Алијанса за Албанците: Насилство и вандализам на координаторот на ДУИ
Алијанса за Албанците: Насилство и вандализам на координаторот на ДУИ
Зошто медиумите му дозволуваат на Никола Димитров да се одмаздува на СДСМ и ДУИ за тоа што не стана министер со тоа што ќе шири паника и национализам и ќе ги поткопува преговорите со Бугарија?!
Зошто медиумите му дозволуваат на Никола Димитров да се одмаздува на СДСМ и ДУИ за тоа што не стана министер со тоа што ќе шири паника и национализам и ќе ги поткопува преговорите со Бугарија?!
БОМБА НА ОСМАНИ: Димитров потпиша протокол во кој прифаќаме бугарско гледиште кон Илинденското востание, со замнувањето од МНР Димитров си го зел документот со себе!
БОМБА НА ОСМАНИ: Димитров потпиша протокол во кој прифаќаме бугарско гледиште кон Илинденското востание, со замнувањето од МНР Димитров си го зел документот со себе!
Тамара Јованов: Шминкање до непрепознатливост, за потоа на крајот на денот да ја тргнеш шминката и пак да бидеш таа/тој што не се сака и прифаќа себеси
Тамара Јованов: Шминкање до непрепознатливост, за потоа на крајот на денот да ја тргнеш шминката и пак да бидеш таа/тој што не се сака и прифаќа себеси
МОНТАЖЕР НА ТВ КЛАН СЕ ЖАЛИ ДЕКА МУ ПРАВЕЛЕ МОБИНГ ВО ТЕЛЕВИЗИЈАТА И ДЕКА ДОБИЛ НЕЗАКОНСКИ ОТКАЗ
МОНТАЖЕР НА ТВ КЛАН СЕ ЖАЛИ ДЕКА МУ ПРАВЕЛЕ МОБИНГ ВО ТЕЛЕВИЗИЈАТА И ДЕКА ДОБИЛ НЕЗАКОНСКИ ОТКАЗ
ДУИ: ВМРО и АA го бранат криминалот и употребуваат насилство во Собранието
ДУИ: ВМРО и АA го бранат криминалот и употребуваат насилство во Собранието
ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО ДПМНЕ, ДИМЧЕ АРСОВСКИ ДЕНЕСКА ЕМ СЕ ИЗГЛУПИРА ЕМ ЈА ПОФАЛИ ВЛАДАТА - СЕДИ ДИМСА, КЕЦ!
ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО ДПМНЕ, ДИМЧЕ АРСОВСКИ ДЕНЕСКА ЕМ СЕ ИЗГЛУПИРА ЕМ ЈА ПОФАЛИ ВЛАДАТА - СЕДИ ДИМСА, КЕЦ!
Христо Иванов: Доколку РСМ не го прифати францускиот предлог, ризикува целиот процес да почне од почеток
Христо Иванов: Доколку РСМ не го прифати францускиот предлог, ризикува целиот процес да почне од почеток

ТРИЧКО: Првиот камен во темелот на моралната обнова можеше да биде поддршката за Филипче и од страна на оние кои побрзаа да му го побараат скалпот. Зашто, моралната обнова почива и почнува со зауздувањето на страстите во себе

Морална обнова

Пишува: Бранко Тричковски

Првиот камен во темелот на моралната обнова можеше да биде поддршката за Филипче и од страна на оние кои побрзаа да му го побараат скалпот. Зашто, моралната обнова почива и почнува со зауздувањето на страстите во себе. Со контрола на гордоста. И во отпорот кон појавноста. Која е во принцип- лажна. И во обид малку подлабоко да се нурне во личноста и во делото на човекот од кого и кон кого се бараат морални санкции. Со контекстирање на работите, не за да се релативизира конкретниот повод, туку за да можат оние кои тргнале да осудуваат, останат со чиста совест, односно морално неизвалкани.

Работите се посложени отколку што изгледаат.
Брзиот старт по главата на Филипче покажа дека моралот е дефицитарен кај тие што побрзаа да побараат оставка и потоа со сите средства, кампањски и вулгарни на моменти, односно неморални, да притискаат демисијата да се случи од морални причини. Тие не бараа морална сатисфакција за жртвите туку ја следеа својата политичка агенда, и стрвта по жртва, дури мислам дека и самиот министер ги интересираше повеќе како фигура што треба да се собори во партијата за освојување на власта отколку како морален виновник, нивното морализаторство не беше во состојба да биде замена за нивниот морал затоа што него или го немаше или беше потиснат на маргините.

Тоа беа и се уште се филипики кон непријателот многу повеќе отколку морални пораки кон грешникот.
Општеството не може да даде оставка од морални причини, но може да даде многу докази дека е морално уништено или, макар, тешко оштетено.
Ако е тоа поведение и тоа саморазбирање во состојба да се конституира како критична маса, јас можам да кажам, да не речам да гарантирам, дека со овие врескавици луѓето попрво и посигурно ќе си ги симнат сопствените скалпови.
Или ќе им ги симнат.
Сеедно.

Ова не е одбрана на Филипче. Во врска со неговата оставка се произнесов на овој ѕид пред два дена. Ниту е ова текст за тетовската трагедија.
Ова е обид да се долови драмата на едно општество кое со барјакот на моралот трча во круг толку брзо што првиот го достигнува последниот, па претпоследниот и така сите, вклучувајки се и себе си и сите ги наденува на стегот како ражничи.

loading...

hướng dẫn nạp tiền go88 go88 nạp tiền go88 âu cơ

app tải sunwin game bài macao sunwin SUNWIN - Game bài SUN WIN số 1 thị trường Châu Á 2022