерството, во областа на имплементацијата на родовите политики во земјава.
Шведската амбасадорка Н.Е. Кристин Форсгрен Бенгтсон, истакна дека родовата еднаквост е основна цел на шведската надворешна политика и треба да биде составен дел на секое општество.

„Вклучувањето на родовите аспекти во главните политики значи примена на родовата перспектива во сите наши секојдневни активности и услугите за граѓаните. Шведска е горда што го поддржува формирањето и функционирањето на Ресурсниот центар за родово одговорно креирање политики. Со нетрпение очекуваме да видиме како тој се користи за градење на капацитетите на администрацијата во примената на родовата перспектива во нивната работа за доброто на сите граѓани на Северна Македонија,“ рече шведската амбасадорка.

Постојана координаторка на Обединетите нации во Северна Македонијa, Росана Дуџиак, се осврна на поддршката на агенциите на ООН во насока на зголемување на институционалните капацитети и зајакнување на националните механизми за родова еднаквост на земјава. Таа го посочи и учеството на агенциите на ООН, во креирањето на важни документи како што е Национална стратегија 2021-2026 и новиот Закон за родова еднаквост кој е во подготовка.
„Само заедно можеме да ги добиеме резултатите што сакаме да ги видиме и да создадеме средина што ни е потребна на сите,“ рече Дуџиак.

“Ресурсниот центар, кој е прв во регионот, ќе им овозможи на владите и партнерите да споделуваат нови знаења, да промовираат учење и размена на добри практики за тоа како буџетите и фискалните политики еднакво одговараат на потребите на жените и мажите”, рече Блерта Цела, заменичка регионална директорка на UN Women за Европа и Централна Азија.

Родовата еднаквост и еднаквите можности на жените и мажите е еден од приоритетите на Владата на Република Северна Македонија. Во таа насока се и сите активности кои имаат за цел унапредување на законодавството, политиките и стратешките документи кои се однесуваат на оваа област.

loading...

anime websites. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

gogoanime1 GoGoAnime One-Punch Man

watch anime online Naruto: Shippuden

BANANA FISH Episode 23

sites to watch anime GoGoAnime Naruto: Shippuden (Dub)

Fairy Tail