ИНТЕРЕСНА СЛУЧАЈНОСТ: ВО ИСТ ДЕН НА ДВЕ ТЕЛЕВИЗИИ ГОСТУВА ИСТ РЕЛИГИСКИ ЕКСПЕРТ НА ТЕМА МПЦ СПЦ
ИНТЕРЕСНА СЛУЧАЈНОСТ: ВО ИСТ ДЕН НА ДВЕ ТЕЛЕВИЗИИ ГОСТУВА ИСТ РЕЛИГИСКИ ЕКСПЕРТ НА ТЕМА МПЦ СПЦ
БОМБА НА ХАРИ КОСТОВ: ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ НА МЛАДИТЕ ПОД 30 ГОДИНИ ДА СЕ БАВАТ СО ПОЛИТИКА, НАМЕСТО ДА ЛЕПАТ ПЛАКАТИ И ДА ЧЕКАТ ПАРТИИТЕ ДА ГИ УХЛЕБАТ ДА УЧАТ ДА ЗАРАБОТАТ ПАРИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
БОМБА НА ХАРИ КОСТОВ: ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ НА МЛАДИТЕ ПОД 30 ГОДИНИ ДА СЕ БАВАТ СО ПОЛИТИКА, НАМЕСТО ДА ЛЕПАТ ПЛАКАТИ И ДА ЧЕКАТ ПАРТИИТЕ ДА ГИ УХЛЕБАТ ДА УЧАТ ДА ЗАРАБОТАТ ПАРИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи
Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи
ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје
ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје
Трајанов: САД ќе ги седнат С. Македонија и Бугарија на иста маса
Трајанов: САД ќе ги седнат С. Македонија и Бугарија на иста маса
АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАЛАТА НИЛ НАСУФОСКИ
АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАЛАТА НИЛ НАСУФОСКИ
Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат

ТРИЧКО НАЦИОНАЛЕ: Господине претседателе Пендаровски, имам впечаток дека вчера направивте обид да ја навлечете нацијата да направи чекор назад во однос на позициите што ги освои Заев, во правец на котите што ги сугерираат некои академици и ебиветри маскирани во политички лидери или лидери со коњски лопатки на главата, штета!

Црвените линии се јаже за бесење

Пишува:Бранко Тричковски, фб

Слушајки го Пендаровски во Собранието, на ум ми дојде Анри де Монтерлан. Добив впечаток дека претседателот зел една теза од филозофскиот концептот на овој бриљантен ум, но самиот концепт го фрлил во првата канта за ѓубре на патот од бесмислената хациенда на Водно, до не помалку обесмислениот Парламент.
Ми се виде дека откинатото парченце на Минтерлан е компресорот на кој претседателот го напумпал својот говор.

Оди вака:
“Добро е тоа правило на однесување, да се направи така што секогаш да се раѓа некоја пријатност од поразот на кој се надеваме: да си замислиме, на пример, колку сјајни работи ќе направиме оваа попладне ако младата особа што ја очекуваме не дојде.”

Хахаха!

Во филозофијата на Монтерлан, меѓутоа, има сложености, испрекршености и апсурди кои му се многу попотребни на македонскиот дух. Дострели со кои може да ја скрши бинарната филозофија на доброто и лошото што го конституира на прилично ниско, да не речам, просто односно на премногу ограничено ниво и што еве сега, како не знам кој по ред претседател, му ја сугерира Пендаровски. И да одбие да излезе на патеката на која го повикува тој.
“Светот во исто време е толку простран и така полн со скриени катчиња што се потребни повеќе проектори расфрлани на разни “точки на гледањето” за да го стават под осветлување кое не би го открило премногу.”
Ние го одбиваме тој поглед на светот, тие сложености и парадокси, ние одбиваме да бидеме само еден од рефлекторите и да дозволиме дека и нашата светлина и светлината на Бугатија и сите други светлини што зрачат од “различни точки на гледањето”, нема да го откријат премногу.

И дека е добро што нема да го откријат.
Нашата тема, господине претседателе, не е идентитетот, особено не во значењата во кои вие го дефинирате, демек не ни треба Европа ако на тој пат ни се загрозува идентитетот, туку како да излеземе од тој кафез, како да го напуштиме тоа стојалиште за идентитетот како бесмислено, опасно и штетно, како да излеземе од ропството на идентитетот и идентитетот да го направиме погонско гориво за нашето патување во иднината.
Тоа е малку посложена задача, признавам.
Нашата драма не ја произведуваат нападите врз македонскиот идентитет, туку немоќта на Македонците, на највидните и најучените Македонци, да ја осветлат темата и парчиња од светот со други рефлектори, поставени на други коти.

Црвени линии.
Па какви се оваа метафори.
Што ќе правиме со црвените линии.
Јас ве уверувам дека е близу денот кога ќе посакаме да си ги напикаме во задниот отвор. Или во предниот сеедно. Да ги изедеме од мака што воопшто сме ги поставувале. Низ една парафраза на Монтерлан би можело да се каже дека нема смисла на светот да му ја даваме нашата смисла ако тој нема никаква смисла. Дури ни бугарска. Црвените линии, бидете убедени, се инструмент за максимирање на штетата. Јаже за бесење на Македонија. Дури, ако сакате, и на македонскиот идентитет.

Рековте:
“Во врска со блокадата на европските интеграции сакам да се реферирам и на една теза која ја слушаме во последно време, а тоа е дека пролонгираната состојба на статус кво, наводно, може да предизвика безбедносна дестабилизација на државата.”
Па се рефериравте на нашето членството во НАТО и на членството на трите соседи. Но, откако повторивте дека нашите граѓани можат да бидат спокојни, и ако блокадата потрае, и дека не ни се заканува никаква безбедносна дестабилизација независно од бројот на нон-пејпери кои некои упорно ги лиферуваат, кажавте еден своевиден демант на претходниот став:
“Меѓутоа, можно е нешто друго. Искуството по НАТО самитот во Букурешт 2008-та нè учи дека е можно демократско назадување и облици на авторитарно и популистичко владеење на поединец, група или партија.
Но, одговорноста за таков евентуален развој на настаните нема да лежи кај нашите граѓани, туку кај нас – политичарите. Ние мораме да покажеме дека конечно ги имаме научено трагичните лекции од нашето скорешно минато кога бевме на самиот раб на поширок граѓански судир.”

Тоа што граѓаните нема да бидат одговорни односно тоа што вие политичарите ќе бидете одговорни, тоа е, како да ви кажам, одвратна демагогија.
Не е убаво да раскажувате такви бајки за стабилноста и безбедноста, затоа што стабилноста и безбедноста можат да се разоруваат на многу софистицирани начини од надвор, дури и од земји членки на НАТО, да не говориме за други аспиранти и интересовни конфигурации и тоа, всушност, многу интензивно се случува, а од внатре по многу линии и основи кои без фокусот на Унијата ќе се разлеат во едно обезморализирано, обесхрабрено општество, без елементарна кохезија и вредносна и политичка ориентација. По социјална, верска, етничка, културна и други линии. Таа дестабилизиција е пострашна од дестабилизацијата што можат да ја направат сите тенкови и ракети на Балканот.

Според тоа, мојата сугестија е продлабочена анализа на историскиот момент, на ситуацијата и на процесите, од аспекти кои се над или се вон констелациите и капацитетите на македонскиот дух, поход кон нови и храбри решенија, кон сферите на апсурдите, напуштање на праволинискоста, разбирање на идентитетот како многу посложен феномен, никакви црвени линии.

Имам впечаток дека вчера направивте обид да ја навлечете нацијата да направи чекор назад во однос на позициите што ги освои Заев. Во правец на котите што ги сугерираат некои академици и ебиветри маскирани во политички лидери или лидери со коњски лопатки на главата.

Штета.

loading...

free anime online. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

animes online Attack on Titan Final Season (Dub)

anime sites Tokyo Ghoul

One Piece Episode 1002

watch anime free Tokyo Ghoul

watch anime SK8 the Infinity (Dub)