Граѓаните на Струмица ги избраа трите најприоритетни проекти за идната буџетска година
Граѓаните на Струмица ги избраа трите најприоритетни проекти за идната буџетска година
МАРИЧИЌ: Честитки за 15-годишното постоење на Академијата за судии и јавни обвинители, таа е изворот на квалитетни и стручни судии и јавни обвинители и единствена гаранција дека во правосудството ќе влезат најдобрите

ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА – ЛЕТНА РАБОТА ВО АМЕРИКА
ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА – ЛЕТНА РАБОТА ВО АМЕРИКА
КОГА УЧИТЕЛКАТА ТИ Е ВМРОВКА АМА ОД ГРУЕВАТА АНТИЧКА ПРОВИНИЕНЦИЈА
КОГА УЧИТЕЛКАТА ТИ Е ВМРОВКА АМА ОД ГРУЕВАТА АНТИЧКА ПРОВИНИЕНЦИЈА
ДОБРИ ВЕСТИ: Кај 94% од корисниците на ретровисурна терапија, ХИВ вирусот во крвта бил целосно потиснат
ДОБРИ ВЕСТИ: Кај 94% од корисниците на ретровисурна терапија, ХИВ вирусот во крвта бил целосно потиснат
Владата денеска на 112-та седница донесе одлука за еднократна финансиска награда од 30 денари по пациент за матичните лекари доколку достигнат и надминат опфат од 70 отсто со вакцинација од вкупниот број пациенти запишани кај нив

ФОТКА НА ДЕНОТ: СКОПСКО ЗИМСКО ЗАЈДИСОНЦЕ
ФОТКА НА ДЕНОТ: СКОПСКО ЗИМСКО ЗАЈДИСОНЦЕ
Директорот на ФЗОМ најавува тужба ако се утврди дека е „чист“
Директорот на ФЗОМ најавува тужба ако се утврди дека е „чист“

УШТЕ ЕДЕН ГОЛЕМ ТРИУМФ НА ВЛАДАТА: Листата професионални соработници потврдува дека нема „тајни хонорарци“, туку транспарентно ангажирани стручни лица за извршување задачи за Владата преку кои институциите им служат на граѓаните

Како што беше најавено во текот на минатата недела, Владата на Република Северна Македонија денеска ја објавува листата на лица кои се тековно ангажирани преку авторски договори за специфични задачи кои не може да се обезбедат од редот на вработените, откако претходно беа извршени консултации со Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер за модалитетот за заштита на личните податоци на соработниците опфатени со овие ангажмани. Листата е достапна во секцијата Отворена влада на владината веб-страница, односно на следниов линк: https://vlada.mk/angazmani-avtorski-dogovori

Согласно заложбата на Владата за отвореност, транспарентност и достапност на сите информации од интерес на јавноста, објавувањето на оваа листа потврдува дека нема тајни хонорарци, ниту се анонимни, ниту тајно ангажирани. Точно се знае за што Владата ангажира физички лица надвор од редот на вработените, за кој временски период, за колкав финансиски надомест. Тие ангажмани се строго професионални и се реализираат во целост.

Внимателноста со која Владата постапи во овој случај, со вклучување на дополнителни консултации пред објавувањето на листата хонорарни соработници, беше мотивирана исклучително заради заштитата на интегритетот и приватноста на ангажираните лица.

Во минатото сведочевме голем број организирани напади полни дезинформации, а дури и сега во конкретниот случај, сведочиме хајки преку одделни веб-портали и медиуми и на социјалните мрежи на лична основа и со обиди за загрозување на приватноста на граѓаните кои имаат чисти професионални договори за извршување задачи за Владата за поддршка на активностите кои се од интерес на граѓаните.

Во таа насока, упатуваме јасна порака дека Владата и институциите ќе ги искористат сите институционални механизми кои се на располагање да ги заштитат професионално ангажираните лица од јавен линч, нарушување приватност, говор на омраза или повици за насилство.

Уште еднаш категорично ги отфрламе сите дезинформации дека наводно исти лица биле вработени во Владата и во исто време добивале хонорар. Тоа не е точно бидејќи е недозволиво вработени во Владата да бидат и хонорарно ангажирани од Владата.

Исто така, ги отфрламе и како неточни и информациите дека станува збор за луѓе кои биле платени да споделуваат постови на „Фејсбук“ или „Твитер.“ Тоа е лага измислена и раширена токму од оние центри кои користат „ботовски” системи за ширење лажни вести, а Владата е противник на таквото нечесно манипулирање со граѓаните.

loading...