Интервју со Рафајловски: Одлуката на РКЕ за цената на струјата нема да предизвика голем удар врз потрошувачите и ќе ја задржи социјалната стабилност
Интервју со Рафајловски: Одлуката на РКЕ за цената на струјата нема да предизвика голем удар врз потрошувачите и ќе ја задржи социјалната стабилност
АД ЕСМ ПОНУДИ ЦЕНА ОД 48Е/МWh, ЦЕНИТЕ НА БЕРЗИТЕ ДОСТИГНУВААТ ДО 360Е/MWh
АД ЕСМ ПОНУДИ ЦЕНА ОД 48Е/МWh, ЦЕНИТЕ НА БЕРЗИТЕ ДОСТИГНУВААТ ДО 360Е/MWh
(АУДИО) Нефи Усеини пцуе новинарка која го прашува за „спорни“ тендери, ЗНМ го осуди испадот
(АУДИО) Нефи Усеини пцуе новинарка која го прашува за „спорни“ тендери, ЗНМ го осуди испадот
Заменик министер Алиу: Мирното решавање на конфликтите е предуслов за развој на здрава средина
Заменик министер Алиу: Мирното решавање на конфликтите е предуслов за развој на здрава средина
ПРИ СУДАР НА ВОЗ СО КАМИОН ВО МИСУРИ, САД, ЗАГИНАА ТРОЈЦА А РАНЕТИ СЕ 50 ПАТНИЦИ
ПРИ СУДАР НА ВОЗ СО КАМИОН ВО МИСУРИ, САД, ЗАГИНАА ТРОЈЦА А РАНЕТИ СЕ 50 ПАТНИЦИ
(ВИДЕО) Посета на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски на кампот за обука во Лазарополе
(ВИДЕО) Посета на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски на кампот за обука во Лазарополе
Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда
Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда
Претседателот на Собранието Талат Џафери, оствари средба со европратениците, членови на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ
Претседателот на Собранието Талат Џафери, оствари средба со европратениците, членови на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ

Тренчевска: Соработката меѓу институциите и граѓанскиот сектор е клучна во борбата против насилството, со советувалиштето во Струмица опфатени се сите региони во државата

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска го посети советувалиштето за жени жртви на семејно насилство и нивните деца во Општина Струмица, кој е прв специјализиран сервис во Југоисточниот регион што нуди психосоцијална и бесплатна правна помош за жртвите на насилство. Водно денеска започна и локалната кампања за зголемување на свеста за родово засновано и семејно насилство, која се спроведува од здружението на граѓани „Скај плус’’, во рамки на проектот „Обезбедување бесплатна правна помош и психосоцијална поддршка за најмалку 200 жени припаднички на малцинствата и ранливите групи’’, под водство на ХЕРА – Асоцијација за здравствено образование едукација и истражување, и УН ВОМЕН Скопје, со финансиска поддршка од страна на Европската Унија.

Министерката Тренчевска изрази силна поддршка за воспоставувањето на советувалиштето во Општина Струмица, како форма на превенција, психосцијална поддршка и заштита на жртвите на насилство.

„Со отворањето на советувалиштето во Струмица ги опфаќаме сите плански региони на државата, тие се блиски до граѓаните односно до жените жртви на семејно насилство и нивните деца. Со тоа ја потврдуваме заложбата на Владата и Министерството за труд и социјална политика, и по ратификацијата на Истанбулската конвенција и донесувањето на Законот за спречување и заштита врз жените и семејното насилство дека ќе отвораме на годишно ниво по пет вакви сервиси, потребни за жртвите на насилство, но ќе отвораме и сервиси кои ќе работат со сторителите на семејно насилство, затоа што семејното насилство е комплексен проблем, “ рече Тренчевска.

Градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, истакна дека согласно анализите и статистиките работени од страна на невладиниот сектор кој работи во областа на семејното насилство не само во Струмица туку и регионот, во последните 4 години покажуваат насушна потреба од отворање на Советувалиште за жени и деца, жртви на семејно насилство во Струмица.

„Општина Струмица којашто се повеќе го достигнува својот врв кога станува збор за борбата против родово базирано насилство имаше слух за оваа потреба и го поддржа отворањето на Советувалиштето, како што и го поддржува Шелтер центарот за жени жртви на семејно насилство. Наместо семејства со насилство, посакувам семејства со разбирање, компромиси, почитување, особено во семејства во коишто има деца, тие треба да растат во здрава, стабилна и среќна семејна заедница, “рече Костадинов.

Просторијата во кое е сместено Советувалиштето е обезбедена од страна на Општина Струмица.

Советувалиштето финансиски е поддржано 9 месеци од страна на ХЕРА, а останатите три месеци ќе биде финансиски поддржано од страна на Програмата за еднакви можности на мажите и жените на Општина Струмица.

„Од отворањето на специјализираното советувалиште во декември минатата година, 48 жени кои доживеале насилство бесплатно добиле над 180 услуги за психосоцијална поддршка и правна помош, вклучително жени од рурални средини, жени со попреченост и припаднички на етничките малцинства. Токму тоа потврдува дека колку се попристапни услугите во локалната заедница, толку поохрабрени стануваат жртвите на насилство да побараат помош,“ рече Елизабета Божиноска, програмска директорка на ХЕРА.​
„Една од стратешките цели на УН Вомен е ставањето крај на насилството врз жените и девојчињата. Имплементацијата на Истанбулската Конвенција е клучна во овој процес, исто како и поддршката на граѓанските организации кои работат во оваа област. Во нашиот регион УН Вомен дава поддршка преку регионалната програма Имплементирање на норми, менување на ставови, финансирана од Европската Унија, која се имплементира во Западен Балкан и Турција од 2017 до 2023 год,“ рече Ирена Спирковска од УН ВОМЕН. Таа ја истакна поддршката кон ХЕРА, во спроведувањето на обуки за третман и постапување со жртви на насилство врз жени и семејно насилство кои ги вклучуваат заинтересираните НВО и центрите за социјална работа.

Досега се обучени 28 лица од невладини организации, чија цел е да станат даватели на психосоцијално советување и правна помош според критериумите на Истанбулската Конвенција.

Социјалниот работник, Елена Јовановска од „Скај плус“ се осврна на процесот на помош и поддршка кој се остварува преку одржување редовни средби на индивидуално ниво или група и по нивно претходно закажување.

„Советувалиштето преставува прв специјализиран вид на советувалиште кое нуди директна психосоцијална поддршка и третман за сите жртви на семејно насилство кои се подготвени да го прекинат кругот на насилство и да го променат дотогашниот начин на живеење. Тоа е специјализирана форма на помош од страна на професионалци кои ја водат жртвата низ процесот зајакнувајќи ја нејзината независност во донесувањето на вистински одлуки. Советувалиштето нуди повеќе видови на помош и тоа во домените на превенција, советување и кризна или посттрауматска интервенција,“рече Јовановска.

loading...

bài go88

download sunwin pc