Цели 15 минути уредникот на Инфомаск, Александар Митовски – Мечка ги лажеше своите фанови на стримот на Инфомакс дека владата наплаќала зелена такса од дизелот а парите не ги вложувала во зелена енергија. А да биде иронијата поголема, само пред 3 дена владата свечено ја пушти во погон најголемата електрана на сончева енергија на балканот.
Фотонапонската електрана изградена во кругот на РЕК Осломеј со моќност од 10 мегавати e прв пример на енергетска транзиција во Југоисточна Европа во кој електричната енергија ќе се произведува од сонце преку панели поставени врз стар, исцрпен рудник за јаглен, објави АД ЕСМ за својот проект.
Електраната е пуштена во пробно производство, е прва во низата електрани кои треба целосно да го заменат досегашниот инсталиран капацитет на РЕК Осломеј.
„Крајната цел на овој проект е рударско-енергетскиот комбинат кој има инсталирана моќност од 120 мегавати да биде заменет со сончеви електрани со еднаква инсталирана моќност од 120 мегавати.
Европската енергетска заедница го препорачува овој пример во други земји во регионот каде се спроведува енергетска транзиција“, соопштија државните електрани.
„ФЕ Осломеј 1“ е во целосна сопственост на АД ЕСМ, а вкупното годишно производство ќе изнесува 15-17 гигават часови, доволни за потребите на околу 2.800 домаќинства.
Изградбата на електраната чинеше 7 милиони евра.