АНТИ ВАКСЕРИТЕ ЌЕ ГО УНИШТАТ И ОВА ЛЕТО: За 65% зголемен бројот на ново заразени во однос на минатата недела!
АНТИ ВАКСЕРИТЕ ЌЕ ГО УНИШТАТ И ОВА ЛЕТО: За 65% зголемен бројот на ново заразени во однос на минатата недела!
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА КОСТАДИНОВ ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА БОРИС ТРАЈКОВСКИ
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА КОСТАДИНОВ ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА БОРИС ТРАЈКОВСКИ
Блинкен: Војната на Русија ќе доведе до глад 40 до 50 милиони луѓе
Блинкен: Војната на Русија ќе доведе до глад 40 до 50 милиони луѓе
Бројот на починати мигранти во камионот во Сан Антонио достигна 51
Бројот на починати мигранти во камионот во Сан Антонио достигна 51
СРАМНО И БЕДНО - СЕ ПЛАШИ ДА НЕ ГИ НАЛУТИ РУСОФИЛИТЕ: МИЦКОВСКИ ЧЕТИРИ МЕСЕЦА НЕМА УСТА ОТВОРЕНО ЗА УКРАИНА, КАКО ДА ВОЈНАТА ВООПШТО НЕ СЕ СЛУЧУВА!
СРАМНО И БЕДНО - СЕ ПЛАШИ ДА НЕ ГИ НАЛУТИ РУСОФИЛИТЕ: МИЦКОВСКИ ЧЕТИРИ МЕСЕЦА НЕМА УСТА ОТВОРЕНО ЗА УКРАИНА, КАКО ДА ВОЈНАТА ВООПШТО НЕ СЕ СЛУЧУВА!
Пендаровски: Во целост да го поддржиме украинскиот народ во одбраната на нивната територија
Пендаровски: Во целост да го поддржиме украинскиот народ во одбраната на нивната територија
Започна Самитот на НАТО во Мадрид, за безбедноста задолжени над 10.000 полицајци
Започна Самитот на НАТО во Мадрид, за безбедноста задолжени над 10.000 полицајци
Макрон го осуди апсурднотo утврдување на цената на струјата во Европа со цената гасот
Макрон го осуди апсурднотo утврдување на цената на струјата во Европа со цената гасот

Тренчевска: Заедно ќе работиме на решение за прашањето за родителско отсуство и боледување на земјоделките и земјоделците

Во Министерството за труд и социјална политика денеска се одржа состанок со работната група во чиј состав се претставници на граѓански организации, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за здравство, УЈП, ПИОМ, Агенција за финансиска поддршка за земјоделство и рурален развој и Националната федерација на фармери, поддржана од Шведската организација за развој Wе Effect. Формирањето на оваа работна група има за цел изнаоѓање на правен механизам за остварување на платено родителско отсуство и боледување на регистрираните земјоделки и земјоделци, на иницијатива на Националната федерација на фармери.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска го поздрави формирањето на работната група која ќе работи на изнаоѓање на најсоодветно решение за ова важно прашање , кое ќе се заснова на принципите на владеење на правото, недискриминација и остварување на концептот на социјална држава.

„Верувам дека ќе пронајдеме соодветен правен механизам за остварување на правото за користење на платено родителско отсуство и боледување за регистрираните земјоделки и земјоделци, како и заштита од негова злоупотреба, а во насока на поголема мотивираност на руралните жени да ја регистрираат својата дејност,“ рече министерката Тренчевска.

Таа ја истакна својата поддршка на работната група и изрази уверување за успешно решавање на ова прашање, со што ќе бидат потврдени заедничките заложби за унапредување на положбата на руралната жена во општеството.

Министерството за труд и социјална политика со прифаќање на амандман оваа иницијатива ја инкорпорира во стратешките цели на Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027 која е во собраниска процедура и истата ќе биде дел од Акцискиот план за родова еднаквост 2022-2024.

loading...

mod go88 nạp go88 không nhận được tiền go88 đổi tên miền

https://sunwin.fan/