двајцата врвни агенти на злото се во бегство, главниот агент е повеќе во судот отколку во својот хотел, шефот на целата таа парада на безумието, е осуден на две години и е во бегство, комплетниот врв на злосторничката инсталација е в затвор или е во бегство или чека пресуди. Имаме основи да се надеваме, затоа што имаме злодела, дека и двократниот претседател на злото, ќе дојде на ред.
Не би рекол дека нема правда нема мир во Северна Македонија.
Така!?
Има и правда, има и мир. Мирот е премногу мирен и тоа е причината што не го забележуваме, а правдата е вообичаено бавна, но достижна, таа никогаш не е апсолутна, затоа што апсолутот е божествена цел која како и се божествено е недостижно како крај, но достижно е како процес кој се стреми кон таа цел. Македонија е како каца со комења, институциите се тука да го мешаат грозјето, а мушичките на јавноста да го ферментираат.
Виното е понекогаш киселкасто, понекогаш е преслатко, но општо земемо го поправаме, еве, стигнуваат и меѓународни признанија. Сведоци сме, сакам да кажам на две работи: на казнување на злосторничката инсталација на вмрото, која и нанесе на државата и на луѓето нестварни штети и на на бавната рехабилитација на системите кои треба да го процесуираат злото. Не само на вмро, туку од која било страна да доаѓа. И тие тоа го прават. Тоа се големи остварувања на патот кон Европа.
На таков фон пресовите на последниот остаток на злото, на кои Жмицко повикува на борба против мафијата и бара тој, како врвен претставник на злото, да именува јавен обвинител, делуваат гротескно и предизвикуваат загриженост за здравјето на човекот.
Велат дека во градинката “Македонче” во Кукуш, учителката го прашала Гоцета дали тој и Жмицко се од иста националност, а Делчев рекол:
“Не, учителке, јас сум македонски бугарин, а тој е ништо!”
Хахаха!