ШИЛЕГОВ: И оваа година, проектот „Да растеме заедно” Ви овозможува да засадите дрво кое заедно со Вашето детенце, ќе израсне големо и силно. На дрвото ќе биде поставена плочка со името и датумот на раѓање на Вашето дете

(ВИДЕО) ШИЛЕГОВ: Двете BRT линии поминуваат во близина на многу средни училишта во Скопје, правејќи го одењето кон и од училиште полесно и побезбедно за многу скопски ученици
(ВИДЕО) ШИЛЕГОВ: Двете BRT линии поминуваат во близина на многу средни училишта во Скопје, правејќи го одењето кон и од училиште полесно и побезбедно за многу скопски ученици
ШИЛЕГОВ: Во соработка со УНДП, како резултат на иницијативата на Град Скопје и Центарот за иновации Скопје Лаб, Скопје доби уште еден зелен сквер во центарот на градот
ШИЛЕГОВ: Во соработка со УНДП, како резултат на иницијативата на Град Скопје и Центарот за иновации Скопје Лаб, Скопје доби уште еден зелен сквер во центарот на градот
Забрчанец: Медиумскиот фонд ќе помогне и за домашна продукција на македонски јазик, што ни е насушна потреба
Забрчанец: Медиумскиот фонд ќе помогне и за домашна продукција на македонски јазик, што ни е насушна потреба
Денес на 08.05.2021 после долго и тешко боледување, во Скопје, почина Кирил Псалтиров доајен на македонското глумиште
Денес на 08.05.2021 после долго и тешко боледување, во Скопје, почина Кирил Псалтиров доајен на македонското глумиште
(ВИДЕО) ЕВЕ ЗОШТО Е ГЕНЕРАЛ И ЗОШТО БИЛ КОМАНДАНТ НА ТИГРИТЕ - Генерал Ангелов погоди со пиштол шише на 100 метра растојание!
(ВИДЕО) ЕВЕ ЗОШТО Е ГЕНЕРАЛ И ЗОШТО БИЛ КОМАНДАНТ НА ТИГРИТЕ - Генерал Ангелов погоди со пиштол шише на 100 метра растојание!
СПАСОВСКИ: Особена чест и задоволство ми претставува доделувањето на 6 плакети за успешно реализирани ОА во МВР, признанија за оние кои биле и се пример и инспирација за она што сме го постигнале во изминатиов период, како МВР на РСМ

ВЕНКО РАСТУРА - Вакцинирани над 97 илјади граѓани, повеќе од 250 илјади се пријавиле на „vakcinacija.mk“
ВЕНКО РАСТУРА - Вакцинирани над 97 илјади граѓани, повеќе од 250 илјади се пријавиле на „vakcinacija.mk“

ВАКА-ТАКА, ВЕНКО ЈА ТУРКА ВАКЦИНАЦИЈАТА, СЕ МАЧИ ЧОВЕКОТ, ДОСЕГА ВАКЦИНИРАНИ 35 000 ЛУЃЕ, ВО ПОНЕДЕЛНИК СТИГААТ ФАЈЗЕР ВАКЦИНИТЕ, ВО ВТОРНИК ФИЛИПЧЕ ОДИ ВО ПОСЕТА НА ТОРЛАК ВО БЕЛГРАД

Фајзер вакцините стигнуваат в понеделник преку Софија, во Белград ќе се договора партнерство со „Торлак“

До добивањето на вакцините на Фајзер во понеделник, на располагање има уште 10.000 вакцини од Астразенека, нешто помалку од 3.000 од Спутник и 1.000 кинески вакцини, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче.

За вакцините на Фајзер, Филипче кажа дека е потврдено дека ќе стигнат во понеделник, и тоа со авион до Софија, а попладне со специјален транспорт ќе бидат донесени во Скопје.

Што се однесува до процесот на вакцинација, тој изјави дека заклучно со вчера вакцинирани се 35.000 лица, од нив 13.000 ја примиле вакцината Астразенека, како и дека деновиве има поголема фрекфенција на закажување на вакцинација.

Филипче најави дека во вторник идната недела претставници на Министерството за здравство ќе одат во официјална посета на Белград каде што ќе имаат средба со српскиот министер за здравство Лончар, но и со директорката на институтот Торлак и дека ќе разговараат за повеќе важни теми, вклучувајќи и стратешки план за набавка на вакцини во иднина. Според Филипче, сега не е потребна нова набавка на вакцини, но целта е Торлак да ни биде стратешки партнер во иднина, во зависност од тоа како ќе се одвива пандемијата.

Во однос на состојбата со болничките капацитети, тој кажа дека состојбата во болниците после мини притисокот во понеделникот е стабилна, нема голем неконтролиран наплив на пациенти и дека вчера и утрово имало доволен број слободни кревети.

Во вторник министерот Венко Филипче и претставници од министерството за здравство ќе одат во Белград на средба со српскиот министер за здравство Златибор Лончар за да договорат стратешки план за набавка на вакцини.

Ваквиот потег доаѓа откако во институтот почнаа да се произведуваат вакцини на „Спутник В“, а со цел да се договори стратешко партнерство за во иднина.

– Иако овој момент не се потребни вакцини од таму, сепак, имаме разни најави, не можеме да претпоставиме што ќе се случува понатаму, и сметам дека инситутот Торлак ќе биде стратешки партнер за во идниот период за набавка на вакцини“, рече Филипче.

Тој посочи дека на средбата покрај за вакцини ќе се разговара и за други важни теми за меѓусебна соработка.

loading...

AnimeFreak anime stream: Tokyo Ghoul Episode 12

ANIMEFLIX danganronpa animeflix: Scum's Wish Episode 12