Исус имал среќа
Да биле Хер Флик, Лигњата, Калајџиев, Кикифрики и Мицко во времето на Понтие Пилат, Исус не би бил распнат. Во семакедонскиот шпалир по Голгота божјиот син би останал без крстот. Сто посто би му го украле. Со се круната од бодликава тел. Пилат би бил обвинет за прогон на политичките противници, а Кикифрики и Калајџифрики би докажале дека Каифа и гувернерот немаат докази против Џошуа.
Со директни преноси на сите телевизии, портали и профили. Македонија и светот би останале без вера и цивилизација, но, јебеш вера и цивилизација, нашиот драг Исусек би бил спасен.
Воопшто не би морал да воскреснува.
Денеска јајцата не би ги чукале.
Само би ги чешале.