(ВИДЕО) Ковачевски и Груби во Сарај: Со 49,7 милиони евра од ТАВ програмата реализираме инфраструктурни проекти за реалните потреби на граѓаните
(ВИДЕО) Ковачевски и Груби во Сарај: Со 49,7 милиони евра од ТАВ програмата реализираме инфраструктурни проекти за реалните потреби на граѓаните
ЦУК: Стојанче Ангелов на состанок на Комитетот за отпорност на НАТО во Брисел
ЦУК: Стојанче Ангелов на состанок на Комитетот за отпорност на НАТО во Брисел
(ВИДЕО) СДСМ ПРИЛЕП: 7 месеци лаги и лажни ветувања на ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот Борче Јовчески
(ВИДЕО) СДСМ ПРИЛЕП: 7 месеци лаги и лажни ветувања на ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот Борче Јовчески
Петков: Не можам сам да го кренам ветото за Северна Македонија, ќе мора да има процедура во институциите и сите да се произнесат
Петков: Не можам сам да го кренам ветото за Северна Македонија, ќе мора да има процедура во институциите и сите да се произнесат
ОВАА ЖЕНА НЕМА СРАМ, ДУРИ НИ МИЦКОВСКИ НЕ Е ТОЛКУ ЗАБЕГАН: СПОРЕД ПОРТАЛОТ СДК, ЗА ДА НЕ Ѝ СЕ ПОСТАВУВААТ ПРАШАЊА, АРСОВСКА ГО СЛАВЕШЕ САМА СО ПОЖАРНИКАРИТЕ НИВНИОТ ПРАЗНИК
ОВАА ЖЕНА НЕМА СРАМ, ДУРИ НИ МИЦКОВСКИ НЕ Е ТОЛКУ ЗАБЕГАН: СПОРЕД ПОРТАЛОТ СДК, ЗА ДА НЕ Ѝ СЕ ПОСТАВУВААТ ПРАШАЊА, АРСОВСКА ГО СЛАВЕШЕ САМА СО ПОЖАРНИКАРИТЕ НИВНИОТ ПРАЗНИК
Не престануваат дојавите за бомби, повеќе од 100 училишта низ Србија се префрлија онлајн
Не престануваат дојавите за бомби, повеќе од 100 училишта низ Србија се префрлија онлајн
СЕ ОСТВАРИ ВЕТУВАЊЕТО НА ЗАЕВ И СДСМ ОД 2016-ТА: Просечната нето плата во март 31.080 денари
СЕ ОСТВАРИ ВЕТУВАЊЕТО НА ЗАЕВ И СДСМ ОД 2016-ТА: Просечната нето плата во март 31.080 денари
Оскаровецот Вангелис починал од Ковид-19 во Франција
Оскаровецот Вангелис починал од Ковид-19 во Франција

ВАЛКАНА ЛАГА КОЈА СЕ ШИРИ НА ИНТЕРНЕТ: КРУШЕВСКИОТ МАНИФЕСТ БИЛ ФАЛСИФИКАТ?!?!

Овие денови на интернет се шири една лага дека Крушевскиот Манифест е измислен и никогаш не постоел како документ?!?!?!

Ова во една емисија го спомена екс директорот на државен архив, Филип Петровски?!?!

Инаку еве кои се досегашните информации за овој документ за кој досега учевме во нашите читанки и врз основа на кој е напишан и нашиот устав.

Крушевскиот манифест е манифест што го објавила востаничката власт во Крушево за време на Илинденското востание. Напишан е на 6 август, а негов автор е Никола Киров Мајски, иако одредени историски извори како автор го наведуваат Никола Карев. Напишан е на македонски јазик (крушевски дијалект), а потоа, преведен на турски јазик, е испратен во 17 примероци до околните села со чисто или мешано муслиманско население.

Во него околното муслиманско население братски се повикува да ја поддржи и да ја помогне светата борба на сите обесправени во Македонија. Манифестот наидува на добар прием од страна на муслиманското население, а кметот на селото Алданци возвратил со порака во која изразува разбирање за мотивите на востаниците.

Текстот на Манифестот првпат е објавен во драмата „Илинден“ на Никола Киров Мајски во 1923 година.

Во 1880 година на 28 јуни во Крушево е роден Никола Киров Мајски, македонски револуционер и писател. Автор бил на Крушевскиот манифест. Потекнувал од семејство со револуционерни традиции од охридското село Свиништа.

Во 1902 година заминал на учителска должност во леринското село Баница.

Следната година се вратил во Крушево каде го затекнало Илинденското востание во кое братучед му Никола Карев ќе стане претседател на Крушевската република, а тој ќе го состави познатиот Крушевски манифест.

Значаен е и неговиот творечки фонд со драмски остварувања и поетски ракописи, посебно делото „За Македонија“.

Никола Киров Мајски починал во Софија, во длабока старост, токму на денот на Илинден, 2 август 1962 година. Историски трудови: „Со поглед кон Македонија“, „Епопејата на Крушево“ и други.

Содржината на Крушевскиот манифест

Крушевскиот манифест се обраќа кон муслиманското месно население во крушевскиот регион. Иако е напишан во форма на обраќање до муслиманите – Турци, Арнаути (Албанци) и Торбеши, Манифестот едновремено дава и јасна слика за мотивите и целите на востанието, неговиот ослободителен и социјален карактер.

Најнапред, Манифестот ги објаснува мотивите на востаниците:

„ Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познајници от хубавото Крушево и неговите китни села, без разлика на вера, народност, пол и убежденија, не можејќи веќе да трпиме тиранијата на жедните за крф и гладните за чоечко месо муртати, шчо гледаат и нас и вас да дотерат до нош, и нас и вас да дотераат до питачки стап и нашата мила и богата земја Македонија да заприлегат на пуста пустиња, денеска дигнафне глава и решифне со пушка да се браниме от тие наши и ваши душмани и да добиеме слобода… “
Потоа, ги смирува муслиманите дека востанието не е насочено против обичниот народ, туку против државата и нејзините експоненти:

„ …Ние не дигнафне пушка протиф вас – това би било страм за нас; ние не дигнафне пушка протиф мирнио, трудољубивио и чеснио турски нарот, шчо се прерануат, како нас со крваф пот – тој јет наш брат и со него сне живејале и пак сакаме да живејме; ние не излегофне да колиме и да грабиме, да палиме и да крадиме – доста ни сет зулумите на безбројните деребеи по нашата сирота и окрвавена Македонија; ние не излегофне да порисјанчуваме и да бесчестиме вашите мјаки и сестри, жени и ќерки; требит да знајте оти вашио имот, вашио живот, вашата вера и вашата чес ни сет толку скапи, колку шчо ни сет скапи нашите… “
Потоа, Манифестот ги повикува да им се придружат на востаниците поради заедничка борба против социјалниот терор на Отоманското Царство.

„ Ние не само ве имаме како сфои браќа, туку и ве жаљаме како сфои браќа, бидејќи разбираме оти и вие сте робје како нас, робје на царо и на царските бегој, ефендии и паши, робје на богатите и на силните, робје на насилниците и на зулумќарите, шчо ја запалија царшчината од четирите страни и шчо не натераа нас да дигниме глава за право, за слобода и за чоечки живот. За право, за слобода и за чоечки живот ве каниме и вас да дојдите заедно да водиме борба! “
Со ова, Манифестот ги презентира социјалните цели на востанието – воспоставување на поправедно општество. Покрај тоа, манифестот ги смирува муслиманите (Турци, Арнаути и други) дека и доколку не се приклучат кон востанието, нема да бидат мета на востаниците и ги повикува барем да не се придружуваат на спротивната страна, ако веќе не се приклучуваат кон востаниците:

„ …Ако и вие не имате како ваши браќа и ни сакате доброто, ако есапите пак да живејте со нас, како шчо сте живејале досега и ако сте верни и достојни синој на мајка Македонија, можите да ни поможите само со едно нешчо – а тоа јет голема помшт. да не се заортачите со душманите, да не дојдите со пушка протиф нас и да не прајте зулуми по рисјанските села! “
Конечно, Манифестот има и силно изразена патриотска линија, која се однесува на ослободувањето и самостојноста на Македонија: „…нашата мила и богата земја Македонија…“, „…бајрако на Афтономна Македонија…“, „…чесни и добри македонски синој…“, а завршува со зборовите:

„ Ура! За Афтономна Македонија! [1] “

Колумна на спортскиот коментатор Игор Филевски:

„Крушевскиот Илинденски Манифест“ не постои како оригинален документ!
Кога сме веќе кај Крушевскиот Манифест, веројатно дека најголем дел од вас не знаат дека НЕ ПОСТОИ никаков оригинален текст на Манифестот, туку тој е пишуван ПО СЕЌАВАЊЕ на Никола Киров Мајски во 1923 година.

Да, ПО СЕЌАВАЊЕ и во 1923-та година! И ден денес историчарите се спротивставуваат со ставовите дали Манифестот го напишал Мајски или братучедот, Никола Карев? Како и да е, никогаш нема да има ОРИГИНАЛЕН документ.

А текстот на Манифестот ПРВ ПАТ е објавен во драмата „Илинден“ (со поднаслов: „Слики од великото македонско востание пред 1903 година“) на Никола Киров Мајски во 1923 година. Мајски умира на 2 август 1962 година во Софија и оваа вечна тајна за постоењето на Манифестот останува закопана во неговиот гроб.

Инаку, вистината за постоењето на Манифестот како оригинален документ, ќе остане засекогаш нејасна исто како и целата документација за востанието која на многу чуден начин „исчезнува“. Имено, прадедо ми Петруш (брат на Никола Карев, и дедо на мојата мајка) по наредба на Даме Груев во 1904-та година, ја откопува целата архива од Илинденското востание, ја носи во Софија и му ја предава лично нему и на Борис Сарафов, во присуство секако и на Никола Карев (кој долго време го одлагал пренесувањето на архивата во Софија и бил децидно против предавање на овие важни документи, ним… за што постојат докази од многу извори). Од тој момент, се губи секоја трага на се` што е архивирано и потпишано за Илинденското Востание, лично од Никола Карев како Претседател на Првата Крушевска Република на Балканот. Разочаран од сите пост-илинденски случувања во Софија, Карев со една мала чета тргнува назад кон Македонија, пролетта 1905, за да ја обнови борбата за ослободување. Но, на патот кон дома, е предаден од шпион и убиен во близина на селото Рајчани, кочанско.

(Дури и низ овие факти секој може лесно да процени кој дел од историјата и ден-денес погрешно и намерно искривено се толкува и пренесува)

Ова колку да знаете, тие што не знаете…а ве има огромен број.

loading...

4Anime - Watch English Anime Online For Free in HD | 4Anime.biz. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

4Anime JUJUTSU KAISEN (Dub) Episode 15

DON'T TOY WITH ME, MISS NAGATORO

Dragon Ball Super (Dub) Episode 130

Tokyo Revengers

4Anime To Your Eternity

tải go88