Злетовскиот маскенбал на кој учествуваа учениците од подрачното училиште “Кирил и Методиј”.
Во весела атмосфера пред публиката во спортската сала, учениците ги претставија маските кои ги изработија заедно со своите ментори, а жирито одлучи маската со наслов “Феникс” да биде првонаградена, втора награда за маската “Ајвар, леб и сирење”, додека третото место го делат маските “Не лути се човече” и “Чувари на лозјето” и тие ќе го претставува училиштето на Пробиштипскиот маскенбал. Маската со наслов “Обединети во различностите” ќе учествуваат на Киндер маскенбалот во Пробиштип.
👏 Честитки за сите ученици и секако за менторите за прекрасните маски и нивните изведби.