Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО
Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО
Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство
Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство
Глобално обединети можеме да обезбедиме храна за сите е заклучокот од министерската конференција во Берлин „Uniting for Global Food Security“
Глобално обединети можеме да обезбедиме храна за сите е заклучокот од министерската конференција во Берлин „Uniting for Global Food Security“
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија

Украина ќе преживее, но Западот треба да се срами

Големата војна е тука – Русија ја нападна Украина. Оваа катастрофа можеше да биде спречена, доколку Западот уште од 2014-тата не го тргаше погледот настрана, смета Роман Гончаренко.

Четврток, 24 февруари 2022 година – овој ден никогаш нема да го заборавиме. Денот кога безумното руско раководство одлучи да започне голема војна против Украина. Денот за кој Украинците и нивните пријатели ширум светот долго се подготвуваа, но сепак се надеваа дека никогаш нема да дојде. Денот кога Кремљ едноставно започна војна во Европа.

Многумина се прашуваат: Како воопшто можеше да се случи ова? Одговорот го дава наводниот цитат на Винстон Черчил: „Имавте избор меѓу војна и срам. Го избравте срамот, а добивате војна“. Обемот на инвазијата не остава сомнеж: руските трупи ја нападнаа Украина, исто како и пред сто години, кога Украина првпат прогласи независност. Последиците од овој монструозен чекор ќе го потресат светот.

Кобната грешка на Западот

Западот сноси дел од одговорноста за овој развој на настаните, кој воопшто не е занемарлив. И тоа во 2014 година, кога Русија првпат ја нападна Украина по нејзиното прогласувањето независност во 1991 година и го анектираше Крим. Западот го избра срамот за кој зборуваше Черчил. Лидерите на САД, Германија и на другите водечки западни земји ја држеа украинската влада во двете раце и бараа од неа воопшто да не се спротивставува. Рускиот претседател Владимир Путин во никој случај не треба да биде „провоциран“. Мотив: Точно 100 години по Првата светска војна, Западот се плашеше од нов светски пожар. Иако тоа беше разбирливо, сепак тоа беше кобна грешка.

Роман Гончаренко, автор на коментаротРоман Гончаренко, автор на коментарот

Русија, опиена од успехот на Крим, ја продолжи војната во Донбас, во источна Украина. Западот, пак, ниту беше подготвен да ја вооружи Украина (Германија целосно го отфрли овој чекор) ниту да воведе остри одмазднички мерки против Москва. Дури по соборувањето на малезискиот патнички авион МХ17 над Украина, имаше селективни санкции насочени против руската економија. Но, дури и тие беа толку ограничени и слаби, што Русија дојде до заклучок дека веројатно може да продолжи – без сериозно спротивставување.

Време е да му се помогне на Киев

И Украина го потцени нивото на лудило на московското раководство и ставот на голем дел од руското население, кое не ја доживува Украина како независна држава. Сепак, многу Украинци мислеа дека се безбедни: „Ние сме соседи, роднини – Русија нема да се осмели да оди во отворена војна“. Дури и владата во Киев тогаш не ги прекина дипломатските односи со Русија, испраќајќи со тоа и погрешен сигнал кон своите сојузници на Запад: не е сѐ така црно како што изгледа.

Така беше пропуштена шансата да се спречи војната, која започна сега. Западните лидери одлучија да преговараат со Русија со надеж дека ќе го примират агресорот. Притоа, овој пристап никогаш не бил успешен во историјата на човештвото. Пропадна и во Украина. Русија ги искористи приходите од извозот на нафта и на гас за да развие ново оружје и да се подготви за апокалиптична војна – не само против Украина, туку и против целиот Запад. Многупати се предупредуваше на тоа. Сето се случуваше отворено – Кремљ и неговите пропагандисти никогаш не ги криеја своите намери. Но, Западот претпочиташе да ги затвори очите. Лицата на западните политичари, всушност, треба да бидат вцрвенети од срам.

Украина не се враќа под контрола на Москва

Сега е крајно време да се поправат грешките и да ѝ се помогне на Украина со сите средства. Ќе има борби, крвопролевање, можеби окупација и долга герилска војна. Украина ќе изгуби многу од своите најдобри синови и ќерки. Но, таа ќе преживее – нема сомнеж во тоа. Украинците никогаш нема да се помират со тоа Москва да ги држи на поводник. Тоа време помина и нема да се врати.

А Русија? Патот на агресијата по кој Москва тргна против Украина и целиот западен свет, порано или подоцна ќе заврши со катастрофа. Потоа Русија можеби ќе има шанса да започне сосема од почеток. Но сега сите слободољубиви луѓе се пред сѐ Украинци.

loading...

go88

cách tải sunwin sunwin chơi ngay sunwin hotline