БРАВО, БРАВО, БРАВО - КЕЈОТ 13 НОЕМВРИ ПОВТОРНО НАЗАД КАЈ ГРАЃАНИТЕ НА СКОПЈЕ, РЕКОНСТУРИРАН, ПОУБАВ И ПОШИРОК
БРАВО, БРАВО, БРАВО - КЕЈОТ 13 НОЕМВРИ ПОВТОРНО НАЗАД КАЈ ГРАЃАНИТЕ НА СКОПЈЕ, РЕКОНСТУРИРАН, ПОУБАВ И ПОШИРОК
Се враќаат жештините, повторно температури до 40 степени
Се враќаат жештините, повторно температури до 40 степени
Заев: Не можеме утре да ги внесеме Бугарите во Уставот
Заев: Не можеме утре да ги внесеме Бугарите во Уставот
Зибери: Воспитно-поправниот дом за малолетници не си ја извршува функцијата
Зибери: Воспитно-поправниот дом за малолетници не си ја извршува функцијата
ВМРО-Народна: Отворените изборни листи ќе ги збришат сите мали политички партии
ВМРО-Народна: Отворените изборни листи ќе ги збришат сите мали политички партии
Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓорѓиевска на средба со претставниците од „Дневен центар Доза среќа“
Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓорѓиевска на средба со претставниците од „Дневен центар Доза среќа“
Вицепремиеорот Битиќи за порталот Фактор: Прераснуваме во економија на можности, на старт-апи, во земја на иновации!
Вицепремиеорот Битиќи за порталот Фактор: Прераснуваме во економија на можности, на старт-апи, во земја на иновации!
ШИЛЕГОВ И ДЕЛЕЛЕГАЦИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ ПОЛОЖИЈА ЦВЕЌИЊА ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО СКОПЈЕ
ШИЛЕГОВ И ДЕЛЕЛЕГАЦИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ ПОЛОЖИЈА ЦВЕЌИЊА ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО СКОПЈЕ

ТРИЧКО ВО РАЗГОВОР СО НОВИНАР НА ГЕРМАНСКИ ДЕР ШПИГЕЛ: Бугарската блокада е неверојатна глупост но блокадата е и безбедносна закана за опстанокот на Македонија

Разговор со новинар на Шпигл

Пишува: Бранко Тричковски

Пред два часа, на терасата карши “Пелистер”, имав пријатна средба со Валтер Мајр, новинар на Дер Шпигл. Го интересираше Македонија, општите состојби, блокадата на Бугарија, албанскиот фактор во Републиката и во регионот, односот кон југословенското искуство, владата и посебно Заев, Ахмети, вмро-дпмне…
Средбата ја организираше Насер Селмани, а на состанокот присуствуваше Харалд Шенкер, аналитичар.
Пред средбата за потребите на господинот Мајр ги подготвив тезите што тука ги објавувам. Некои од нив беа елаборирани во разгиворот, некои отстапија пред други, во еден, општо земемо, интересен разговор во кој по одредени прашања имавме и различни мислења.
Еве ги тезите:
1.Македонија е најдоброто решение за балканската, па и за светската геополитика на рамнотежата
2.Дезинтеграцијата, дисолуцијата, имплозијата или окупацијата на Македонија, водат во генерален балкански, а можеби и светски судир.
3.Македонија може да се моделира, но не смее да ја нема.
4.За тоа е нужна свест надвор и внатре.
5.Внатре мораме да се ослободуваме од Македонија, да се модернизираме и европеизираме, да се доближуваме до соседите, да ги ослободуваме нив од фрустрациите околу Макединија и себе си од фрустрациите околу нив. Со максимални компромиси.
6.Идентитетот е пренагласено прашање. Идентитетот е и ропство и инструмент за тешки манипулации. Македонскиот идентите ги хендикепира македонските луѓе.Тоа е така поради историски и актуелни причини. Не треба да се откажуваме, туку треба самите да се менуваме за да одиме напред.
7.Бугарската блокада е неверојатна глупост која е сериозна илустрација на заглупавувањето на целото човештво. За историските работи можеме да се договараме, во Македонија е порасната свеста за дефектите во македонската историска конституција и легитимација, но блокади затоа што тие мислат што сме биле ние пред осумдесет и сто години, е глупост. Освен тоа Бугарија требала да ги реши споровите со Македонија кога влегувала во ЕУ. Нејзиниот спор и блокада значи дека е примена нерегуларно.
8.Македонија водеше конзервативна политика која беше насочена кон задржување на доминантниот статус на Македонците. И кон задржување на нејзиниот статус од времето на Југославија. Еквидистанца, бранење на преамбулите и уставот, на глупавите симболи, името итд. и губење на позициите на теренот.
9.Губење на историски моментуми, распадот на ссср, аутот во кој беше Русија за време на Елцин, аутот во кој беше Бугарија во внатрешните пресметки по смената на системот, илузиите дека ќе ја победиме Грција на темата околу уставното име сето тоа неповратно однесе дваесет-триесет години и придонесе Макединија да ги пропушти сите историски шанси. Браневме неодбранливо и не го сакавме тоа што за нас беше бинго.
10.Вмро е најтешката европска политичка и идејна анахроност. Не се можни Македонија и вмро во исто време. Тоа е демократска партија на македонско национално единство, значи партија која се што е вон неа го смета за непријателско и антимакедонско. Таа е и револуционерна организација. Таа ја користи демократската платформа за револуционерни цели всушност за квазиреволуционерни односно антимакедонски односно терористички, во суштина фашистички.
11.Вмро е формирана по крајот на Санстефанска Бугарија (три месеци), творба на мировниот договор меѓу Русија и Турција (78) кога како резултат е формирама таа Голема Бугарија која излегувала на Јонското море и ја опфаќала Македонија. По крајот на тој проект на Берлинскиот конгрес (78), кога големите сили оцениле дека тој проект за пенетрација на руските интереси ги загрозува интересите на европските сили, се формира вмро (93) како “внатрешна” организација за ослободување на Македонија како опција која не би ја компромитирала Бугарија како експанзивна држава која сака да се врати во санстефанските рамки. А Македонија сепак да биде извадена од Османската империја и приклучена кон Бугарија. Затоа во вмро се говори за ослободување и за автономија на Македонија. Нивната идеологија, всушност, не ја поднесува македонската држава, ниту пред создавањето, ниту откако постои како независна, сеедно дали се власт или се опозиција. Како власт ја разорија, а како опозиција ја спречуваат да се реконституира како нормална европска држава
12.Стандард и Ифимес се во право.
13.Вмро ја убива Македонија преку убиство на нејзините европски перспективи, со блокади и ширење на катастрофизам и очај, преку лажни вести и форсирани афери, преку медиумите кои се под контрола на опозицијата 99.9 отсто.
14.Нема власт која водела така храбра политика со медиумска подршка нула, како таа на Заев.
15.Македонија не смее да ја загуби гравитационата сила односно смислата односно интересот за заеднички живот.
16.Постојаната блокада на Бугарија тоа може да го загрози.
17.Ако Косово и Албанија одат напред, Македонија ќе ја загуби таа смисла поради блокада на интересите на Албанците.

loading...

AniWatch watch animes: Watch Fairy Tail (Dub) Episode 33

AnimeDao animedao site: Jujutsu Kaisen (TV) (https://animedao.nl/m/vbNx) Episode 24