ГРАД СКОПЈЕ: Целосно реконструирани вело патеки и формиран нов зелен појас од над 16.000 квадратни метри на булеварот Видое Смилевски Бато и булеварот Србија
ГРАД СКОПЈЕ: Целосно реконструирани вело патеки и формиран нов зелен појас од над 16.000 квадратни метри на булеварот Видое Смилевски Бато и булеварот Србија
Пронајдена дрога, приведени тројца дилери во Битола, Приведен гостиварец по распишана централна потерница
Пронајдена дрога, приведени тројца дилери во Битола, Приведен гостиварец по распишана централна потерница
Сметките за струја ќе пораснат, ЕСМ понуди повисока цена
Сметките за струја ќе пораснат, ЕСМ понуди повисока цена
Парадата на гордоста во Скопје ќе започне со пристигнување на учесниците од 17:00 до 19:00 часот во паркот „Жена-борец“ (спроти Собрание на РСМ), потоа ќе има марш по улиците и концерт на стадионот на АРМ

ВОЗИМЕ КАКО МАНИЈАЦИ - МВР: 292 санкции за возачи што возеле пребрзо, 168 сообраќајни прекршоци во Скопје: 49 за пребрзо возење
ВОЗИМЕ КАКО МАНИЈАЦИ - МВР: 292 санкции за возачи што возеле пребрзо, 168 сообраќајни прекршоци во Скопје: 49 за пребрзо возење
Бугарските барања се напад на македонската нација, смета Фуере
Бугарските барања се напад на македонската нација, смета Фуере
Османи: Македонскиот јазик станува еден од 25-те јазици на ЕУ
Османи: Македонскиот јазик станува еден од 25-те јазици на ЕУ
Двајца загинати и 19 повредени во пукање во ноќен клуб во Осло
Двајца загинати и 19 повредени во пукање во ноќен клуб во Осло

Три домашни компании искажале интерес за учество на новиот тендер на АЕК за 5Г

Неотел, А1 Македонија и Македонски Телеком до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) доставиле писма за искажување интерес на објавената намера за спроведување постапка на јавен тендер со јавно нададавање.

АЕК на 6 април објави намера за спроведување постапка за тендерот, а јавната расправа за таа намена траеше до 13. месецов.

-По завршувањето на јавната расправа до АЕК пристигнаа Писма за искажување интерес од следниве заинтересирани страни: Неотел-за Одобренија: В41, В44, В45 и В46, А1 Македонија- за Одобренија: А3 и В2 и Македонски Телеком-за Одобренија: А2 и В3. Во прилог на Писмата за искажување на интерес, заинтересираните страни доставија и предлози и коментари по однос на јавната расправа за Намерата, објавија од АЕК.

На 25 ноември лани АЕК објави тендер за доделување одобренија за користење радиофрекфенции за петтата мобилна генерација 5Г, но беше прекинат по постапката на Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) откако беше поднесена претставка на една од заинтересираните страни, во која се тврди дека со дел од понудените услови за влез на нов мрежен оператор се нарушува конкуренцијата на пазарот.

Со намерата од 1 јуни лани надоместите за фрекфенцискиот опсег од 700 MHz А1 и Б1, кои се однесуваат на нов оператор, се зголемени од три милиони евра на 5,25 милиони евра, односно од 1,5 милиони евра на 2,9 милиони евра.

Во пресрет на претходниот тендер писма за интерес за учество по објавата на АЕК на 1 јуни годинава доставија компаниите Неотел, Битстрим Мобиле, Македонски телеком и А1 Македонија.

Тогаш Неотел достави писмо со интерес за одобренија: В41, В44, В45 и В46, Битстрим Мобиле-за одобренија А1 и В1, А1 Македонија- за одобренија: А2, А3, В2 и В3, а Македонски Телеком-за Одобренија: В2, А2 и/или А3.

Број на активни претплатници во мобилна телефонија заклучно со крајот на 2021 година изнесуваше 1.941.352. Последната анкета на АЕК покажува дека најголем дел од корисниците на мобилната телефонија или 96,3 проценти имаат паметни телефони, додека мобилен интернет користат 91,6 проценти. Три четвртини од корисниците користат апликации за гледање видео клипови или филмови, додека приближно 99 проценти или речиси сите корисници кои користат мобилен интернет, користат апликации за комуникација. Најчесто користени апликации за комуникација се Viber (97 проценти од корисниците) и Facebook Messenger (96 проценти од корисниците.

loading...

danh bai go88 hỗ trợ go88 go88 đăng ký

https://sunwin.fan/