ЕКС МИНИСТЕРОТ АКСЕЛ АХМЕДОВСКИ БАРА ОД МАКЕДОНСКИОТ ТОЛКОВЕН РЕЧНИК ДА СЕ ТРГНАТ НАВРЕДЛИВИТЕ ЗБОРОВИ ЗА РОМИТЕ
ЕКС МИНИСТЕРОТ АКСЕЛ АХМЕДОВСКИ БАРА ОД МАКЕДОНСКИОТ ТОЛКОВЕН РЕЧНИК ДА СЕ ТРГНАТ НАВРЕДЛИВИТЕ ЗБОРОВИ ЗА РОМИТЕ
Заев: Коалиции за локалните избори ќе дефинираме во септември, повикувам на соработка
Заев: Коалиции за локалните избори ќе дефинираме во септември, повикувам на соработка
Филипче: Вакцините од типот на „Синофарм“ полесно се адаптираат за нови соеви на вирусот
Филипче: Вакцините од типот на „Синофарм“ полесно се адаптираат за нови соеви на вирусот
(ВИДЕО) О ГОСПОДЕ БОЖЕ КОЛКУ СЕ ЛУДИ: ДОКТОР ВЕЛО МАРКОВСКИ ИСПЕА ПЕСНА ЗА ОСУДЕНИТЕ УБИЈЦИ И НАСИЛНИЦИ ОД 27-МИ АПРИЛ!
(ВИДЕО) О ГОСПОДЕ БОЖЕ КОЛКУ СЕ ЛУДИ: ДОКТОР ВЕЛО МАРКОВСКИ ИСПЕА ПЕСНА ЗА ОСУДЕНИТЕ УБИЈЦИ И НАСИЛНИЦИ ОД 27-МИ АПРИЛ!
(ВИДЕО) Градоначалникот Богдановиќ најави голема летна градежна офанзива со реконструкции на 14 улици на територија на Општина Центар
(ВИДЕО) Градоначалникот Богдановиќ најави голема летна градежна офанзива со реконструкции на 14 улици на територија на Општина Центар
Светска банка: Следната година македонската економија ќе се врати на ниво како пред пандемијата
Светска банка: Следната година македонската економија ќе се врати на ниво како пред пандемијата
ВМРОВЦИТЕ НА АПАРАТИ - Данскиот министер за надворешни: Импресионирани сме од темпото со кое се одвиваат реформите во Северна Македонија
ВМРОВЦИТЕ НА АПАРАТИ - Данскиот министер за надворешни: Импресионирани сме од темпото со кое се одвиваат реформите во Северна Македонија
БРАВО - Вкупно 3,4 милиони евра за девет општини преку МСИП за капитални проекти
БРАВО - Вкупно 3,4 милиони евра за девет општини преку МСИП за капитални проекти

УШТЕ ЕДНА ЛАЖНА ВЕСТ СЕ РАЗБИ КАКО ТИКВА ОД ТРЕТИ СПРАТ: Судот во Стразбур води постапка за масовната аболиција на Иванов, но не донел одлука

Министерот за правда Бојан Маричиќ демантираше дека судот во Стразбур одлучил масовната аболиција на Ѓорге Иванов од 2016 година да важи, со што, како што објави Вечер.мк, би пропаднале сите судски процеси што се водат по обвинение од СЈО. Но, како што појасни Маричиќ, точно е дека пред Стразбур одредени лица – обвинети или осудени во постапките на поранешното СЈО, почнале постапка со која ги проблематизираат тековните судски постапки токму од аспект на аболициите на Иванов.

Сепак, тој посочи дека постапката за нивно одлучување треба допрва да започне.
„Eвропскиот суд за човекови права на 25.09.2020 година, на одговор до Владата на Република Северна Македонија достави две групи на апликации кои се поднесени против државата пред овој меѓународен суд, a во однос на предмети кои се тековни пред домашните судови и се во врска со прислушкуваните разговори. Но, овие апликации не се одлучени од страна на ЕСЧП, туку на 25.09.2020 година, само се доставени на одговор до Владата на Северна Македонија, а постапката за нивно одлучување треба допрва да почне наредната година. Апсолутна шпекулација се информациите за евентуалните последици по тековните предмети пред домашните судови, кога предметните постапки пред ЕСЧП се во почетна фаза на комуникација, а за исходот од постапките, секако ќе треба да се почека одлуката на ЕСЧП која може да дојде и по 3 години“, истакна министерот за правда.

Тој додаде дека со ширењето на лажната вест дека предметите потонале се врши притисок врз домашната правосудна власт да не одлучува по овие предмети. Претходно, оваа информација излезе на Вечер.мк, каде беше објавено дека Судот за човекови права во Старзбур одлучил дека важи аболицијата на Иванов од април 2016 година, со која од прогон се аболицирани 54 лица. Во таква ситуација, најголем дел од предметите кои сега се во фаза на судење по обвинение од СЈО би морало да запрат.

„Судот во Стразбур за својот став ја известил и македонската влада уште на 14 септември и решил одлуката да се спроведе во две фази. Првата фаза е да се наложи на извршната и судска власт да најдат начин спогодбено да се спроведе одлуката од Стразбур во договор помеѓу правосудниот систем и прогонетиот, односно обвинетите или осудените. Рок за ова е до 20 декември годинава. Со ова треба самиот суд, или сега веќе Јавното обвинителство кое ги презема предметите од СЈО, да се спогодат со обвинетите за повлекување на предметите без барање трошоци, надомест на штета и слично. Втората фаза ќе настапи ако не се изврши бараното во првата фаза. До март следната година, ако нема спогодба, одлуката на Судот за човекови права од Стразбур ќе мора да се спроведе облигаторно, без задршка и без условувања“, објави Вечер.мк.

Инаку, своевремено Иванов донесе одлука за аболиција на широк спектар на тогашни високи државни функционери, што се смета како повод за почеток на Шарената револуција. Меѓутоа, под притисок на јавноста тој Иванов ја повлече масовната аболиција. Подоцна, дел од обвинетите почнаа да се повикуваат на неа, истакнувајќи дека кога еднаш ќе биде прогласена не може да се повлече.

loading...

AniWatch aniwatch me: Watch Kimetsu no Yaiba: Yuukaku-hen Episode Preview

AnimeHeaven anime heaven site: Gintama (https://animeheaven.pro/m/pDo) Episode 201