Интервју со Рафајловски: Одлуката на РКЕ за цената на струјата нема да предизвика голем удар врз потрошувачите и ќе ја задржи социјалната стабилност
Интервју со Рафајловски: Одлуката на РКЕ за цената на струјата нема да предизвика голем удар врз потрошувачите и ќе ја задржи социјалната стабилност
АД ЕСМ ПОНУДИ ЦЕНА ОД 48Е/МWh, ЦЕНИТЕ НА БЕРЗИТЕ ДОСТИГНУВААТ ДО 360Е/MWh
АД ЕСМ ПОНУДИ ЦЕНА ОД 48Е/МWh, ЦЕНИТЕ НА БЕРЗИТЕ ДОСТИГНУВААТ ДО 360Е/MWh
(АУДИО) Нефи Усеини пцуе новинарка која го прашува за „спорни“ тендери, ЗНМ го осуди испадот
(АУДИО) Нефи Усеини пцуе новинарка која го прашува за „спорни“ тендери, ЗНМ го осуди испадот
Заменик министер Алиу: Мирното решавање на конфликтите е предуслов за развој на здрава средина
Заменик министер Алиу: Мирното решавање на конфликтите е предуслов за развој на здрава средина
ПРИ СУДАР НА ВОЗ СО КАМИОН ВО МИСУРИ, САД, ЗАГИНАА ТРОЈЦА А РАНЕТИ СЕ 50 ПАТНИЦИ
ПРИ СУДАР НА ВОЗ СО КАМИОН ВО МИСУРИ, САД, ЗАГИНАА ТРОЈЦА А РАНЕТИ СЕ 50 ПАТНИЦИ
(ВИДЕО) Посета на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски на кампот за обука во Лазарополе
(ВИДЕО) Посета на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски на кампот за обука во Лазарополе
Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда
Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда
Претседателот на Собранието Талат Џафери, оствари средба со европратениците, членови на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ
Претседателот на Собранието Талат Џафери, оствари средба со европратениците, членови на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ

Тренчевска: СОНК уценува!

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска смета дека Владата понудила добар процент на зголемување на платите за вработените во образованието и во детските градинки и оти СОНК требало да ја прифати понудата, а наставниците, професорите, негувателите и воспитувачите да се вратат во интерес на децата, нивното згрижување и образование. Одбивањето на понудата, вели таа, е уцена и грижа на Синдикатот за сопствените интереси, а не за интересите на децата.

– Децата веќе втора недела се надвор од градинките што е неприфатливо имајќи предвид дека уставно право на секое дете да има обезбеден пристап до претшколско образование. Решението што го понуди Владата за 10 проценти поголеми плати за воспитувачите и за негувателите, вклучително и за образованието за наставниците, значи просечно 2.500 денари зголемена плата за воспитувачите и 2.000 денари зголемена плата за негувателите. Ако го земеме процентот на зголемување на платите од крајот на 2019 кој изнесува 21 отсто и овие 10 отсто, тоа се 31 отсто зголемување на платите на воспитно згрижувачкиот кадар во детските градинки што сметам дека е добар процент на зголемување на платите особено имајќи предвид денес со економската криза, ценовните кризи, ковид кризата, рече Тренчевска.

Ваквиот предлог, додаде таа требаше да биде прифатен од СОНК, да се вратат наставниците, професорите, воспитувачите и негувателите на работа, да започне за учениците наставата, за малите деца од претшколско образование, згрижувањето и воспитувањето на децата во детските градинки.

– Навистина неприфаќањето на таквото решение не претставува ништо друго туку уцена, грижа за личните интереси на СОНК, а не за интересите на децата и на учениците, рече Тренчевска во одговор на новинарско прашање по посета на Дом за стари лица во Струмица.

Во врска со тоа кои мерки можат да бидат преземени таа вели дека останува можноста да се најдат заменски воспитувачи и негуватели во градинките.

– Во оние општини каде што имаме затворени објекти, каде што има поголем број воспитувачи и негуватели коишто штрајкуваат општините – градоначалниците треба да си ги обезбедат заменските воспитувачи и негуватели за да можат родителите да се вратат на работа, а децата да се згрижат во градинките, рече министерката за труд и социјална политика Тренчевска.

loading...

giải mã md5 go88 go88 inpho go88 đăng nhập

kinh nghiệm chơi tài xỉu sunwin đường link tải sunwin sunwin hop