ЗАЕВ ИМА ЕДНА ЧОВЕЧКА ТОПЛИНА И ХАРИЗМА КОЈА Е КАКО МАГИЈА
ЗАЕВ ИМА ЕДНА ЧОВЕЧКА ТОПЛИНА И ХАРИЗМА КОЈА Е КАКО МАГИЈА
ШЕКЕРИНСКА: ГИ РЕНОВИРАМЕ СИТЕ ВОЕНИ ОБЈЕКТИ СО СИСТЕМИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ВОВЕДУВАМЕ ГРЕЕЊЕ НА ГАС ЗА ДА ЈА ЗАШТИТИМЕ ПРИРОДАТА
ШЕКЕРИНСКА: ГИ РЕНОВИРАМЕ СИТЕ ВОЕНИ ОБЈЕКТИ СО СИСТЕМИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ВОВЕДУВАМЕ ГРЕЕЊЕ НА ГАС ЗА ДА ЈА ЗАШТИТИМЕ ПРИРОДАТА
ВМРОВЦИТЕ СЕ БУНАТ ЗА НОВАТА ОБВРЗНИЦА ИЗДАДЕНА ВО СРЕД КОРОНА КРИЗА КОГА ЦЕЛОТО ГРАЃАНСТВО И СТОПАНСТВО БАРА ПОМОШ ОД ВЛАДАТА!!!
ВМРОВЦИТЕ СЕ БУНАТ ЗА НОВАТА ОБВРЗНИЦА ИЗДАДЕНА ВО СРЕД КОРОНА КРИЗА КОГА ЦЕЛОТО ГРАЃАНСТВО И СТОПАНСТВО БАРА ПОМОШ ОД ВЛАДАТА!!!
АНАСТАСОВ: Новиот дрворед 🌳на улица „Илинденска“ во Пробиштоп од денес ќе го разубавува градот
АНАСТАСОВ: Новиот дрворед 🌳на улица „Илинденска“ во Пробиштоп од денес ќе го разубавува градот
БРАВО ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ - СТИГНА НАЈСИЛЕН КОМПЛИМЕНТ ОД ИСТОЧНИОТ СОСЕД: Скопје стана Запад за Софија!
БРАВО ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ - СТИГНА НАЈСИЛЕН КОМПЛИМЕНТ ОД ИСТОЧНИОТ СОСЕД: Скопје стана Запад за Софија!
Заев воздржан: Преку де-ха-ел ќе пристигнат 3.000 вакцини СПУТНИК 5 во недела, Венко и рускиот амбасадор ќе ги пречекаат. Но, да почекаме
Заев воздржан: Преку де-ха-ел ќе пристигнат 3.000 вакцини СПУТНИК 5 во недела, Венко и рускиот амбасадор ќе ги пречекаат. Но, да почекаме
ЗА ЦРНА ПРОПАГАНДА И ВАЛКАНИ МЕСТЕНКИ СЕ НЕНАДМИНАТИ - ВМРО ДПМНЕ во пакт со Обединетата Македонска дијаспора сепак победија Фрчкоски да не биде наш амбасадор во САД
ЗА ЦРНА ПРОПАГАНДА И ВАЛКАНИ МЕСТЕНКИ СЕ НЕНАДМИНАТИ - ВМРО ДПМНЕ во пакт со Обединетата Македонска дијаспора сепак победија Фрчкоски да не биде наш амбасадор во САД
(ВИДЕО) ПРЕМИЕРОТ ДЕНЕСКА МНОГУ ДОБРО РАСПОЛОЖЕН, ГИ ПОФАЛИ НОВИНАРИТЕ: МНОГУ УБАВО ИЗГЛЕДАТЕ ДЕНЕСКА, ОСОБЕНО НОВИНАРКИТЕ
(ВИДЕО) ПРЕМИЕРОТ ДЕНЕСКА МНОГУ ДОБРО РАСПОЛОЖЕН, ГИ ПОФАЛИ НОВИНАРИТЕ: МНОГУ УБАВО ИЗГЛЕДАТЕ ДЕНЕСКА, ОСОБЕНО НОВИНАРКИТЕ

ПРАВДАТА КОНЕЧНО ПОБЕДИ ВО ЦЕНТАР: Уставниот суд на РСМ ја поништи одлуката за „мораториум на градби“ во Општина Центар

На 34-та седница на Уставниот суд на РСМ за преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за начинот на применување на деталните урбанистички планови донесена од Советот на Општина Центар на 27.3.2019-тагодина. Уставните судии одлучија да ја прифатат иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за начинот на применување на деталните урбанистички планови.

Со оваа одлука за прифаќање на иницијативата поднесена од двајца граѓани на Охрид и со неприфаќањето на било каква дискусија, ни станува јасно како ќе се одвива дискусијата на уставните судии.
Откако се корегираа одредени планови и се усогласија со важечкиот Генерален урбанистички план (ГУП) на Град Скопје, одеднаш пристигнаа и иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на одлуката за неспроведување на деталните урбанистички планови и тоа внимавајте, не од жители на Општина Центар, ниту на Град Скопје, туку ни помалку, ни повеќе – од граѓани на Охрид.
Одлуката за применување на деталните урбанистички планови, која што ја донесе Општина Центар, не е иста како претходната туку напротив, го оценува начинот на кој се спроведуваат деталните урбанистички планови. Тоа значи дека тоа што го наведува и ГУП-от, дека сите планови донесени пред ГУП-от, а нивните параметри не се усогласени со ГУП-от значи дека истите не може да се спроведуваат.
Имено, согласно Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 година се дефинира дека суштинската карактеристика на системот на урбанистичкото планирање, кој произлегува од Законот за просторно и урбанистичко планирање е двостепеноста на системот на урбанистичкото планирање на градовите.
Двостепеноста се остварува со генерални и детални урбанистички планови, при што во генералните урбанистички планови се одредуваат зоните на намената на земјиштето и функционалната организација на просторот, примарните инфраструктурални мрежи и основните услови за изградба, додека деталните планови служат за разработка и спроведување на генералните урбанистички планови. Врската помеѓу генералните и деталните планови, каде што е предвидено дека и облигациите за нивната хиерархиста усогласеност во Законот е утврдено дека деталниот урбанистички план, како план од пониско ниво, мора да биде усогласен со генералниот урбанистички план.

Генералниот урбанистички план 2012-2022 година стриктно наведува дека: „Во периодот до донесување то на Генералниот урбанистички план за град Скопје 2012-2022 до усогласувањето на деталните урбанистички планови кои ги донесуваат општините во составот на градот Скопје, деталните урбанистички планови кои се на сила можат да се применуваат само и исклучиво во оние делови од планскиот опфат кои се во согласност со Генералниот урбанистички план на град Скопје 2012-2022, односно не се спротивни ниту на една негова одредба.“
Планските документации кои се опфатени со Одлуката за начинот на применување на деталните урбанистички планови се однесуваат на планови кои што се донесени 2011, 2012, па дури и 2003 година. Ако се земе предвид временската дистанца, дивжењето на имотот, имотно правните односи, правото на сопственост, и преостанатите права кои произлегуваат од нив во најголема мера претрпеле низа на промени. Тие промени се однесуваат во постапки за дооформување на земјиште, легализација, приватизација, постапки по отуѓување на градежно земјиште со непосредна спогодба, долготраен закуп или јавно наддавање.

Потребите на граѓаните нужно се промениле. Сопственоста, нејзиното стекнување, располагање и правораздавање е динамична категорија и со проток на време нужно трпи промени.
Во тој контекст, параметрите зададени во цитираните детални урбанистички планови опфатени во Одлуката за начинот на применување на деталните урбанистички планови, оспорена со Иницијативата У.бр.273/2020, се веќе неприменливи и се надвор од параметрите зададени од Генералниот урбанистички план на град Скопје 2012-2022. Во смисла пак на самите детални урбанистички планови опфатени со оспорената Одлука, веќе дел од нив и се донесени од страна на Советот на Општина Центар-Скопје (ДУП „Тасино Чешмиче 2“, ДУП „Мирче Мацан“, „Даре Џамбаз“ и сл.) и произведуваат правно дејство на начин што овозможуваат плодоуживање на стекнатите права.

Тоа значи дека на 27.3.2020 Советот на Општина Центар донесе одлука која е веќе содржана во Генералниот урбанистички план на Град Скопје. Со оваа постапка е повеќе од јасно дека Уставниот суд се става во надредена позиција врз општината и со тоа, ги ускратува сите можности Општина Центар да реагира во измена на деталните урбанистички планови, додека праксата говори дека лош план може да се замени само со нов, подобар план, што всушност беше и појдовната намера на општината со новите планови.

Со ова практично Уставниот суд само допушти да биде прекршен Законот за просторно и урбанистичко планирање, (а со тоа и ГУП на Град Скопје 2012-2022) каде што изрично е наведено дека Деталните урбанистички планови МОРА да бидат усогласени со Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022.

Очигледно е дека ако земеме предвид кој е подносител на иницијативата, јасно е дека никој не ја цени нашата заложба и мислењето на архитектите, урбанистите и стручната јавност, луѓе кои посветија огромен труд за да се направат промени на подобро со деталните урбанистички планови во Општина Центар.

Таков пример се досега донесените 5 урбанистички планови, чие донесување беше поздравено од советниците и од граѓаните, но пред сѐ од стручната јавност. Тоа е видливо од повеќе примери од одредени локалитети, каде зградите и објектите беа заменети со површини кои ги бараа граѓаните, односно паркови, градинки, детски игралишта итн., а онаму каде што објектите беа во одредена фаза на развој, им беше дадена насока за усогласување на параметрите на ГУП-от, почитувајќи ја нашата јасна интенција – овозможување на хумано живеење.

Доколку со оваа одлука биде укината, одлуката за начинот на спроведување на деталните урбанистички планови, ќе стапат на сила старите планови, за кои што граѓаните и тоа како се противеа. Оттука, за сѐ што ќе се случува понатаму, одговорноста наместо во општината, мора да се бара во Уставниот суд, кој ги скрати можностите на Општина Центар за било каква промена со новите детални урбанистички планови.

Нашата борба не завршува со оваа одлука, напротив, ни го дава потребниот ветар в грб. Општина Центар и јас како нејзин градоначалник, избран од граѓаните на Центар на непосредни, фер и демократски избори, ќе направиме сѐ што е во наша надлежност со единствена цел, да ја направиме општината подобро и похумано место за живеење.

ОПШТИ ПРИНЦИПИ ВО СИТЕ ПЛАНОВИ:

1. Усогласување на границите на планскиот опфат со ГУП на град Скопје 2012-2022 и со сообраќајни студии и проекти од повисоко ниво.
2. Усогласување на параметрите од ДУП-от со условите од ГУП во однос на застапеност на намени, површини итн.
3. Почитување на стандардите за урбанистичко планирање во однос на оддалеченост на објекти од дно на парцела со цел подобро осончување и подобри услови за живеење на новите, но и постојните жители.
4. Вградување на условот за минимум 20% зеленило во парцела според новиот Закон за урбано зеленило, како и обврската за обезбедување на паркинг во сопствена парцела (во некои претходни документации таа е изземана)
5. Обезбедување на јавни функции кои многу недостасуваат во Општина Центар како како зеленило, детски игралишта, образование, паркинг, локации за контејнери и трафостаници итн. пред се преку искористување на земјиштето во државна сопственост.

Една од работите за кои се води сметка во евалуацијата на деталните урбанистички планови е да се лоцира земјиштето во државна сопственост и да се искористи за јавни намени кои многу недостасуваат во Општина Центар, како зеленило, детски игралишта, образование, амбуланти, паркинг, локации за контејнери и трафостаници итн.

На пример во донесените планови:
1. ДУП Градска четврт И02 Ново Маало 1:
-Парцелата меѓу Олимписки базен и бул.Кочо Рацин каде со претходниот план беше планирана градба на хотелски комплекс (Г.П. 3.05, намена Б5) со површина во основа од 1780 m2, вкупна развиена површина од 16020 m2, висина на кровен венец 29m и катност од 9 нивоа (П+7+Пк), во новиот план е намената во Д1-парковско зеленило со површина од 2881 m2.
Денес на таа локација е уреден велосипедски памптрак.

Парцела меѓу Олимписки Базен и бул. Кочо Рацин – Споредба ПРЕД – ПОТОА

2. ДУП Градска четврт И03 Мирче Мацан:
-Во однос на претходниот план, парцелата на гимназијата Раде Јовчевски Корчагин е зголемена од 8386,46 m2 на 9324 m2, поточно за 938 m2 или за 12%. Во претходниот план било предвидено намалување на дворот од сообраќајницата и наместо да се надомести со соседното државно земјиште, таму била предвидена станбена зграда од П+6+Пк.

Гимназија Раде Јовчевски Корчагин – Споредба ПРЕД – ПОТОА
-Површината на јавно зеленило (локални паркчиња и детски игралишта) во опфатот ќе изнесува 6383 m2. Ќе има неколку нови локални паркчиња, а меѓу поголемите локален парк од 492 m2. Во важечкиот план имаше предвидено само едно локално паркче од 158 м2.
-Јавниот простор е зголемене за 3002 м2, а намалената е вкупната површина под градежни парцели за истата површина. Намалена е и развиената површина (збирната површина од сите предвидени катови) за 6,6% поточно за вкупно 10 169 m2

3. ДУП Градска четврт И04 Даре Џамбаз
-Со новото планско решение е зачуван постоечкиот парк на јужниот дел од четвртта (од 808 m2) кој со претходниот план беше предвиден за катна гаража. Катната гаража е испланирана на јужниот крај од четвртта кон бул. Македонија.
-Вкупното зеленило се зголемува од 4122,6 m2 во стариот план на 5689,71 m2 во новиот план, поточно за 38%.

-За еден од објектите од веќе изградениот станбено-деловен комплекс на ул. 11 Октомври кој беше предвиден да се догради до П+8 или 30 метри со стариот план, во новиот план не се предвидува промена со што комплексот го задржува постојниот волумен и нема да се нарушат условите за постојните жители.

Станбено-деловен комплекс на ул. 11 Октомври – Споредба ПРЕД – ПОТОА

4. ДУП Градска четврт И06 Пролет

-Извршена е пренамена на парцелата 1.02 покрај Основното училиште 11-ти Октомври од објект на локална самоуправа во објект со намена В2: Здравство и социјална заштита, поточно детска градинка.
На местото на постоечката месна заедница Корчагин, ќе може да се изгради детска градинка со површина на парцела 1992 m2 и површина за градба од max 1334 m2, а развиена површина од 2668 m2.
-Покрај постоечката кула, на местото на денешниот паркинг, на парцелата 1.27 ќе може да се изведе паркинг со 2 нивоа: едно полуподземно и едно полунадземно ниво (со цел да не се нарушуваат видиците на станарите).
Овој паркинг со површина од 1635 m2 во основа се предвидува со цел да се решат проблемите со паркирање на постоечките објекти, а притоа да не се уништува зеленилото, како што се предвидувало во претходните варијанти на плановите.
-Сите уредени зелени површини се зачувуваат.
Површината под јавно зеленило е зголемена од 4283 на 8788 m2 во однос на претходните планови кои беа ставени под мораториум.
Toa зеленило го опфаќа постоечкото зеленило меѓу постоечките станбени згради, но и неколку нови помали површини, кои не беа предвидени како зеленило во претходните планови, а во стварноста се зелени.
Зачувано е детското игралиште, кое заедно со најголем дел од зеленилото меѓу станбените објекти ќе беа уништени доколку се дозволеа надградби и не се решеше проблемот со паркирање со споменатиот паркинг на 2 нивоа.

5. ДУП Градска четврт Ј06 Тасино Чешмиче
Предвидената е парцела за здравствена заштита на државно земјиште, место каде во претходната планска документација беше предвидено домување.

loading...

Watch Dr. Stone Episode 23 (https://animeplanet.cc/m/37jg/ep-23) at website https://animeplanet.cc seven deadly sins anime planet

Watch Bleach (Dub) Episode 363 (https://animeflix.nl/m/q13l/ep-363) at website https://animeflix.nl high school dxd animeflix