ГЕРОСКИ СИ ПРИЗНА: БЕВ НА СОСТАНОК СО МИЦКОВСКИ СО ОДРЕДЕНИ УРЕДНИЦИ, НИ КАЖА ДЕКА ВМРО ДПМНЕ ВОДИ НА АНКЕТИ ПРЕД СДСМ!
ГЕРОСКИ СИ ПРИЗНА: БЕВ НА СОСТАНОК СО МИЦКОВСКИ СО ОДРЕДЕНИ УРЕДНИЦИ, НИ КАЖА ДЕКА ВМРО ДПМНЕ ВОДИ НА АНКЕТИ ПРЕД СДСМ!
ШОКАНТНО: Со воајерство не се задржува фотелја! Медиуми на Мицкоски безобразно задираат во приватноста на Коневски
ШОКАНТНО: Со воајерство не се задржува фотелја! Медиуми на Мицкоски безобразно задираат во приватноста на Коневски
ВАКВА ТЕПАЧКА ДОСЕГА НЕ СЕ ДЕСИЛА, ЗНМ И МЕТАМОРФОЗИС: ДЕМАНТ на објавата на ЗНМ и ССНМ во однос на постапувањето на Фондацијата Метаморфозис во регулирање на работните односи
ВАКВА ТЕПАЧКА ДОСЕГА НЕ СЕ ДЕСИЛА, ЗНМ И МЕТАМОРФОЗИС: ДЕМАНТ на објавата на ЗНМ и ССНМ во однос на постапувањето на Фондацијата Метаморфозис во регулирање на работните односи
РАБОТЕН СОСТАНОК НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ШИЛЕГОВ СО ВИЦЕ ПРЕМИЕРОТ НИКОЛОВСКИ ЗА ПЛАНОТ ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА
РАБОТЕН СОСТАНОК НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ШИЛЕГОВ СО ВИЦЕ ПРЕМИЕРОТ НИКОЛОВСКИ ЗА ПЛАНОТ ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА
Град Скопје и ООН организираат настани насловени Вечери на женски права
Град Скопје и ООН организираат настани насловени Вечери на женски права
Скопје Зоо си доби своја ЕКО ЗОНА со бесплатен интернет, држачи за велосипеди, канти за селекција на отпад, благодарение на Go Green
Скопје Зоо си доби своја ЕКО ЗОНА со бесплатен интернет, држачи за велосипеди, канти за селекција на отпад, благодарение на Go Green
Oтворен ден за волонтери во ЈП Лајка Скопје
Oтворен ден за волонтери во ЈП Лајка Скопје
БРАВО - БРЗА ЕКСТРАДИЦИЈА ОД БРАТСКА БУГАРИЈА: Затворот во Идризово го пречека Игор Спасов, бегалецот заврши зад решетки
БРАВО - БРЗА ЕКСТРАДИЦИЈА ОД БРАТСКА БУГАРИЈА: Затворот во Идризово го пречека Игор Спасов, бегалецот заврши зад решетки

УШТЕ ЕДНА ВМРОВСКА ЛАГА ПУКНА КАКО МЕУР ОД САПУНИЦА: „Хациендата“ на грчкото крајбрежје е на продажба и нема врска со премиерот Зоран Заев

Ниту вилата во Неа Мудања во Грција, е на премиерот Зоран Заев, за што се пишуваше пред неколку години, а сега тоа го потврди и претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, ниту, пак, тоа е вистина за „хациендата“ на Касандра, за која се пишува сега и за која се утврди дека е на продажба од страна на грчка агенција на недвижности, чиј оглас е сè уште на интернет.

Во објава на Фејсбук линкуван е напис од портал во кој се пишува за наводната „хациенда“ на „фамилијата Заеви“ на Халкидики:

Од приложените фотографии новиот имот на фамилијата Заеви се четири огромни објекти, на самиот крај на првиот крак Касандра на грчкото крајбрежје, како и дека за разлика од вилата во Неа Мудања, новата хациенда е многу полуксузна и многу поголема, има приватен базен и е сместена на самата плажа.

По неговиот официјален демант на таквата вест, медиумот започна да пишува за богатството на семејството Заеви, користејќи множина како број на поседници на големо богатство, но со акцент на презимето, кое предизвикува љубопитност кај јавноста:

Македонскиот премиер Зоран Заев вчера, но и на неколку наврати во последниве години негираше дека поседува имот надвор од Македонија, но кога станува збор за неговата фамилија тој велеше ’ќе ги прашате нив’, иако речиси цел Балкан известува дека Заеви поседуваат огромен имот во Грција.

Овој напис споделен на Фејсбук е само еден од повеќето на оваа тема, при што во нив се манипулира на разни начини. Во насловот на еден од нив е: „Видете ја новата ‘куќа-засолниште’ на македонскиот премиер Зоран Заев на Халкидики“, во друг се вели дека „хациендата“ е на „семејството Заеви“, во трет се спомнуваат братучедите на премиерот, а во четврт, пак, братот на премиерот, Вице Заев, за кој премиерот „не кажувал“ дали објектот е негов. Со ова се замаглува вистината, се шират манипулации, се зголемува бројот на можните „виновници“, а за ништо од тоа не се изнесуваат докази.

За едно демократско општество, згора и пазарно стопанство, интересно во погледот на богатството може да биде само кон она на носителите на јавни функции и тоа гледано како разлика од стекнатиот имот пред да станете функционер и она што е резултат во вршењето на јавната работа, за евентуално да се согледа некаква злоупотреба на функцијата.

Околу тоа не би требало да постои дилема. Дали, како што се гледа од цитатот, светлата на рефлекторите треба да бидат завртени кон поширокото семејство на премиерот? До каде е опсегот на интересот на Државната комиосија за борба против корупцијата (ДКСК) во вакви околности?

– Ние говориме за семејна заедница. Тоа е границата на интересот – лица кои живеат на иста адреса и, што се вели, „јадат од исто тенџере“. Дали евентуално има некаде префрлување на богатство од една на друга сметка, односно од една на друга семејна заедница тоа е надлежност на други органи, со други ингеренции и тоа не е наш интерес кога се имотните состојби на функционерите – ни изјави претседатеолката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Во однос на наводната „хациенда во Неа Мудања“, Ивановска потврди дека за тоа претходната екипа на Антикорупциска повела постапка, но дека е утврдено оти тој имот не му припаѓа на Зоран Заев, тогаш лидер на опозицијата, па тоа прашање е ставено ад акта.

На последните две средби на членовите на Антикорупциска со претставници на власта (со вицепремиерот задолжен за борба со корупцијата и со министерот за правда) побарано е да се донесе Закон за ипитување на имотот, кој би ги опфаќал можност за контрола на имотот на пошироката популација. Но, што тој Закон ќе донесе и кои органи ќе можат да се користат во борбата со корупција би се видело тогаш.

Засега е сосема јасно, од аспект на интересот на јавноста, дека не може да се прави случај поврзан со името на премиерот, ако се однесува на било кој сродник со кого тој не е во иста семејна заедница.

Случајот со наводната вила (вили) на крајот на Касандра е затворен со истражувањето на колегите од „Слободен печат“ и таа сторија, исто така, не може да се врзува со името на премиерот. Според ова истражување, крајбрежната вила од фотографијата е на продажба од страна на грчка агенција за недвижности. На страницата на агенцијата „Сузан Џејмисон“ сè уште можат да се видат фотографиите од наводната „вила на Заев“, која и понатаму е на продажба за секој заинтересиран.

Со оглед на сето ова „Вистиномер“ ја оценува оваа сторија и објавата како невистинити.

loading...

Pokemon Journeys: The Series Episode 51 at website https://animeflix.nl animeflix hero academia

Watch Sword Art Online: Progressive Movie - Hoshi Naki Yoru no Aria Episode 2 Preview (https://animefreak.ws/m/1KE7/ep-2) at website https://animefreak.ws animefreak latest