Трајанов: Се нарушува етничкиот баланс во Владата, ќе имаме повеќе министри албанци од македонци
Трајанов: Се нарушува етничкиот баланс во Владата, ќе имаме повеќе министри албанци од македонци
Шахпаска: Аудио-читачот „Хана“, достапен за слепите лица кои говорат албански јазик, е потврда на концептот „Едно општество за сите“
Шахпаска: Аудио-читачот „Хана“, достапен за слепите лица кои говорат албански јазик, е потврда на концептот „Едно општество за сите“
Жители на Ново Маало: „Зелен Хуман Град“ и останатите лажни борци за екологија немаат право да одлучуваат во име на нашите имоти
Жители на Ново Маало: „Зелен Хуман Град“ и останатите лажни борци за екологија немаат право да одлучуваат во име на нашите имоти
Заев и Ескобар: Партнерството меѓу САД и Северна Македонија и членството на земјата во ЕУ се многу важни за Скопје и Вашингтон
Заев и Ескобар: Партнерството меѓу САД и Северна Македонија и членството на земјата во ЕУ се многу важни за Скопје и Вашингтон
ДАНСКА ЌЕ НАСАДИ ДЕСЕТИЦИ ИЉАДИ ПЛОВЕЧКИ ВЕТЕРНИЦИ НА СЕВЕРНО МОРЕ ЗА ДА ЈА СНАБДУВА ЦЕЛА ЕВРОПА СО ЗЕЛЕНА ЕНЕРГИЈА
ДАНСКА ЌЕ НАСАДИ ДЕСЕТИЦИ ИЉАДИ ПЛОВЕЧКИ ВЕТЕРНИЦИ НА СЕВЕРНО МОРЕ ЗА ДА ЈА СНАБДУВА ЦЕЛА ЕВРОПА СО ЗЕЛЕНА ЕНЕРГИЈА
ФИНСКА ЈА ГРАДИ НАЈГОЛЕМАТА НУКЛЕАРНА ЦЕНТРАЛА ВО ЕВРОПА, ОТПАДОТ ЌЕ ОДИ НЕКОЛКУ КИЛОМЕТРИ ПОД ЗЕМЈА!
ФИНСКА ЈА ГРАДИ НАЈГОЛЕМАТА НУКЛЕАРНА ЦЕНТРАЛА ВО ЕВРОПА, ОТПАДОТ ЌЕ ОДИ НЕКОЛКУ КИЛОМЕТРИ ПОД ЗЕМЈА!
Со картичките на Комерцијална банка обувките на Пеко до 19 декември може да ги купите и на попуст и на рати
Со картичките на Комерцијална банка обувките на Пеко до 19 декември може да ги купите и на попуст и на рати
Груби: Дигиталната апликација “Хана“, сегмент на еднакво општество
Груби: Дигиталната апликација “Хана“, сегмент на еднакво општество

Утре, недела, кога ќе станете од спиење, поместете ги часовниците 1 час напред, почнува летното сметање на времето

Од ноќеска во два часот по полноќ почнува летното сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред, што значи дека наместо два ќе биде три часот.

Летното сметање на времето завршува на 31 октомври во 3 часот по полноќ.

Се очекуваше оваа година да биде последно помесување на времето. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па не е сосема сигурно дека ова ќе биде последното поместување на часовниците во ЕУ.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот.

Во 2018 година, Европската комисија спроведе онлајн анкета на која својот став го искажаа 4,6 милиони учесници. Мнозинството од нив побараа да се запре промената на времето. Сепак, до денес не е постигнат консензус меѓу земјите на ЕУ за тоа кое време да се воведе – летно или зимско сметање на времето.

Неколку европски земји веќе се откажаа од промена на времето. Исланд, на пример, последен пат ги помести стрелките на часовникот во 1968 година. За земјите во регионите на Арктикот, промената на времето навистина нема многу смисла, бидејќи на врвот на летото и зимата е тешко да се зборува за ден и ноќ. Белорусија не го менува времето од 2011 година, а Русија од 2014 година.

САД следат своите правила. Летното сметање на времето таму веќе започна, стрелките на часовникот беа поместени на 14 март. Така ќе остане до 7 ноември, т.е. летното време ќе заврши една недела подоцна отколку во Европа.

Преминувањето од зимско во летно време скусува еден час од нашиот сон. Тоа влијае не само на нашите часовници, туку и на нашиот дневен ритам и здравје. По промената од зимско во летно сметање на времето, ќе биде подолго темно наутро, а навечер подолго ќе биде светло. Под овие околности, некои луѓе, особено деца и стари лица, често се жалат на несоница и губење на апетит. Истражувањето на институтот Форса покажува дека 24 проценти од над 1.000 испитаници имале здравствени проблеми поради промената на сметањето на времето.

Најчесто пријавени симптоми се замор и исцрпеност (85 проценти). Ова е проследено со проблеми со спиењето (70 проценти) и тешкотии во концентрацијата (48 проценти). Дванаесет проценти од оние кои имале здравствени проблеми поради поместувањето на часовникот изјавиле дека се во депресивна состојба.

Во моментов со ЕУ претседава Португалија. На прашањето дали оваа земја ќе го стави проблемот на разгледување во текот на своето претседателство, нема одговор, посочува Дојче веле. Мнозинството Германци веќе имаат загубено верба: 63 проценти од испитаниците го имаат отпишано решавањето на ова прашање во догледно време, покажува истражувањето на институтот Форса.

loading...

https://animeheaven1.com/. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

AnimeHeaven Attack on Titan Season 2

Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town?

AnimeHeaven DARLING in the FRANXX (Dub)

Horimiya (Dub)

Your Name. Episode Full