Тензии на косовско-српската граница поради регистерски таблички
Тензии на косовско-српската граница поради регистерски таблички
(ВИДЕО) ПОЧНА ДУЕЛОТ НА КАНАЛ 5: ЗАЕВ И МИЦКОВСКИ ВО ПРЕДИЗБОРНО СООЧУВАЊЕ
(ВИДЕО) ПОЧНА ДУЕЛОТ НА КАНАЛ 5: ЗАЕВ И МИЦКОВСКИ ВО ПРЕДИЗБОРНО СООЧУВАЊЕ
ГРАД СКОПЈЕ ПРВ ВО РЕГИОНОТ СО СТРАТЕШКИ ПЛАН ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИЦИ ОД КАТАСТРОФИ
ГРАД СКОПЈЕ ПРВ ВО РЕГИОНОТ СО СТРАТЕШКИ ПЛАН ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИЦИ ОД КАТАСТРОФИ
(ВИДЕО) Општина Ѓорче Петров одбележува 25 години самостојна локална самоуправа
(ВИДЕО) Општина Ѓорче Петров одбележува 25 години самостојна локална самоуправа
(ВИДЕО) МЕНАЏЕР ЗА ПРИМЕР: ЖИВКО МУКАЕТОВ СЕ ПОКЛОНИ ПРЕД СИТЕ СЕГАШНИ И ПОРАНЕШНИ ВРАБОТЕНИ НА ФАРМАЦЕВТСКИОТ ГИГАНТ АЛКАЛОИД КОЈ СЛАВИ 85 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ
(ВИДЕО) МЕНАЏЕР ЗА ПРИМЕР: ЖИВКО МУКАЕТОВ СЕ ПОКЛОНИ ПРЕД СИТЕ СЕГАШНИ И ПОРАНЕШНИ ВРАБОТЕНИ НА ФАРМАЦЕВТСКИОТ ГИГАНТ АЛКАЛОИД КОЈ СЛАВИ 85 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ
(ВИДЕО) „АЛКАЛОИД“ слави 85-години јубилеј: Нашите брендови се супериорни, рамо до рамо со светските!
(ВИДЕО) „АЛКАЛОИД“ слави 85-години јубилеј: Нашите брендови се супериорни, рамо до рамо со светските!
(ВИДЕО) ПОВЕЌЕ ПОРТАЛИ И НОВИНАРИ ЈА ИЗВРТУВААТ ДЕНЕШНАТА ИЗЈАВА НА ПРЕМИЕРОТ, СЛУШНЕТЕ ЈА САМИТЕ И ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА НЕ СЕ ТОЧНИ МАНИПУЛАЦИИТЕ
(ВИДЕО) ПОВЕЌЕ ПОРТАЛИ И НОВИНАРИ ЈА ИЗВРТУВААТ ДЕНЕШНАТА ИЗЈАВА НА ПРЕМИЕРОТ, СЛУШНЕТЕ ЈА САМИТЕ И ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА НЕ СЕ ТОЧНИ МАНИПУЛАЦИИТЕ
(ВИДЕО) Влада: Премиерот беше прецизен, банално е прашањето дали нема поспособен од него во СДСМ, а не прашањата за несреќата и моралните оставки
(ВИДЕО) Влада: Премиерот беше прецизен, банално е прашањето дали нема поспособен од него во СДСМ, а не прашањата за несреќата и моралните оставки

ТРИЧКО НАЦИОНАЛЕ: Има нешто фашистичко во македонскиот антифашизам

* реклами ——————————————————————————————————————————————-

—————————————————————————————————————————————————–

Фашистички антифашизам
Пишува: Бранко Тричковски

Има нешто фашистичко во македонскиот антифашизам.
Кој вчера истрча на терен со сите дивизии и се нареди во борбена формација против Заев.
Јас би рекол: и против здравиот разум.
Но, не затоа што го прочитаа премиерот како фашист.

Туку затоа што низ една крајно добронамерна и благородна интонација, во интервјуто за БГНЕС, човекот си дозволи да повика да се урнат сите пречки што стојат на патот на добрите пријателски односи со Бугарија, вклучувајки ги и стереотипите и лошата атмосфера што во тој поглед ја влечеме уште од Југославија.

За класичниот Македонец од лева провиниенција, тоа е смртен грев. Затоа што кога на таа личност ќе и го изместите стојниот камен на бугарскиот фашизам, таа останува да лебди како глуварче.
А за класичниот Македонец од десна провиниенција, односно за митоманското суштество без национално самосознание, за тој препариран гавран напумпан со слама од глупави митови, тоа е повод да излезе и да се бори за власт, понеже јасно гледа дека развојот на ситуацијата во правецот во кој ја турка Заев, му ја одзема комплетната историска мисија и смисла.
И што е тука, ќе се прашате, фашистичко?
Исклучивоста, драги мои.

* реклами —————————————————————————————————————————————–

————————————————————————————————————————————————————

Исклучивоста на која се калеми омраза.
Менталниот бетон.
Неспремноста да се направи исчекор од својот свет во пресрет на непријателот од нашите проекции.
Со потсвесно смирување на совеста во стравот од губење на смислата.
На идентитетот.

Кој курац се Македонците, ако Бугарите не се фашисти.
Како воопшто ќе знаеме дека сме Македонци.
И за кој ѓавол ќе бидеме Македонци ако немаме некој на кој ќе ја вежбаме својата супериорност.
А има ли подобар објект за таа вежба од Бугаринот фашист.
Така гласи таа мантра во потсвеста на луѓето кои излегоа вчера да поплукаат малку во својот двор.
Тажно и опасно.

* реклами —————————————————————————————————————————————

————————————————————————————————————————————————-

И срамно.
И затоа мислам дека е добро да ја разглобиме малку таа тема.
Антифашизмот е нешто како мултитлон.
Во првата етапа имате пливање, во втората возење на точак, во третата трчање, во четвртата искачување по скалите на некој небодер, во петтата скокање со параглајдер, во шестата антифашистите влегуваат во убави автомобили и се тркаат, итн.
Мултитлонот нема крај.

Македонецот антифашист, меѓутоа, не сака да излезе од водата. Тој сака цело време да плива. Неќе да се пентери, да скока и да се трка.
Со таков еднодимензионален антифашизам секој момент може да биде дискваилификуван.
Само трпението на судиите го држи во лигата на нациите.
Сакам да кажам дека антифашизмот се претвора во поза, дури во одвратна и опасна поза, ако не ги следи промените на контекстите, внатре и надвор. Што во нашиот случај е страшно силно изразено. Антифашистот од овој тип е како човек кој отишол да сере во полскиот нужник и со спуштени гаќи и панталони излегува не во својот двор туку на автопатот со кој во мрѓувреме времето му го пресекло светот.

* реклами ——————————————————————————————————————————————-

———————————————————————————————————————————————————

Еве за што се работи.
Македонија е родена како државен и национален проект во рамките на југословенскиот проект. Кој доживеа историски пораз. Исчезна. Се растопи на врелината на новото време во национални и националистички бантустани, самоуништувачки формации, од аспект на нациите на кои се повикуваат. Тоа е многу важна промена која ни налага да престанеме да се однесуваме како да не се случила. Ние немаме предјугословенска формација во која би се вратиле, ниту можеме да стоиме в место, потпрени на својот антифашизам и претставата за моралната супериорност на жртвата-победник. Југославија не разделувала. Тоа била скандалозна изјава. Па, не разделувала, како не не разделувала, со тоа што тоа разделување било добро за конституирањето на новата македонска нација и држава, но уште повеќе не разделувала Бугарија, со својот сталинистички живковизам.
Што фали тие работи да ги надминеме.

Втората грандиозна промена е внатрешната девастација и деградација на антифашизмот и на антифашистичките придобивки. Им дозволивме на домашните лудаци во еден страшен налет, да ги урнат антифашистичките спомени и споменици, да ги исфрлат на улица антифашистичките генерали, команданти и политички комесари, (се сеќавате на епизодата со Сојузот на борците и нивното седиште во Инвалидски дом), и, на крајот, им дозволивме на нив, како цивилни сервисери на тие што ги сметавме за фашистички окупатори, да бидат власт и најголема опозициска структура во Македонија.
Триесет години.
Со сето свое бугарско педигре.
Па, како е тоа можно.

* реклами ——————————————————————————————————————————————-

—————————————————————————————————————————————————

Односно како е тоа можно заедно со ова што вчера стана можно, како одеднаш луѓе, граѓани и некои групи, решија да не го даваат антифашизмот што еднаш, односно неколку пати, веќе го дадоа?
И му се испомочаа.
На најбесрамен начин.
На тоа доаѓа фашизмот на тие исфрлувачи на Македонија од нејзиното антифашистичко седло. Кој доаѓа во пакет со нивната дефиниција за македонското национално единство ( дестилиран фашизам) со паролата “Македонија на Македонците”, со паролите “Шиптари за сапуни”, со паролите за еден народ, еден водач, една црква итн. Имаше, не е дека немаше, некои рекции, но тие беа со многу внимание да не се наруши вморонската фашистичка симфонија.

Третата промена се однесува на регионалниот и европскиот контекст.
Државата против која ние, со помош на сега мртвата Југославија, го бевме покренале својот антифашизам, демек фашистичка Бугарија, денеска е членка на Европската унија. Формација која во своето правно и културно наследство го има антифашизмот на најистакнато место. Заедно со Унгарија и Романија, уште две фашистички држави на времето и со Италија како основоположник и на Унијата и на фашизмот. За Шпанија да не зборувам.

* реклами —————————————————————————————————————————————–

—————————————————————————————————————————————————

Нафрлајки се врз Заев, ние се нафрламе врз политиката на Европската унија. И забележуваме на Меркел зошто пропуштила да дојде во Скопје да и каже Македонија за децата од Ваташа пред да ја примат Бугарија..

Како и да е Бугарија е во најрелевантното антифашистичко друштво, а ние сме под џамот на Заев и плукаме кратко, плунката ни паѓа на чевлите, далеку е возот по
кој мислиме дека плукаме, а далеку е и Заев.

И третата работа е многу важна: Смислата на времето, на процесите, на играта, работи кои одбиваме да ги прочитаме и осознаеме, имено поради немоќта да ги ослободиме нозете и мозокот од фиксациите на минатото. Логиката на тие процеси е промакедонска, ако Македонија знае да ги прочита така како што успеа да ги прочита Заев. Таа логика поаѓа од тоа дека Македонија е најдоброто или најмалку лошото решение за овој дел на светот, меѓу другото и затоа што новите решенија не се можни без војни. Тоа значи дека Македонија мора да влезе во Унијата, дека бугарската блокада мора да се крене и дека македонската автоблокада, која од вчера почна да се задава, исто така мора се крене, односно нема да може ниту да се спушти.

loading...

https://animeflix.nl animeflix netflix

4Anime Watch anime online, English anime online HD

GoGoAnime: Great Planet Evil-Destroyer Dangaio (Dub) anime episode 3 online free at https://gogoanime.be gogoanime god of highschool

TwistMoe Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Gogoanimelol yolasite: https://gogoanimelol.yolasite.com/

Forums iis: https://forums.iis.net/members/animeflixnl.aspx