(ВИДЕО) МАКЕДОНЦИТЕ ВО ХАЛКИДИКИ ЗАЧУДЕНИ КОЛКУ СЕ ЗАЕВИ СКРОМНИ: ЛЕТУВААТ ЗАЕДНО СО ОБИЧНИОТ НАРОДОТ НА ЕФТИНА ПЛАЖА ВО ПЕФКОХОРИ НА ПРВИОТ КРАК, НЕ СЕ НА ЕГЗОТИЧНИ ДЕСТИНАЦИИ КАКО МИКОНОС, МАЛДИВИ, ЕГИПЕТ, КУБА, СЕЈШЕЛИ
(ВИДЕО) МАКЕДОНЦИТЕ ВО ХАЛКИДИКИ ЗАЧУДЕНИ КОЛКУ СЕ ЗАЕВИ СКРОМНИ: ЛЕТУВААТ ЗАЕДНО СО ОБИЧНИОТ НАРОДОТ НА ЕФТИНА ПЛАЖА ВО ПЕФКОХОРИ НА ПРВИОТ КРАК, НЕ СЕ НА ЕГЗОТИЧНИ ДЕСТИНАЦИИ КАКО МИКОНОС, МАЛДИВИ, ЕГИПЕТ, КУБА, СЕЈШЕЛИ
БРАВО - НОВИ ГРАДИНКИ ВО КИСЕЛА ВОДА: УСЈЕ ЗА ПРВПАТ ДОБИВА ГРАДИНКА, НАСКОРО ГРАДИНКА И ВО РАСАДНИК
БРАВО - НОВИ ГРАДИНКИ ВО КИСЕЛА ВОДА: УСЈЕ ЗА ПРВПАТ ДОБИВА ГРАДИНКА, НАСКОРО ГРАДИНКА И ВО РАСАДНИК
БОМБА НА ОСМАНИ: Нема потреба да се гласа во собрание за францускиот предлог, тој е во рамки на декларацијата усвоена лани, се нудам да одам во ВМРО ДПМНЕ да им го објаснам предлогот
БОМБА НА ОСМАНИ: Нема потреба да се гласа во собрание за францускиот предлог, тој е во рамки на декларацијата усвоена лани, се нудам да одам во ВМРО ДПМНЕ да им го објаснам предлогот
ОСМАНИ: СПОРЕД ПРОТОКОЛОТ КОЈ ЌЕ ГО ОБЈАВИМЕ УТРЕ СЕ ПРЕДВИДУВА ОТВОРАЊЕ НА АРХИВИТЕ ВО ДВЕТЕ ЗЕМЈИ И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ЖРТВИТЕ ОД КОМУНИЗМОТ
ОСМАНИ: СПОРЕД ПРОТОКОЛОТ КОЈ ЌЕ ГО ОБЈАВИМЕ УТРЕ СЕ ПРЕДВИДУВА ОТВОРАЊЕ НА АРХИВИТЕ ВО ДВЕТЕ ЗЕМЈИ И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ЖРТВИТЕ ОД КОМУНИЗМОТ
ОСМАНИ: ГОВОРОТ НА ОМРАЗА КОН БУГАРИЈА НЕМА ДА СЕ ТАРГЕТИРА СО ЦЕНЗУРА ТУКУ СО АПЕЛИ И СООПШТЕНИЈА
ОСМАНИ: ГОВОРОТ НА ОМРАЗА КОН БУГАРИЈА НЕМА ДА СЕ ТАРГЕТИРА СО ЦЕНЗУРА ТУКУ СО АПЕЛИ И СООПШТЕНИЈА
ЌЕ ПАЃААТ РУСКИ АВИОНИ И ХЕЛИКОПТЕРИ ВО УКРАИНА: АМЕРИКА ПРАЌА ВО УКРАИНА НАЈСОВРЕМЕНИ СИСТЕМИ ЗА АНТИ ВОЗДУШНА ОДБРАНА ВРЕДНА 800 МИЛИОНИ ДОЛАРИ
ЌЕ ПАЃААТ РУСКИ АВИОНИ И ХЕЛИКОПТЕРИ ВО УКРАИНА: АМЕРИКА ПРАЌА ВО УКРАИНА НАЈСОВРЕМЕНИ СИСТЕМИ ЗА АНТИ ВОЗДУШНА ОДБРАНА ВРЕДНА 800 МИЛИОНИ ДОЛАРИ
НОВ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД НА РУСИТЕ: СО РАКЕТИ УБИЕНИ 30 ЖИТЕЛИ НА ОДЕСА
НОВ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД НА РУСИТЕ: СО РАКЕТИ УБИЕНИ 30 ЖИТЕЛИ НА ОДЕСА
ОСМАНИ: Се разбира дека секое решение, предлог, којшто треба да задоволи две страни е компромисен и дека не е идеален само за едната страна, било кој предлог ќе треба да ги остави двете страни подеднакво задоволни или незадоволни
ОСМАНИ: Се разбира дека секое решение, предлог, којшто треба да задоволи две страни е компромисен и дека не е идеален само за едната страна, било кој предлог ќе треба да ги остави двете страни подеднакво задоволни или незадоволни

УКРАИНСКИОТ „ЖЕЛЕЗЕН ГЕНЕРАЛ“ ВАЛЕРИ ЗАЛУЖНИ ТИВКО ЈА ПРЕДВОДИ БОРБАТА ПРОТИВ РУСКАТА ИНВАЗИЈА

48-годишниот Залужни беше назначен за началник на генералштабот на Украинската армија од претседателот Володимир Зеленски во јули 2021 година.(Фото: Украинско министерство за одбрана)

Вашингтон, Москва и најголем дел од светот очекуваа Русија да ја прегази украинската војска за неколку дена.

Но, не и Валери Залужни, началникот на генералштабот на Украинската армија, кој ја предводеше борбата против руските сили, кои претрпеа сериозни загуби и целосно се повлекоа од северот на Украина.

Ако може еден човек да биде заслужен за изненадувачкиот воен успех на Украина, заштитата на главниот град Киев и одбранувањето на големите градови од руската инвазија, тоа е Залужни, 48-годишниот генерал, кој беше назначен на позицијата од претседателот Володимир Зеленски во јули 2021 година.

Во септември 2021 година, два месеца пред администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден да почне да предупредува за можна руска инвазија, Залужни веќе се подготвуваше за одбрана од рускиот напад.

„Постојано зборував за ова откако стапив на функцијата, дека сме под закана за целосна инвазија. Соодветно, нашата задача како армија не е да чекаме божја помош. Мораме да се подготвиме за ова. И ние правиме сè што можеме да се подготвиме. Изведуваме серија вежби, вклучувајќи ги нашите западни партнери, меѓу нив и членки на НАТО. Правиме сè што можеме да го премислиме непријателот од сценариото“, изјави во септември Залужни во интервју за „Радио Свобода“

Во јануари, Залужни зборуваше пред Воениот комитет на НАТО, и кажа дека украинската војска е подготвена.

„Ги потсетив нашите сојузници дека нашата војна трае од 2014 година и ние си ја работиме работата оттогаш“, кажа Залужни за украинската новинска агенција „Укринформ“ по настанот.

Сценариото за целосна руска инвазија стана реалност на 24 февруари, кога руските тенкови тргнаа кон Киев и руски ракети погодија цели низ цела Украина.

Украински војник спасува домашни миленици, оставени од сопствениците кои набрзина мораа да ги напуштат своите домови поради руското бомбардирање. (Фото: Украинско министерство за одбрана)

Залужни е роден во семејство на воени лица, во јули 1973 година, кога неговиот татко беше стациониран во касарна во Новохрад-Волински, град во регионот Житомир, околу 150 километри од Киев.

Военото образование го стекна на Институтот на копнени сили при Воената академија во Одеса и на Националната одбранбена академија во Киев, каде што ги заврши студиите во 2007 година. Следуваа серија назначувања, вклучувајќи и командант на механизирана бригада. Залужни потоа се врати на академијата за дополнителна обука, која што ја заврши во 2014 година, неколку месеци откако поранешниот претседател Виктор Јанукович избега во Русија по револуцијата на Мајдан и токму во периодот кога се интензивираше војната во Донбас.

Залужни беше испратен да предводи единици во војната и беше командант на бригада која што беше распоредена во Дебалцеве во август 2014 година. Во Дебалцеве се одвиваше една од најкрвавите битки и опколената украинска војска претрпе тешки загуби. За да избегне дополнителни жртви, тогашниот претседател Петро Порошенко беше принуден да го потпише мировниот договор „Минск 2“ со неповолни услови за Украина.

Во 2019 година, Залужни беше назначен за шеф на Северната оперативна команда на Украинската армија, стационирана во Чернихив, родниот град на неговата мајка.

Во интервју за „АрмиИнформ“ во февруари минатата година, Залужни кажа дека му било детски сон да стане војник, но никогаш не очекувал дека ќе стигне до висок чин.

„Моите унапредување беа како на секој обичен војник. Ќе ме назначеа, ги преземав моите должности, потоа ќе ми понудеа ново унапредување и така се селев од позиција на позиција. Никогаш не помислив дека еден ден ќе станам генерал“, вели Залужни.

Поставувањето на Залужни на највисоката функција е клучен дел од напорите да се реструктуира раководењето со Украинската армија со поделба на оперативните задолженија и планирањето во рамките на генералштабот. Исто така, се поклопи со пошироката кампања за модернизација со која што Украинската армија усвои нови, покреативни техники на војување, базирани на борбено искуство против вистински, место замислен непријател.

„Сакаме да се оддалечиме од мапите, од пишување на борбени наредби, како да сме во 1943 година“, кажа Залужни во интервјуто за „АрмиИнформ“.

Иронијата е дека Залужни сега се бори против непријател кој, барем во некои аспекти, повеќе личи како 1943 отколку на 2022 година.

Украина тврди дека досега уништила над 1.300 камиони на руската армија. (Фото: Украинско министерство за одбрана)

Герилската тактика на украинските војници имаа огромно влијание, онеспособувајќи ја руската воена машина на многу начини. Од 120 тактички баталјон групи кои Русија ги испрати во Украина на 24 февруари, 40 од нив, вклучувајќи ги оние кои го предводеа нападот на Киев и Чернихив, се повлекоа во Белорусија и ќе им биде потребно време повторно да бидат оспособени за борба. Најголем дел од нив беа онеспособени поради тешките загуби нанесени од мали тимови на украински војници опремени со противоклопни оружја испорачани од Западот.

Од почетокот на руската инвазија, Залужни одбива интервјуа и имаше релативно малку појавувања во јавноста. Единствено објавува повремени соопштенија преку неговата Фејсбук страница.

Некои од овие објави се куси оперативни вести, за соборување на руски авиони или за уништување на колона руски тенкови. Има и куси објави со заблагодарување на воените доктори, но и инспиративни објави за одржување на моралот на војската и на украинската јавност.

„Украинската армија е штитот на Европа“, објава од 22 март.

„Цената на слободата е висока. Не го заборавајте тоа!“, објава од 27 март.

„Украинците заборавија што е тоа страв. Нашата цел е победа“, објава од 2 април.

Иако Залужни се обидува да избегне статус на ѕвезда, поради неговите успеси против руските сили неминовно ќе стане историска фигура во украинската војска. Едно неодамнешно патриотско видео дури и сугерираше прекар што се римува на украински: „Зализни незламни Залужни“ (Железниот нескршлив Залужни).

Симнете ја мобилната апликација

loading...

go88 không đăng nhập được facebook

SUNWIN - NHÀ CÁI UY TÍN ĐÔNG NGƯỜI CHƠI NHẤT 2022 sunwin android Sunwin - Game bài Macau uy tín