Пендаровски: Лидерските средби не се лек за секоја болка, нивното одржување е доказ дека претходно затаиле институциите
Пендаровски: Лидерските средби не се лек за секоја болка, нивното одржување е доказ дека претходно затаиле институциите
ВЛЕГУВАМЕ ВО ФОТО ФИНИШ, СТАНУВА ДРАМАТИЧНО: ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ ЗАКАЖА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ВО 20 И 30 ЧАСОТ
ВЛЕГУВАМЕ ВО ФОТО ФИНИШ, СТАНУВА ДРАМАТИЧНО: ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ ЗАКАЖА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ВО 20 И 30 ЧАСОТ
Османи: Документите што ги објавуваат некои медиумите не се финалниот француски предлог
Османи: Документите што ги објавуваат некои медиумите не се финалниот француски предлог
Османи: Модифицираниот француски предлог ги адресира нашите забелешки по однос на работната верзија
Османи: Модифицираниот француски предлог ги адресира нашите забелешки по однос на работната верзија
БОМБА НА ПЕНДАРОВСКИ: МОДИФИЦИРАНИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ Е ДАЛЕКУ ПОДОБАР ОД ПРВИЧНАТА ВЕРЗИЈА
БОМБА НА ПЕНДАРОВСКИ: МОДИФИЦИРАНИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ Е ДАЛЕКУ ПОДОБАР ОД ПРВИЧНАТА ВЕРЗИЈА
Трајанов: Пендаровски во Мадрид да ги запознае лидерите на НАТО членките за бугарските уцени
Трајанов: Пендаровски во Мадрид да ги запознае лидерите на НАТО членките за бугарските уцени
ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ Е ШАНСА ШТО МАКЕДОНИЈА НЕ ТРЕБА ДА ЈА ИСПУШТИ, КАЖА ГЕРМАНСКАТА МИНИСТЕРКА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ
ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ Е ШАНСА ШТО МАКЕДОНИЈА НЕ ТРЕБА ДА ЈА ИСПУШТИ, КАЖА ГЕРМАНСКАТА МИНИСТЕРКА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ
Мишел: Имаме решение, сега е време да се каже да
Мишел: Имаме решение, сега е време да се каже да

ВАНЧО МИХАЈЛОВ И ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ СЕ ДЕЗИНФИЦИРААТ ВО МУЗЕЈОТ НА ВМРО ВО ШТИП, ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ВИДАТ ПО ПРОВЕТРУВАЊЕТО

ВАНЧО МИХАЈЛОВ И ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ СЕ ДЕЗИНФИЦИРААТ ВО МУЗЕЈОТ НА ВМРО ВО ШТИП, ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ВИДАТ ПО ПРОВЕТРУВАЊЕТОВо Музејот на Музеј на револуционерната борба за Штип и Штипско (1893-1934) кој се отвори 2014 во Ново Село има 12 експонати со восочни фигури, членови на оваа организацијата ВМРО во минатото, меѓу нив и на Иван Михајлов во чија биографија пишува дека соработувал со фашистите, со Анте Павелиќ и усташите во Хрватска. (Фото: СДК.МК )

Историскиот Музеј на револуционерната борба за Штип и Штипско (1893-1934), отворен во декември 2014, располага со 12 восочни фигури меѓу кои и на Иван Ванчо Михајлов и Тодор Александров, но просториите во кои се наоѓаат овие восочни фигури од неодамна се под клуч. Од управата на Музејот велат дека тоа е само од технички и хигиенски причини, односно времено, поради тоа што пред десетина дена била извршена комплетна дезинфекција на просториите во кои се поставени нивните восочни фигури, предметите во нив и на нивната облека.

По денешното проветрување на просториите, Музејот ќе ги отвори сите простории за посетителите, најави Емилија Коруновска, кустос, советник-историчар во НУ Завод и Музеј Штип.

Музејот се наоѓа во штипско Ново Село во близина на куќите каде што биле родени Ванчо Михајлов и Тодор Александров, кои станаа повторно актуелни откако викендов во Битола беше отворен културен клуб „Ванчо Михајлов“ во присуство на бугарскиот државен врв.

„Во Музејот на револуционерната борба во Штипско Ново село како експонати се наоѓаат восочни фигури на членови на организацијата ВМРО без разлика на нивната позитивна или негативна активност во тоа време, што како историја е факт“, вели кустосот Коруновска.

Во музејот покрај фигурите се ставени и информатицни табли со биографија на секоја од личностите што се изложени.

„Во 1922 година е назначен за личен секретар на Тодор Александров. По неговото убиство Михајлов станува член на ЦК на ВМРО. Го застапувал терористичкиот метод на борба. По расцепот на организацијата ја предводел михајловистичка ВМРО која дејствувала како посебна организација се до 1934 година, кога по забраната ја напушта Бугарија и преку Турција заминал во западноевропските држави. За време на Втората светска војна соработувал со Анте Павелиќ и усташкото движење во Хрватска. По војната живеел во Рим до крајот на својот живот кога во 1990 година умира на 94 години“, пишува во биографијата за Иван Михајлов.

„Во просторијата каде е восочната фигура на Иван Михајлов се наоѓаат и фигурите на Владислав Ковачев и Панчо Михајлов и не се роднини, Тодор Александров е со Мише Развигоров, Гоце Делчев е со Ѓорче Петров, Петар Поп Арсов е со Даме Груев, Дончо Штипјанчето е со Тодор Лазаров и Баба Ванѓа, но не знам од кои причини се најде и оваа восочна фигура која пред неколку години беше донесена од Скопје. Во Музејот има восочна фигура и на Цар Борис но не е експонат, туку стои во подрумските простории на Музејот. Автори на поставките се историчарите, Зоран Тодоровски, Виолета Ачкоска и Никола Жежов“, вели кустосот Коруновска.

loading...

tải go88 về ip go88 ông già noel link vào go88

diễn đàn tài xỉu sunwin đường link tải sunwin sunwin game tài xỉu