ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО ДПМНЕ, ДИМЧЕ АРСОВСКИ ДЕНЕСКА ЕМ СЕ ИЗГЛУПИРА ЕМ ЈА ПОФАЛИ ВЛАДАТА - СЕДИ ДИМСА, КЕЦ!
ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО ДПМНЕ, ДИМЧЕ АРСОВСКИ ДЕНЕСКА ЕМ СЕ ИЗГЛУПИРА ЕМ ЈА ПОФАЛИ ВЛАДАТА - СЕДИ ДИМСА, КЕЦ!
Христо Иванов: Доколку РСМ не го прифати францускиот предлог, ризикува целиот процес да почне од почеток
Христо Иванов: Доколку РСМ не го прифати францускиот предлог, ризикува целиот процес да почне од почеток
ДЕНКО МАЛЕСКИ: Што ќе правиме со францускиот предлог, ќе го прифатиме или ќе го одбиеме?! Ќе бидеме ли како Палестинците кои секогаш одбиле се што им се нудело и се полошо им е како тече времето...
ДЕНКО МАЛЕСКИ: Што ќе правиме со францускиот предлог, ќе го прифатиме или ќе го одбиеме?! Ќе бидеме ли како Палестинците кои секогаш одбиле се што им се нудело и се полошо им е како тече времето...
ЕВЕ ЗОШТО ЕКСПЛОДИРА АДЕМИ: ВМРОВЦИТЕ МУ ЈА ИСЕКЛЕ РАКАТА СО ФРЛАЊЕ ПРЕДМЕТИ
ЕВЕ ЗОШТО ЕКСПЛОДИРА АДЕМИ: ВМРОВЦИТЕ МУ ЈА ИСЕКЛЕ РАКАТА СО ФРЛАЊЕ ПРЕДМЕТИ
Маричиќ на средба со германски функционери: Имаме перспектива – мора да ја задржиме
Маричиќ на средба со германски функционери: Имаме перспектива – мора да ја задржиме
СДСМ: ВМРО ДПМНЕ СО ПРАВЕЊЕ ИНЦИДЕНТИ ВО СОБРАНИЕ БЛОКИРА НАЗНАЧУВАЊЕ СУДИИ ЗАТОА ШТО ТАКА МИСЛАТ ДЕКА ЌЕ СЕ СПАСАТ ОД ЗАТВОР!
СДСМ: ВМРО ДПМНЕ СО ПРАВЕЊЕ ИНЦИДЕНТИ ВО СОБРАНИЕ БЛОКИРА НАЗНАЧУВАЊЕ СУДИИ ЗАТОА ШТО ТАКА МИСЛАТ ДЕКА ЌЕ СЕ СПАСАТ ОД ЗАТВОР!
(ВИДЕО) ДРАМА ВО СОБРАНИЕТО: ВМРОВЦИТЕ УСПЕАЈА ДА ГО ИЗВАДАТ ОД ТАКТ АРБЕР АДЕМИ КОЈ ВО МОМЕНТИ НА БЕС ПОЧНА ДА ГИ МАВА СО ШИШИЊА И ФИЛЏАНИ!
(ВИДЕО) ДРАМА ВО СОБРАНИЕТО: ВМРОВЦИТЕ УСПЕАЈА ДА ГО ИЗВАДАТ ОД ТАКТ АРБЕР АДЕМИ КОЈ ВО МОМЕНТИ НА БЕС ПОЧНА ДА ГИ МАВА СО ШИШИЊА И ФИЛЏАНИ!
Бугарската влада официјално во оставка, контрадикторни најави за повлекувањето на Борисов од челната позиција на ГЕРБ
Бугарската влада официјално во оставка, контрадикторни најави за повлекувањето на Борисов од челната позиција на ГЕРБ

Ученици и професори од три земји во „Корчагин“ садеа еко-картички како симбол за социјално претприемништво

Во средното училиште „Раде Јовчевски- Корчагин“- Скопје денеска се одржа завршниот настан од проектот „SEED – Проект за развој на образование за социјалното претприемништво“. Ученици и професори од средни училишта од Македонија, Литванија и Хрватска заедно садеа еко-картички од кои никнува цвеќе-пркос.

„Преку гестот на заедничко садење се пренесе симболиката дека социјалното претприемништво е семе кое треба да расте и да се негува, за општеството побргу да ги види плодовите на солидарната економија“, информираат од Здружението за социјални иновации „АРНО“.

На настанот се обратија и поддржувачите на социјалното претприемништво: Барбара Садовска-тим лидерка на ЕУ проектот „Поттикнување на социјалното претприемништво“, Марко Ѓоргиевски–директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, која е и донатор на проектот, Драган Арсовски-директор на „Раде Јовчевски- Корчагин“ и Ирина Јаневска од организацијата координатор на проектот– АРНО.

Покрај садењето на картичките, учениците денеска организираа мини креативни работилници, а магионичарот Кристиан Шопов изведе магионичарски еко-настап и им пренесе на учениците дека тој некогаш бил ученик во училиштето, а денес е успешен социјален претприемач.

„Среќни сме што ете последната обука и настан не ги направивме виртуелно, дојдоа учесниците, и дојдоа и локалните поддржувачи. Тоа нам многу ни значи. Вистина е дека ова се само семиња, зародиш, но после неколку години ние ќе видиме што значи да се донесе нов бизнис модел до ученичките клупи. АРНО веќе неколку години соработува со партнерските училишта затоа што гледаме ученици кои посветено водат виртуелни социјални претпријатија и се жедни да прават промени во своите заедници. Што ќе посееме, тоа и ќе никне“, изјави Ирина Јаневска од АРНО.

Марија Колевска, ученичка од „Раде Јовчевски- Корчагин“- Скопје изјави дека со проектот на сите училишта во земјава им покажале дека доколку се има желба и мотивација, тогаш може да се преземе првиот чекор кон правење нешто поразлично од нормалата на нашето опкружување.

„Социјалните претпријатија, и воедно овој настан, се одличен пример да ја пренесеме нашата идеја и нашите размислувања за одржливоста на општествата. Ние мора да мислиме на иднина во која ќе има ресурси за сите, и никој нема да отфрлен“, изјави средношколката Колевска.

Своето искуство на денешниот настан го сподели и Аугусте Мотекаитите, ученичка „Радвилишкиш Лиздеикос Гимназија“ од Литванија.

„Преку S.E.E.D проектот јас лично развив доста способности, почнувајќи од прво запознавање со поимот социјално претпријатие, до развивање на комуникациски вештини преку можноста да работам со врсници од разнични држави. Преку кампањите за собирање на финансиски средства кои беа дел од проектот, успеав да излезам надвор од мојата комфор зона, да ги проширам моите гледишта и да завземам поотворен пристап кон нештата“, изјави таа.

Проектот SEED е дизајниран да им овозможи на учениците да станат идни социјални претприемачи. Главната цел на SEED проектот е да го доближи уште поблиску претприемничкото образование до учениците преку нудење на знаења и вештини за новиот бизнис модел на социјални претпријатија како дел од училишниот предмет „Претприемништво“, кој се предава во 3-те партнерски училишта (Хрватска, Литванија, Северна Македонија).

Проектот го координира Здружението за социјални иновации „АРНО“ во партнерство со училиштата од трите земји и граѓанската организација „GoGreen Belgium“ од Белгија, и истиот е финансиран од Европската Комисија во рамки на програмата Еразмус +.

loading...

go88 b29 đánh bài online go88 bắt go88

sunwin ăn chơi sunwing check i sunwin pro plus kang seok