Зидојче цајтунг: Србија и Бугарија му вртат грб на Путин
Зидојче цајтунг: Србија и Бугарија му вртат грб на Путин
Вархељи се врати во Софија да ги убеди Петков и Радев да ја откочат блокадата на Северна Македонија
Вархељи се врати во Софија да ги убеди Петков и Радев да ја откочат блокадата на Северна Македонија
Претседателот Пендаровски го прими ученикот Амир Дестанов, кој освои трето место на натпревар по математика иако живее многу тешко во тешка сиромаштија
Претседателот Пендаровски го прими ученикот Амир Дестанов, кој освои трето место на натпревар по математика иако живее многу тешко во тешка сиромаштија
За само 100 дена од мандатот на Ковачевски: поголеми плати, пензии, инвестиции и успешно справување со кризата
За само 100 дена од мандатот на Ковачевски: поголеми плати, пензии, инвестиции и успешно справување со кризата
Северна Македонија тапка во место според годишниот извештај за состојбата со човековите права на ЛГБТИ луѓето
Северна Македонија тапка во место според годишниот извештај за состојбата со човековите права на ЛГБТИ луѓето
ЈП УЛИЦИ И ПАТИШТА СКОПЈЕ: Продолжува реконструкцијата на пешачката патека на улица Љубљанска во општина Карпош
ЈП УЛИЦИ И ПАТИШТА СКОПЈЕ: Продолжува реконструкцијата на пешачката патека на улица Љубљанска во општина Карпош
Делчево и Разловци одбележаа 146 години од Разловечкото востание
Делчево и Разловци одбележаа 146 години од Разловечкото востание
СДСМ: ДА НЕ БЕА ПРОЕКТИТЕ НА СДСМ, МИЦКОВСКИ ВО АЕРОДРОМ ДЕНЕСКА ЌЕ ПРОМОВИРАШЕ ХОТЕЛ ЗА ПЧЕЛИ
СДСМ: ДА НЕ БЕА ПРОЕКТИТЕ НА СДСМ, МИЦКОВСКИ ВО АЕРОДРОМ ДЕНЕСКА ЌЕ ПРОМОВИРАШЕ ХОТЕЛ ЗА ПЧЕЛИ

ТРИФУН КОСТОВСКИ СО АПЕЛ ДО ЈАВНОСТА: СУДОТ ГО ЗАПЛЕНИ СИОТ ИМОТ НА МОЕТО СЕМЕЈСТВО, НЕ МОЖЕМЕ ДА ФУНКЦИОНИРАМЕ, АПЕЛИРАМ ДО СИТЕ НА КОИ НЕКОГАШ СУМ ИМ ПОМОГНАЛ ДА МИ ДАДАТ ПОДРШКА

Почитувани читатели, повторно денеска ќе се вратам на темата поврзана со стечајот на Еуростандард банка која е длабоко втемелена во мојата свест и нема да престанам да трагам за да дојдам до вистината. Познавајќи го сопствениот карактер нема да молчам, моите ставови секогаш јавно ги искажувам, аномалиите во општеството ги детектирам на многу разбирлив начин и не сум слеп поддржувач на луѓе кои немаат во себе инкорпорирано квалитет и знаење, си ја плаќам својата цена во мојата родна Македонија.

Повод за овој текст е решението од Основниот Кривичен суд-Скопје, кој случај го води судијата Седат Реџепагиќ, не знам веќе по кој пат ми се одбива жалбата да мојот имот и имотот на моето семејство биде ослободен, со цел да можеме да извршуваме одредени дејности кои за семејството значат живот и воедно да ми се врати тоа што е мое. Повторувам, замрзнатиот имот го поседував уште пред формирањето на Еуростандард банка! Почитувани читатели, очигледно целиот систем е ставен во нечија функција, да ме уништи мене и најверојатно на мене слични во Македонија. Отворено прашувам зошто? Искрено сакам да обзнанам дека не очекувам да добијам поддршка во мојата војна од политичките партии во Македонија. Бидете убедени дека на истите тие политички партии ќе им бидам потребен додека не дојдат до својата цел, а тоа е да освојат власт, а после тоа едноставно ќе заборават. Ова го констатирам на база досегашното практикување на власт и опозиција во Република Македонија.

Минаа 16 месеци, а нема никаков епилог за покренати обвиненија против учесниците во стечајот на Еуростандард банка. Во стечајната маса на Еуростандард банка има средства да се покријат сите правни и физички лица. Не гледам причина да моите коминтенти во бившата Еуростандард банка бидат заложници на мојата немилост меѓу политичките партии и поединци кои делуваат како сива еминенција во државата. Моите коминтенти нема потреба да бидат колатерална штета. Стојам исправен и не се плашам од ништо, а знаете зошто? Бидејќи немам никаков багаж кој што токму ТИЕ го имаат.

Во мојата борба единствена поддршка сте ми вие, мои сограѓани. Во институциите во Република Македонија немам верба. Својата правда ќе ја барам тука во Македонија, ама со ваша поддршка, а ќе ја докажам надвор од земјата пред меѓународните судови.

Многумина од вас ме познаваат, меѓутоа голем дел не ме познаваат и нескромно изјавувам дека ќе обзнанам пред вас драги мои сограѓани што се сум и дал на мојата татковина Македонија, како сум ги помагал културата и спортот и многу социјални случаи. Целта не ми е да се фалам пред вас, целта ми е да ја добијам вашата поддршка. Вие сте вистинскиот репер за вредносните системи, секаде во светот, а посебно во Македонија. Во следните месеци ќе ви обзнанам многу информации за многу мои дела направени за мојата Македонија.

Во самиот наслов го споменав зборот патриот. Да, Јас сум патриот, по националност Македонец, меѓутоа патриотски ги бранам интересите на сите мои сограѓани без разлика на нивната верска и етничка припадност. Ги бранам интересите на Македонија. Македонија ми дала живот, образование, искуство. Јас и вратив на Македонија во многу сфери од нашето живеење. Почитувани читатели, предизвикот не е само мој. Бидете убедени дека тоа е и ваш предизвик. Ако дозволиме да вака се ништат убави примери на патриотизам кои треба да ни бидат светилник за нашиот натамошен развој, тогаш иднината моја и ваша заедничка е многу темна.

Јас продолжувам. Вашата поддршка мои читатели ми е потребна како насушен леб. Не поставувам никакви услови да бидам разбран, меѓутоа замолувам кај секој читател да допрам до неговата свест и одговорност и да направиме разлика помеѓу доброто и лошото. Доброто треба да биде пример и да се негува, а лошото треба да се ништи.

loading...
tải go88