Дилемата околу правото на абортус е актуелна и во 21 век. Затоа, Факултетот за правни и политички науки во рамките на својата годишна програма, организираше дебата за студентите на тема „Право на абортус“, со идеја да се согледа актуелната состојба на планот на остварување и заштита на правото на абортус низ призмата на јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права, како и да се согледаат бранувањата во Американското општество откако станува сè поизвесно дека Американскиот врховен суд ќе го укине историскиот преседан од 1973 година со кој абортусот стана легален на национално ниво.
❗Специјален гостин на дебатата беше Маргарита Цаца Николовска – претседател на Институтот за човекови права, поранешен судија на Европскиот суд за човекови права и поранешен меѓународен судија на Уставниот суд во Босна и Херцеговина, со свое излагање на тема ”Права и слободи од Европската конвенција за човекови права кои се поврзани со прашањето на абортусот”.
👉Повеќе информации на следниот линк https://fon.edu.mk/novost.aspx?ln=mk&cid=433