БРАВО: Камчев синоќа сам се пријавил во затвор, ќе лежи 1 година, откако плати оштета 5 милиони евра на државата
БРАВО: Камчев синоќа сам се пријавил во затвор, ќе лежи 1 година, откако плати оштета 5 милиони евра на државата
Османи: Бугарија може да има каков сака став за македонскиот јазик, тоа е нивни проблем, се додека тоа не е дел од политиката на ЕУ
Османи: Бугарија може да има каков сака став за македонскиот јазик, тоа е нивни проблем, се додека тоа не е дел од политиката на ЕУ
(ВИДЕО) Безбедно лето: „Носи кацига, вози одговорно!“- значително намален бројот на жртви на сообраќајниците
(ВИДЕО) Безбедно лето: „Носи кацига, вози одговорно!“- значително намален бројот на жртви на сообраќајниците
ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ ДОБИ НАЈГОЛЕМ КОМПЛИМЕНТ - ХОРХЕ ФИКУС ПАЉУРСКИ СЕ ЈАВИ И ГО ИСПЛУКА, НЕ МУ ТРЕБАЛА ЕУ, ОН СИ ИМАЛ ДОЖИВОТНА ПЕНЗИЈА ОД 100 000 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО ОД НАРОДНИТЕ ПАРИ!
ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ ДОБИ НАЈГОЛЕМ КОМПЛИМЕНТ - ХОРХЕ ФИКУС ПАЉУРСКИ СЕ ЈАВИ И ГО ИСПЛУКА, НЕ МУ ТРЕБАЛА ЕУ, ОН СИ ИМАЛ ДОЖИВОТНА ПЕНЗИЈА ОД 100 000 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО ОД НАРОДНИТЕ ПАРИ!
Германската министерка за надворешни, Бербок: Не смееме повеќе да губиме време на Западен Балкан
Германската министерка за надворешни, Бербок: Не смееме повеќе да губиме време на Западен Балкан
БОМБА НА ЕФТОВ: МИЦКОВСКИ ИМ НУДИ НА САД И ЕУ ПОДДРШКА ЗА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ ВО ЗАМЕНА ЗА АМНЕСТИЈА ЗА ПАРТИСКАТА ЗГРАДА И ДЕЛЧЕВСКИТЕ НИВИ
БОМБА НА ЕФТОВ: МИЦКОВСКИ ИМ НУДИ НА САД И ЕУ ПОДДРШКА ЗА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ ВО ЗАМЕНА ЗА АМНЕСТИЈА ЗА ПАРТИСКАТА ЗГРАДА И ДЕЛЧЕВСКИТЕ НИВИ
БОМБА НА ЕФТОВ: Ни се случува тешка перверзија овие денови, анти бугарска хистерија шири Антонио Милошоски кој го нарече Блаже Конески џуџето од Небрегово, а анти геј протести ни организира Илче Халкидики

ВМРО-НП: Во францускиот предлог нема ништо што го загрозува македонскиот јазик и идентитет
ВМРО-НП: Во францускиот предлог нема ништо што го загрозува македонскиот јазик и идентитет

Тренчевска во интервју за Алсат ТВ: Со новото законско решение за мобинг ќе ги охрабриме работниците безбедно да пријавуваат вознемирување на работното место

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во интервју за Алсат ТВ, информираше дека Министерството во моментот работи на измени и дополнување на Законот за заштита од вознемирување на работното место. Според неа целта на измените се работниците да бидат што повеќе охрабрени да пријавуваат мобинг на работното место.

„Работиме на измени и дополнувања за јакнење на заштитниот механизам на работниците. Моменталното решение не нуди поголема заштита. Поради тој аспект одиме на промена на ова законско решение. Во моментов воспоставената Комисија за заштита од дискриминација има можност да постапува во случај на пријава на мобинг. Комисијата има надлежност и можност да истражува, да доаѓа до докази кои ќе одат во прилог на едната или на другата страна, рече министерката Тренчевска.

Тренчевска посочи и дека Владата постојано презема конкретни чекори за воспоставување на сеопфатен и ефикасен систем за превенција и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.

„Министерството за труд и социјална политика води збирни податоци за жртви на семејно насилство. Од јануари до септември, 863 жртви се жени, 215 се мажи и 153 се деца. Сторителите во најголемиот број на случаите се мажи. Нашата интенција е до крајот на нашиот мандат да воспоставиме во речиси сите градови советувалишта и Центри за заштита. Со буџетот за оваа година планираме да отовриме уште пет советувалишта и тоа во Кичево, Гостивар и Куманово. Во моментот постојат и функционираат 13 Центри за жртви на семејно насилство и родово базирано насилство (засолништа/кризни центри). Од нив 8 се воспоставени од МТСП. Дел од другите сервиси се финансирани од МТСП а се менаџирани од граѓанска организација. Исто така имаме 10 советувалишта за жени жртви на насилство и семејно насилство, од кои 8 се на МТСП едно е финансирано од нашето министерство а го менаџира граѓанска организација и имаме уште едно кое го финансира локалната заедница. Како Министерство имаме воспоставено и 9 советувалишта за психосоцијален третман за сторители на семејно насилство и уште три Кризни центри за жртви на сексуално насилство“, рече Тренчевска.

Тренчевска посочи дека главната цел на овие Центри е да ги заштитат жртвите и да им овозможат самостојно да продолжат со својот живот, да најдат вработување, егзистенција и да продолжат да живеат самостоен, спокоен, независен живот.

loading...

go88 info play go88 không rút được tiền Tải Go88 | Go88.com - Thiên đường giải trí online

https://sunwin.gg/