(ВИДЕО) ИСТОРИСКА УТАКМИЦА: ЦРВЕНА ЅВЕЗДА СО НАШИОТ КИРИЛ ДОЈЧИНОВСКИ ГО ПОБЕДУВА ЛИВЕРПУЛ 3 СПРЕМА 1 НА ЕНФИЛД ПРЕД 45 000 ПУБЛИКА!
(ВИДЕО) ИСТОРИСКА УТАКМИЦА: ЦРВЕНА ЅВЕЗДА СО НАШИОТ КИРИЛ ДОЈЧИНОВСКИ ГО ПОБЕДУВА ЛИВЕРПУЛ 3 СПРЕМА 1 НА ЕНФИЛД ПРЕД 45 000 ПУБЛИКА!
(ВИДЕО) ПИКСИ: НАМЕСТО ЈАС ДА ДАДАМ ГОЛ, ПОУБАВО МИ БЕШЕ НА ДУШАТА ДА МУ НАМЕСТАМ НА ПАНЧЕВ ДА ЗАБИЕ ГОЛ, АМА ТОЈ ПА СЕКОГАШ МИ ВИКАШЕ ФАЛА ЗА АСИСТЕНЦИИТЕ
(ВИДЕО) ПИКСИ: НАМЕСТО ЈАС ДА ДАДАМ ГОЛ, ПОУБАВО МИ БЕШЕ НА ДУШАТА ДА МУ НАМЕСТАМ НА ПАНЧЕВ ДА ЗАБИЕ ГОЛ, АМА ТОЈ ПА СЕКОГАШ МИ ВИКАШЕ ФАЛА ЗА АСИСТЕНЦИИТЕ
КОМЕДИЈА ДЕЛ АРТЕ НА СУДСКИОТ ПРОЦЕС ЗА БОНЕВА И ПАТАРИНИТЕ: Удар во зајак и куче, исечени гуми, обиди да ја истуркаат од патот: 9-те сообраќајки на Бонева
КОМЕДИЈА ДЕЛ АРТЕ НА СУДСКИОТ ПРОЦЕС ЗА БОНЕВА И ПАТАРИНИТЕ: Удар во зајак и куче, исечени гуми, обиди да ја истуркаат од патот: 9-те сообраќајки на Бонева
ПАДНА ДОГОВОР: АРМИСКИТЕ И ПОЛИЦИСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ЌЕ СЕ РЕНОВИРААТ СО НАЈСОВРЕМЕНА ОПРЕМА ВО ЧЕШКА
ПАДНА ДОГОВОР: АРМИСКИТЕ И ПОЛИЦИСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ЌЕ СЕ РЕНОВИРААТ СО НАЈСОВРЕМЕНА ОПРЕМА ВО ЧЕШКА
ЛЕТЕЧКАТА АМЕРИКАНСКА ТВРДИНА AC-130 НАОРУЖАНА СО МИТРАЛЕЗИ РАКЕТИ И БОМБИ ДЕНЕСКА СИМУЛИРАШЕ ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА НА ВОЕНИОТ ПОЛИГОН КРИВОЛАК
ЛЕТЕЧКАТА АМЕРИКАНСКА ТВРДИНА AC-130 НАОРУЖАНА СО МИТРАЛЕЗИ РАКЕТИ И БОМБИ ДЕНЕСКА СИМУЛИРАШЕ ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА НА ВОЕНИОТ ПОЛИГОН КРИВОЛАК
БОГДАНОВИЌ ПОДЕЛИ 150 ТОПЛИ ОБРОЦИ ХРАНА ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ РАМАЗАН БАЈРАМ
БОГДАНОВИЌ ПОДЕЛИ 150 ТОПЛИ ОБРОЦИ ХРАНА ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ РАМАЗАН БАЈРАМ
(ВИДЕО) Одиме на Европско првенство: Промовиран спотот за македонската химна за ЕВРО 2021
(ВИДЕО) Одиме на Европско првенство: Промовиран спотот за македонската химна за ЕВРО 2021
МИЦКОВСКИ, НАРОДОТ БРУТАЛНО ЌЕ ВЕ КАЗНИ НА ИЗБОРИТЕ ЗА СИТЕ БОЈКОТИ ВО СОБРАНИЕТО СО КОИ БЕСРАМНО ГО ВЛОШУВАТЕ ЖИВОТОТ НА ГРАЃАНИТЕ!!!
МИЦКОВСКИ, НАРОДОТ БРУТАЛНО ЌЕ ВЕ КАЗНИ НА ИЗБОРИТЕ ЗА СИТЕ БОЈКОТИ ВО СОБРАНИЕТО СО КОИ БЕСРАМНО ГО ВЛОШУВАТЕ ЖИВОТОТ НА ГРАЃАНИТЕ!!!

ВАКВИ ДИРЕКТОРИ И ФИРМИ НИ ТРЕБААТ ПОВЕЌЕ – Мукаетов: Алкалоид е компанија со незапирлив и постојан раст

Ја води една од најуспешните компании во земјава, но Алкалоид е и шеста фармацевтска индустрија во Југоисточна Европа. Компанијата вработува 1.860 луѓе во базата во Скопје и 570 во подружниците надвор од Македонија. Живко Мукаетов, генералниот директор на Алкалоид во интервју за Економија и бизнис зборува за предизвиците во ова пандемиско време, но и за стилот на континуираниот раст кој го обезбедува во компанијата. Моментно Алкалоид пласира производи во 40 земји во светот. Сега и во Велика Британија, пазар, којшто како што вели Мукаетов е особено прибирлив и со голема конкуренција. Тамошните пласмани сега изнесуваат близу 5 милиони евра. Но каква е политиката на државата и дали им треба на овие компании и дополнителна поддршка?

„Посветеноста на континуираниот раст и развој и одржувањето чекор со најновите достигнувања во сферата на фармацијата беа главните причини поради кои во изминативе 20 години Алкалоид вложи преку 200 милиони евра во производствени капацитети, опрема, лаборатории, технологија, софтвер, кадар и слично. Инвестициите во истражување и развој се неопходен предуслов за градење на модерно и конкурентно производно портфолио кое придонесе за глобално позиционирање на брендот Алкалоид.Во 2018 година, Алкалоид доби помош од државава врз база на договорот за доделување на финансиска поддршка за пораст на инвестициите и приходите. Со оваа програма, домашните инвеститори за прв пат беа испочитувани како и странските, а за нас како компанија поддршката од овој тип претставува дополнителен стимул за вложувањата во Македонија од кои бенефит ќе имаат обете страни: Алкалоид, во насока на зголемување и осовременување на капацитетите, но и Владата во насока на нови вработувања и посилна економија зашто во секоја здрава економија треба да постои синергија меѓу владата и стопанството. Од друга страна, пак, хендикепирани сме во однос на меѓународната конкуренција во поглед на поддршката на иновациите и развојно-истражувачките активности. Во оваа насока сметам дека државава што побрзо треба да ја активира поддршката на иновации и за големите компании затоа што тие не само што имаат капацитети, вештини и знаење за иновативен развој туку со себе носат и голем број на помали домашни кооперанти, вели Муакетов.

Алкалоид поседува маркетиншка мрежа од 20 канцеларии распоредени во 14 земји во светот, која покрива пазар од преку 200 милиони жители. Компанијата важи за еден од најголемите плаќачи на данок во државава, со платени даноци кон државава во 2020 година во износ од над 18,25 милиони евра и во моментов има активни 1.130 домашни доставувачи. Муакетов вели дека Алкалоид има континуиран раст во изминативе 16 години. Во 2019 година забележан е раст на продажбите од 13 отсто и нето-добивка од 18 проценти споредено со 2018 година, а во 2020 година истите параметри биле со 9 отсто раст на продажби и 15 проценти кај нето-добивката. Додава дека уште на почетокот на здравствената криза, ги намалиле цените на 158 производи кои се клучни за потрошувачите во услови на пандемија и покрај енормното покачување на цените на суровините.

„Во услови кога сите светски економии се борат за ублажување на ефектите од здравствената криза, ретки се компаниите кои може да помогнат во вакви тешки времиња. Алкалоид беше прва македонска компанија која донираше износ од 200 000 евра на посебната наменска донаторска сметка на македонското Министерството за здравство формирана за целите на справување со здравствената криза.
По разни основи, Алкалоид АД, Алкалоид КОНС и Фондацијата „Трајче Мукаетов“ донираа дополнителен износ од преку 1 милион евра, од кои 125 000 евра беа наменети за донации во земјите од регионот. На листата на приматели на донациите заведени се голем број на здравствени и образовни установи, институции, здруженија и бројни поединци, додава Муакетов.

Според показателите, во 2020 година 35 проценти од вкупните консолидирани продажби на Алкалоид се реализирани на домашниот пазар, а 65 проценти беа пласмани на странските пазари од кои – 33 отсто на пазарите во Југоисточна Европа, 20 проценти во Западна Европа, 10 отсто во Русија и ЗНД и 2 отсто во останати земји.

„Најголеми растови беа регистрирани на пазарите во Чешка, Албанија, Грузија, Унгарија, Ерменија, Бугарија, Романија, Србија итн. Особено сме горди на првите пласмани на наши фармацевтски производи на пазарот во Канада. Ако пред 5 години соодносот на домашните и извозните пласмани беше 40 отсто, односно 60 процент, во изминативе 3 години тој сооднос оди повеќе во полза на извозот. И во 2020 година извозните пласмани го задржаа својот континуитет и покрај отежнатата комуникација со постоечките и потенцијалните партнери, вели Мукаетов.

loading...

4Anime 4anime unblocked: Watch Boruto: Naruto Next Generations Episode 153 (https://4anime.biz/m/OoVw/ep-153)

AnimeHeaven dubbed anime: My Hero Academia (Dub) Episode 13