Честитки за Тамара Лазаревска која го доби признанието на Асоцијацијата на одбранбени аташеа акредитирани во Северна Македонија, за исклучителна соработка. Тамара е доказ дека вредните и мотивирани млади ја заслужуваат секоја добиена шанса.
Пред само три и пол години дојде да волонтира во Министерството за одбрана како дипломиран правник. Продолжи како помлад соработник, а пред една година ја доби довербата да биде деск офицер за соработка со САД и ја оправда таа доверба. Признанието од Асоцијацијата на одбранбени аташеа само го потврди тој впечаток.
Во Новата 2022 година ќе продолжи со едукација за иден офицер откако беше прва на ранг листата за прием на курсот за офицери. Тамара, искрени честитки! Да продолжиш да не правиш сите горди.