Тренчевска: Ги повикувам општините да аплицираат на јавниот повик за развој на социјални услуги на локално ниво, кои се во интерес на сите граѓани
Тренчевска: Ги повикувам општините да аплицираат на јавниот повик за развој на социјални услуги на локално ниво, кои се во интерес на сите граѓани
Николовски на жетва на јачмен во светиниколско - Постигнавме висока откупна цена и очекуваме добар принос од 140 000 тони
Николовски на жетва на јачмен во светиниколско - Постигнавме висока откупна цена и очекуваме добар принос од 140 000 тони
Николовски на средба со Мрежа на земјоделски задруги по повод Меѓународниот ден на задругарството
Николовски на средба со Мрежа на земјоделски задруги по повод Меѓународниот ден на задругарството
7. ГОДИНА ПО РЕД – 100 БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ НА БЕНКИ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“
7. ГОДИНА ПО РЕД – 100 БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ НА БЕНКИ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“
Потпишани договори со ЕБОР за финансирање на изградбата на автопатот Скопје-Блаце и фотонапонските електрани Осломеј 2 и Битола
Потпишани договори со ЕБОР за финансирање на изградбата на автопатот Скопје-Блаце и фотонапонските електрани Осломеј 2 и Битола
(ВИДЕО) ПОЈАСНА ПОРАКА ОД ОВА ЗДРАВЈЕ: ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ, МИНИСТЕРКАТА ЗА ОДБРАНА ПЕТРОВСКА И АМЕРИКАНСКА АМБАСАДОРКА БРНЗ ДЕНЕСКА ЗАЕДНО НА НОСАЧОТ НА АВИОНИ НА НУКЛЕАРЕН ПОГОН, ХАРИ ТРУМАН
(ВИДЕО) ПОЈАСНА ПОРАКА ОД ОВА ЗДРАВЈЕ: ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ, МИНИСТЕРКАТА ЗА ОДБРАНА ПЕТРОВСКА И АМЕРИКАНСКА АМБАСАДОРКА БРНЗ ДЕНЕСКА ЗАЕДНО НА НОСАЧОТ НА АВИОНИ НА НУКЛЕАРЕН ПОГОН, ХАРИ ТРУМАН
Приведен криминалец од струмичко, пронајдени вредни археолошки предмети
Приведен криминалец од струмичко, пронајдени вредни археолошки предмети
Откажан концертот на ,,Whitesnake” во Скопје!
Откажан концертот на ,,Whitesnake” во Скопје!

УНИЦЕФ: Тоа што нема настава ја продлабочува образовната криза

УНИЦЕФ го следи тековниот дијалог меѓу Владата и Синдикатот за образование, наука и култура и ги повикува сите вклучени страни брзо да најдат заедничко решение што ќе ги стави децата на прво место и што нема да доведе до дополнителен продолжен прекин на наставата во училиштата, соопштија од од организацијата. Претставничката Патриција ДиЏовани смета дека вработените во образовниот сектор, исто како и сите други работници, имаат право да ги заштитат своите работнички права со штрајк, но во исто време, децата во Северна Македонија не можат да си дозволат дополнителен прекин на наставата и учењето.

„Мора да се изнајде брзо решение кое ќе им одговара на сите страни, а особено на децата. Северна Македонија веќе подолго време се соочува со криза во образованието, при што повеќе од половина од сите ученици на петнаесетгодишна возраст во земјата не го достигнуваат основното ниво на знаење по читање, математика и природни науки. Покрај тоа што училиштата беа затворени за настава со физичко присуство 54 недели поради пандемијата, оваа година децата пропуштија дополнителни две недели од образовниот процес поради одложениот почеток на училишната година. Овие прекини придонесоа образовната криза дополнително да се продлабочи“, стои во соопштението.

Според претставничката ДиЏовани, сега, повеќе од кога било, треба да се забрза реформата во образованието и притоа мора да се има предвид најдобриот интерес на децата, така што секое дете ќе добие поддршка за да го надомести пропуштеното знаење.

„Овие загуби не само што имаат тековно негативно влијание врз децата, туку ќе влијаат и врз нивниот живот во иднина и идниот економски развој. Дијалогот за важната улога на наставниците треба да е континуиран и да се се води во поширок контекст на реформата во образованието со цел да се обезбеди соодветно распоредување и искористување на човечките, финансиските и другите ресурси за да се обезбеди квалитетно образование за сите деца, независно од тоа каде живеат“, се додава во соопштението.

УНИЦЕФ ги повикува сите инволвирани во преговорите брзо да дојдат до неопходен консензус за да се одбегне дополнителен прекин во наставата и учењето на децата во земјата.

„Решението треба да биде во духот на тековните реформи во образованието и треба да предвиди пошироки структурни промени кои ќе овозможат остварување на правото на децата за пристап до квалитетно и инклузивно образование”, велат од УНИЦЕФ.

loading...

đánh lô trên go88

không vào được sunwin sunwin apk tại sunwin plus