Тренчевска од Битола: Ја унапредуваме детската и социјална заштита, грижата за ранливите граѓани е наш приоритет
Тренчевска од Битола: Ја унапредуваме детската и социјална заштита, грижата за ранливите граѓани е наш приоритет
За прв пат по неколку децении, Соборот на СПЦ ја призна МПЦ – Охридска Архиепископија, нема веќе да има црква на Вранишковски која го носеше името ОА
За прв пат по неколку децении, Соборот на СПЦ ја призна МПЦ – Охридска Архиепископија, нема веќе да има црква на Вранишковски која го носеше името ОА
АФРИМ ГАШИ РЕЗИЗБРАН ЗА ЛИДЕР НА АЛТЕРНАТИВА, ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ БЕШЕ ГОСТИН НА КОНГРЕСОТ
АФРИМ ГАШИ РЕЗИЗБРАН ЗА ЛИДЕР НА АЛТЕРНАТИВА, ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ БЕШЕ ГОСТИН НА КОНГРЕСОТ
ЦРНИ ВРЕМИЊА ДОАЃААТ ЗА РУСИТЕ, ПАК ЌЕ ВОЗАТ КАНТИ НА КОИ ИМ ИСПАЃААТ ТРКАЛАТА НА СРЕД ПАТ: ВО ФАБРИКИТЕ НА РЕНО ЌЕ СЕ ПРОИЗВЕДУВА МОСКВИЧ, А ТОКМУ ПОРАДИ ЛАДИТЕ И МОСКВИЧИТЕ СЕ РАСПАДНА СССР
ЦРНИ ВРЕМИЊА ДОАЃААТ ЗА РУСИТЕ, ПАК ЌЕ ВОЗАТ КАНТИ НА КОИ ИМ ИСПАЃААТ ТРКАЛАТА НА СРЕД ПАТ: ВО ФАБРИКИТЕ НА РЕНО ЌЕ СЕ ПРОИЗВЕДУВА МОСКВИЧ, А ТОКМУ ПОРАДИ ЛАДИТЕ И МОСКВИЧИТЕ СЕ РАСПАДНА СССР
ПРЕМИЕРОТ ДА ЈА ПОВИКА НА СРЕДБА И ДА И СЕ ИЗВИНИ ВО ИМЕТО НА ВЛАДАТА: НОВИНАРКАТА НА САКАМДАКАЖАМ.МК СОЊА ДЕЛЕВСКА ПОВИКАНА ВО ПОЛИЦИЈА ЗА ОБЈАВЕН ТЕКСТ, ВОЗНЕМИРИЛА РАКОВОДИТЕЛКА ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА
ПРЕМИЕРОТ ДА ЈА ПОВИКА НА СРЕДБА И ДА И СЕ ИЗВИНИ ВО ИМЕТО НА ВЛАДАТА: НОВИНАРКАТА НА САКАМДАКАЖАМ.МК СОЊА ДЕЛЕВСКА ПОВИКАНА ВО ПОЛИЦИЈА ЗА ОБЈАВЕН ТЕКСТ, ВОЗНЕМИРИЛА РАКОВОДИТЕЛКА ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА
ШИЛЕГОВИ ПРОСЛАВИЈА 26 ГОДИНИ БРАК, ЈАСМИНА ШИЛЕГОВА СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ГОСПОД ЗА ЉУБОВТА И ЗА ДЕЦАТА
ШИЛЕГОВИ ПРОСЛАВИЈА 26 ГОДИНИ БРАК, ЈАСМИНА ШИЛЕГОВА СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ГОСПОД ЗА ЉУБОВТА И ЗА ДЕЦАТА
(ВИДЕО) Ковачевски: Младите се движечка сила во државата која ги предводи развојните процеси
(ВИДЕО) Ковачевски: Младите се движечка сила во државата која ги предводи развојните процеси
(ФОТО ГАЛЕРИЈА) АХМЕТИ СО КОВАЧЕВСКИ, ГРУБИ, ЏАФЕРИ И САЛИ: Од Чаир, со огнена атмосфера од Шверцери, честитки за ФК Шкупи и успех во Европа
(ФОТО ГАЛЕРИЈА) АХМЕТИ СО КОВАЧЕВСКИ, ГРУБИ, ЏАФЕРИ И САЛИ: Од Чаир, со огнена атмосфера од Шверцери, честитки за ФК Шкупи и успех во Европа

ВЕЧНОТО ВМРОВЧЕ АНТОНИО ДИМИТРИЕВСКИ УСПЕА ФИЛМОТ ТОМА ДА ГО УПОТРЕБИ ВО ОДБРАНА НА ГРУЈО И ЗА ВЕЛИЧЕЊЕ НА СТАРАТА ЕКС ЈУ ГЕНЕРАЦИЈА КОЈА ЈА НАПРАВИ НАЈГОЛЕМАТА ВОЈНА ВО ЕВРОПА И СЕ ИСПОКЛАА КАКО ВАРВАРИ

Антонио Димитриевски успеа да го злоупотреби филмот Тома за да го брани Груевски?!?! И да ја величи екс ју генерацијата која да потсетиме ја распадна Југославија и ја направи најголемата војна во Европа, се испоклаа како варвари и загинаа над 200 000 народ и се иселија околу 1 милион луѓе, ваљда за таа војна не се криви овие новите клинци, безвредни сељаци како што ги нарекув Антоњо?!

Еве што пише вечното вмровче од МТВ:

„ТОМА“ – филмска приказна за душата

Гледам, сите се „подмочнувате“ на „Тома“… Само разликата е во тоа што на оние кои го живееле тоа време им течат солзи, а на „новокомпонираниве“ им „тече низ ногавици“… Оние првите носталгично сфаќаат дека ова не е само филм за „таму некој кафански пејач“, туку приказна за душата… Филм за времето и земјата во која се почитуваа вистинските вредности, беа удостоени и ставени на пиедесталот, културата, музиката, естрадата, спортот… а не политиката! Со неа за сите останати се занимаваше мала „група големци“, а не како денес, секој сељобер од улица да „бистри политика“. Кој по партии кој во Влада, Парламент, грото по социјални мрежи!

Тогаш среќата беше колективна радост кога ќе се освоеше злато на олимпијада и некое првенство, кога „Дугме“, Тома, Брена… ќе имаа турнеја па ќе дојдеа и кај нас, кога ќе стигнеш да купиш нова плоча од „Пинк Флоид“, „Дип Парпл“, „Лед Цепелин“, кога еден Ален Гинзберг ќе дојдеше на „Струшки вечери на поезијата“, плачевме кога заминаа Џенис, Хендрикс, Морисон, го следевме „стариот“ кога со „Галеб“ ќе тргнеше на светска турнеја по неврзаните…
Имаше и тогаш „шабани“, ама шабаните имаа душа и глас, емоции и златно грло, а не цицки и г’зови, силикони и колагени, перики и леќи у боја како овие сега, кои фалшираат и додека зборат, а камо ли коа пејат…!

И никој не се „подмочуваше“ од среќа дека го примиле у пионери, младина или СКЈ,зашто тоа беше нормална работа… Без да лижеш, коленичиш, молиш, да се вовлекуваш, пу*иш, подмитуваш, цинкариш, лепиш плакати за локални анонимци… Туку со работа на Младинска работна акција, учество во некоја секција, спортско друштво, КУД, хор, радиоамтерско друштво, феријалци, извидници… И војска, како „школа живота“, наместо геј паради и маршеви на сексуалните работнички.

Тогаш се палевме на гитарата со два врата на Брега, наместо на мерцедесот за кој го осудивте Грујо и неговите, а од него не искачате, на тоа колку публика имало на „Ајдучка чешма“ , а не колку понудил за кауција Сашо, кај ќе чекаме ние Нова Година а не кај чекала Катица, ни беше важно што ќе донесат тато и мама во торбата од работа, а не колку има во Луј Витон торбата на Боки, пиевме вињак и Векија наместо виски, мастика наместо узо, вермут наместо Јегер, бела наместо жолта, шприцеер наместо Моет и ништо не ни фалеше… Пушевме МТ, филтер Југославија и Дрина, наместо џоинти со хашиш и мара, игравме Жмурки, Народна и Камај, наместо Кантер и МАФИА и ФИФА, фудбалче на мали гочиња и баскет у маало, наместо, Плејстејшн и ИксБокс и правевме уште мал милон нешта што не правеа среќни, а денес ги нема, зашто има се дуго заради кое и денешните деца и нивните родители се несреќни. Проклета могуќност избора…

Ова време има многу тоа освен едно – душа. А без неа си никој и ништо… Купуваш и продаваш, одземаш и додаваш, а пак си празен како шупливо тенеќе…
Затоа „Тома“ не е само филм за „таму некој кафански пејач“ чии песни дури не се ниту шабански… Затоа што е филмско одличје за едно време со душа… И среќно и тажно и сиромашно и богато, ама полно со емоциии сеќавања, спомени и слики што вечно се паметат.

А вас денес по што ќе ве паметат? Направивте ли нешто, покажавте ли, оставивте ли некој траг , некое дело, достигање, резултат по кој ќе ве запаметат? Ништо… Е затоа за вас никогаш нема да снимат филм. Не филм, ниту селфи со вас никој нема да сака да направи! Зашто душата на ѓаволот му ја продадовте за ситниш, а сега и гратис му ја нудите… Само што сега не сте сигурни дали ѓаволот воопшто сака да ви ја купи! А па ниту тој не сака нешто што е труло, расипано, гнасно, смрдливо,безвредно… За неа место нема ниту на неговата депонија!

Е, затоа на „Тома“ и ви „тече низ ногавици“, наместо солзи низ лице… За солзи треба да имаш душа… и мадиња, да го издржиш сето она што во таа душа ќе ти се насобере и напати, а судбината потоа низ животот ќе ти го наплати или возврати!
И да… Притоа не се сите исти. Има нешто малку ДУША и меѓу денешниве деца. Само сељоберите во одела, кравата и опинци не им даваат да ја покажат. Оти штом посакаат, тие би веднаш да им ја земат,извадат, украдат, присвојат, продадат… Оти од нивната душа се хранат! Егото, највеќе!

loading...

anime freaks tv. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

Kuro Gal ni Natta kara Shinyuu to shitemita.

Naruto Episode 217

anime stream Evangelion: 3.0+1.0 Thrice Upon a Time

AnimeFreak The Rising of the Shield Hero (Dub)

Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Mugen Train Arc

tải go88