Тупанчески: Со Хашката конвенција се олеснува признавањето и извршувањето на пресудите во граѓански и трговски предмети на земјите од Западен Балкан
Тупанчески: Со Хашката конвенција се олеснува признавањето и извршувањето на пресудите во граѓански и трговски предмети на земјите од Западен Балкан
(ВИДЕО) МВР СО ДЕМАНТ ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРИЛЕП КОЈ ДЕНЕСКА НА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ЈА ОБВИНИ ЛОКАЛНАТА ПОЛИЦИЈА ДЕКА НЕ РАБОТИ НИШТО И ДЕКА ВО ГРАДОТ ВЛАДЕЕ КРИМИНАЛОТ
(ВИДЕО) МВР СО ДЕМАНТ ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРИЛЕП КОЈ ДЕНЕСКА НА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ЈА ОБВИНИ ЛОКАЛНАТА ПОЛИЦИЈА ДЕКА НЕ РАБОТИ НИШТО И ДЕКА ВО ГРАДОТ ВЛАДЕЕ КРИМИНАЛОТ
ВМРОВЦИТЕ ГАДНО СЕ ИЗЛАЖАА: МИСЛЕА ДЕКА МОЖАТ ДА ГО НАВРЕДУВААТ ТАЛАТ ЏАФЕРИ И ДА ГО КЛЕВЕТАТ А ТОЈ МИРНО ЌЕ ИМ МОЛЧИ И НЕМА ДА ИМ ВРАТИ?!
ВМРОВЦИТЕ ГАДНО СЕ ИЗЛАЖАА: МИСЛЕА ДЕКА МОЖАТ ДА ГО НАВРЕДУВААТ ТАЛАТ ЏАФЕРИ И ДА ГО КЛЕВЕТАТ А ТОЈ МИРНО ЌЕ ИМ МОЛЧИ И НЕМА ДА ИМ ВРАТИ?!
(ВИДЕО) Битиќи на МЕФ22: “Спремни сме да направиме социјално праведна енергетска транзиција што ќе ни донесе енергетска безбедност и диверзификација”
(ВИДЕО) Битиќи на МЕФ22: “Спремни сме да направиме социјално праведна енергетска транзиција што ќе ни донесе енергетска безбедност и диверзификација”
МЗШВ започнува нов проект за Национална стратегија за oбезбеденост со храна
МЗШВ започнува нов проект за Национална стратегија за oбезбеденост со храна
Арсовска: Започнуваме со инвестиција за целосна реконструкција на левата страна на кејот на Вардар
Арсовска: Започнуваме со инвестиција за целосна реконструкција на левата страна на кејот на Вардар
ВЛАДА: Со новото праведно тарифирање, оние кои трошат помалку, плаќаат помалку струја
ВЛАДА: Со новото праведно тарифирање, оние кои трошат помалку, плаќаат помалку струја
Џафери до Мицевски кој жестоко го нападна во образложението за интерпелацијата: Имам култура, нема да се спуштам на ваше ниво и на ниво на Мицкоски
Џафери до Мицевски кој жестоко го нападна во образложението за интерпелацијата: Имам култура, нема да се спуштам на ваше ниво и на ниво на Мицкоски

УШТЕ ЕДЕН УСПЕХ НА ВЛАДАТА НА СДСМ И ДУИ: КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ ОТВОРА УШТЕ ЕДНА ФАБРИКА ВО ЗЕМЈАВА, ОВОЈ ПАТ ВО БУНАРЏИК, ВКУПНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ СТИГААТ ДО 80 МИЛИОНИ ЕВРА И ОТВОРАЊЕ НА ОКОЛУ 3000 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА!!!

Кромберг и Шуберт, еден од најголемите работодавачи во Македонија, отвора уште една фабрика, овој пат крај Скопје, превземајќи дел од производството што беше стопирано со војната во Украина поради што беше нарушен ланецот на набавки, посебно на снопови електрични кабли, за големите германски автопроизводители.

Фабриката е веќе регистрирана, а од Кромберг и Шуберт за „Фактор“ потврдуваат дека во Бунарџик ќе се произведуваат кабли за БМВ, која мораше да го намали своето производство на почетокот на војната, а сите други производители беа принудени да го сторат истото.

Прво е планирано да се закупи објект во Општина Илинден, за производството да започне побргу со инстантно вложување на 22 милиони евра за опрема и машини, а истовремено ќе се гради нова фабрика за која би биле инвестирани 39 милиони евра. Првиот погон за релокација на производството за БМВ од Украина, би започнал со работа во август или септември, а веќе има огласи за вработување кои би достигнале до 1.800. Фабриката би се градела во новата индустриска зона Скопје 3 и таму би требало да има 2.000 вработувања и производниот процес би стартувал во 2024.

Од Кромберг и Шуберт велат дека нема да има намалувања на бројот на работиници во индустриската зона Жабени.

– Нема да има намалување на бројот на вработени во Жабени, напротив. Паралелно со погоренаведените инвестиции во Скопскиот регион, ние имаме нов проект и во фабриката во Битола. Вкупната инвестиција во опрема и машини изнесува 25,7 милиони евра и планирани се околу 800 нови вработувања во наредните 2 години, велат од менаџментот на фабриката.

За евентуална поддршка за инвестиционата активност од страна на државата, од таму велат дека за тоа ќе се разговара кога времето ќе биде соодветно.

– За новата фабрика која е планирано да се гради во Бунарџик наредната година, ќе се разговара за соодветен договор за поддршка кога за тоа ќе дојде време и доколку компанијата ги исполнува законските услови, додаваат од Кромберг и Шуберт.

Речиси во сите германски возила, од Мерцедес, БМВ и Фолксваген со неговите брендови Порше или Ауди, па се до камионите на еден МАН, досега беше вградуван еден важен дел од Украина: сноп на електрични кабли.

Украина е една од земјите специјализирани за производство на такви кабли за европски автомобили. Војната таму не само што влијае на звучните имиња во автомобилскиот свет, туку се пренесува со верижна реакција на целиот спектар на добавувачи во автомобилската индустрија: нарачките мора да се откажат и возилото не може да се произведе комплетно.

loading...

go88 rút tiền bị từ chối máy chủ go88 Game Go88 mới nhất 2022 dành cho iphone

https://tai.sunwin.gg/