Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
На младите им треба психолошка поддршка, која нема да трае само 15 минути
На младите им треба психолошка поддршка, која нема да трае само 15 минути
Град Скопје ќе доделува годишни стипендии од 24.000 денари за спортисти-средношколци
Град Скопје ќе доделува годишни стипендии од 24.000 денари за спортисти-средношколци
ЛИТАР ГОРИВО ВО ЕУ НАБЛИЖУВА КОН ТРИ ЕВРА: Најскап бензин возат Финците, но и во Грција е скоро 2 и пол евра
ЛИТАР ГОРИВО ВО ЕУ НАБЛИЖУВА КОН ТРИ ЕВРА: Најскап бензин возат Финците, но и во Грција е скоро 2 и пол евра
И Холандија го активира антикризниот план, ги вклучува термоелектраните
И Холандија го активира антикризниот план, ги вклучува термоелектраните
Петар Колев: Доколку Македонија не ја прифати подадената рака на Бугарија ќе биде целосно изолирана
Петар Колев: Доколку Македонија не ја прифати подадената рака на Бугарија ќе биде целосно изолирана

Тренчевска: Во интерес на сите пензионери ќе го промениме системот на усогласување на пензиите

Mинистерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во денешното интервју на ТВ 24 рече дека подобрувањето на квалитетот на живот на пензионерите е врвен приоритет и затоа зголемувањето на пензиите е дел од новата владина програма 2022-2024.

„Наша цел е во првиот квартал од годината да отвориме експертската дебата за промена на системот за усогласување на пензиите соодветен за сите пензионери на која ќе ги слушнеме и предлозите на Здружението на пензионери. Јануарската пензија нашите пензионери ја добија со 2,9% зголемување, односно просечната пензија се зголеми за околу 500 денари, од 15.876 денари , сега во моментот изнесува 16.336 денари. Следното усогласување кое ќе зависи од стапката на индексот на порастот на трошоците на живот ќе го имаме со исплатата на јулските пензии. Работиме и на проекции за дополнително покачување на пензиите, за да го подобриме квалитетот на пензионерскиот живот на 329.000 пензионери“, рече министерката Тренчевска.

Министерката Тренчевска во интервјуто потенцираше дека пензискиот систем е ефикасен и стабилен.

„Главен извор за финансирање на Пензискиот фонд е приливот од придонесите, што значи дека зголемувањето од 6,3%, минатата година, во однос на претходната година навистина укажува дека имаме стабилен пензиски систем кој се полни од придонеси. Најважно е што трансферот од централниот буџет кон Фондот,секоја година се намалува, што исто така укажува дека имаме стабилен пензиски систем, бидејќи Фондот сам генерира приходи. Тоа пак, значи дека се отвораат нови работни места за кој се плаќаат придонеси, и на тој начин се полни пензискиот фонд“, рече Тренчевска.

Од буџет на Министерството кој изнесува 50, 6 милјарди денари за 2022 година, се одвојуваат пари за пензии, социјални надоместоци, права на социјална и детска заштита и за активните мерки за вработување.

loading...

go88 ơk go88 thiên đường online mod go88

https://sunwin.fan/