Арсовска: Започнуваме со инвестиција за целосна реконструкција на левата страна на кејот на Вардар
Арсовска: Започнуваме со инвестиција за целосна реконструкција на левата страна на кејот на Вардар
ВЛАДА: Со новото праведно тарифирање, оние кои трошат помалку, плаќаат помалку струја
ВЛАДА: Со новото праведно тарифирање, оние кои трошат помалку, плаќаат помалку струја
Џафери до Мицевски кој жестоко го нападна во образложението за интерпелацијата: Имам култура, нема да се спуштам на ваше ниво и на ниво на Мицкоски
Џафери до Мицевски кој жестоко го нападна во образложението за интерпелацијата: Имам култура, нема да се спуштам на ваше ниво и на ниво на Мицкоски
Тупанчески: И без ВМРО-ДПМНЕ ќе почнеме да работиме на измените на Изборниот законик
Тупанчески: И без ВМРО-ДПМНЕ ќе почнеме да работиме на измените на Изборниот законик
Зајкова за „Фокус“: За преговарачката рамка потребно е без популизам пратениците јавно да расправаат во Собранието
Зајкова за „Фокус“: За преговарачката рамка потребно е без популизам пратениците јавно да расправаат во Собранието
Многу пати ме имаат обвинето дека Интерпелациите сум ги држел во фиока, вели Џафери
Многу пати ме имаат обвинето дека Интерпелациите сум ги држел во фиока, вели Џафери
Вучиќ тврди дека се подготвува нова „Олуја“ – општ напад на северот на Косово
Вучиќ тврди дека се подготвува нова „Олуја“ – општ напад на северот на Косово
Мобилни лекарски тимови ќе патролираат низ центарот на Скопје за помош од топлотен бран
Мобилни лекарски тимови ќе патролираат низ центарот на Скопје за помош од топлотен бран

ВЕЛИЈА РАМКОВСКИ НАПОЛНИ 75 ГОДИНИ, РОДЕНДЕНОТ ГО ПРОСЛАВИ СО КАЧУВАЊЕ НА ВОДНО

– Јас на качување, тој веќе се симнува од Водно, сречен 75 роденден!

Напиша на фејсбук неговата ќерка Емел Рамковска.

Пред 4 години тој излезе од затвор, тогаш порталот Фактор направи сторија:

Со куфер под рака, после скоро 7 години, бизнисменот и сопственик на некогаш најгледаната и највлијателна телевизија во земјава А1, Велија Рамковски го напушти затворот во Идризово. Официјално, привремено, поради лекување Рамковски се врати дома. Излезе тивко, без медиуми, но веста за неговото излегување оддекна силно. Дека Рамковски е повторно меѓу семејството обзнани неговата ќерка Лејла на фејсбук.

Во неговите очи се гледа дека конечно е повторно среќен, на слобода заедно со своето семејство. Рамковски храбро издржа 7 години душманско малтретирање, оцрнување на него, но и на семејството и на се она што со децении го создаваше. Речиси сите се согласни дека годините поминати во Идризово, се од политички мотиви, само затоа што неговата А1 телевзија жестоко ги критикуваше погрешните политики на Владата, предводена од Никола Груевски.

Рамковски излезе од зад решетки на негово барање од здравствени причини, иако истото било поднесено од поодамна во време на поранешното раководство на Управата за санкции . Но и покрај итноста на барањето екс директорката Лидија Гавриловска одредено време го чувала во фиока.

Се враќа ли А1 повторно на екраните?

Излегувањето на Велија Рамковски на слобода, ги подгреа шпекулациите дека А1 Телевизија повторно ќе почне да зрачи во етерот. Јавноста, шпекулира дека веќе била започната постапка за рестартирање на некогашната А1 телевзија, особено по падот на ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски од власт.

А1 ТВ – чедото на Рамковски, кое стана најомилено на сите граѓани на Македонија

А1 ТВ со години беше неприкосновена на медиумскиот пазар. Најгледна, а во истовреме и највлијателна телевизија. Градена на граѓански концепт. А1 беше политички барометар во земјава, без кој тешко можеше да се замисли Македонија, но и коректор на девијациите. Формирана во 1993 година, како ентузијастички проект за создавање на медиумски плурализам. Рамковски е човек кој отсекогаш барал да воведува нешто ново. Името А1, телевизијата го добива затоа што беше прва приватна телевизија, со идеја граѓаните да добијат и поинаква вистина за тоа што се случува во државата, а тоа да не биде само од државната МРТВ. А1 особено со информативната програма, придонесе и во промоцијата и во заштитата на човековите права, во поддршка на ненасилно разрешување на конфликтите, особено на конфликтот во Македонија во 2001 година, во воспоставување на фер и демократски изборни процеси. Како се градеше Македонија, така растеше и А1 ТВ. Телевизијата која за многумина беше најава на демократијата во Македонија. Ги подигаше стандардите, ги едуцираше граѓаните, придонесуваше за јакнење на политичката култура. Многу премрежја, судири, политички, но и воени конфликти. Јавноста ја доживуваше како контраверзен медимски чинител, прва се спротивстави на неправдите, поделбите по партиска, малцинска, верска основа. Се промовираа европски вредности. А1 не припаѓаше на никому, и заради тоа постојано беше под силен притисок. Како сопственик на А1, семејството на Рамковски постојано беше под разни притисоци од сите влади.

А1 ТВ имаше поголем рејтинг и влијание од ВМРО ДПМНЕ и Груевски

Денес скоро 7 години откако телевизијата не зрачи во етерот, скоро сите се согласни дека А1 беше убиена од луѓето, властодржците кои во 2006 година, дојдоа на власт благодарение на А1 ТВ и Велија Рамковски – владата на ВМРО ДПМНЕ, предводена од Никола Груевски. ВМРО ДПМНЕ долги години не криеше дека нивен најголем противник не се политичките партии, туку токму А1 и Рамковски. Затоа што само А1 ТВ беше единствената институција со поголем рејтинг од Никола Груевски.Иако, скоро 7 години телевизијата не постои, сепак сеќавањата и духот на телевизијата се сеуште присутни. Оттука не е зачудувачки што ниту една од конкурентските телевизии не успеаа да се доближат ниту приближно до рејтингот и довербата која А1 ја уживаше од граѓаните.

Убиството на А1 еднакво на убиството на демократијата и слободата на говорот

По повеќе од 18 години најстарата, приватна телевизија престана да емитува програма на 30 јули 2011 година со одлука на АЕК. За многумина тоа беше пресметка на тогаш владејачката партија ВМРО ДПМНЕ со А1 телевизија. Сеуште се свежи сеќавањата, кога во декември 2010 година Рамковски во спектакуларната полициска акција беше уапсен и задржан во притвор. МВР отвори предмет „Пајажина“, владата на Груевски го обвини за перење пари, за злосторничко здружување, затајување данок и злоупотреба на позицијата., најпрво беше приведен, во зградата на некогашна А1 ТВ. Две години по полицискиот упад во А1 ТВ на познатата улица „Перо Наков“ и апсењето, Рамковски беше осуден на 13 години затвор..Во предметот Пајажина беа обвинети и неговите деца, брат, блиски роднини и поранешни соработници од телевизијата. Вкупната казна изнесуваше 109 години затвор, а случајот доби политички квалификации. По апсењето на Рамковски и неговото семејство телевизијата отиде под стечај поради неисплатен долг кон УЈП, а слична судбина ги снајде весниците „Време“, „Шпиц“, и „Коха е ре“, каде како управители се јавуваат дел од другите обвинети во Пајажина.

Груевски може да ме убие, но не може да ме скрши!

Во едно од последните интервјуа, пред да биде уапсен, даден за неделникот Фокус, Рамковски изјави – Груевски може да ме убие, но не може да ме скрши!
„Сега веќе не е деловна тајна. Кога мене ме прават криминалец, кога сум нападнат така ужасно, тогаш да ги отвориме картите. Од 2006 до денес, Владата има вкупно платено 4,5 милиони евра на А1. Зборувам за вкупно 4 милиони евра, а 225 илјади евра од ВМРО ДПМНЕ. За се ова што го зборувам, постојат документи. Има мониторинг за вредноста на рекламата, има повеќе институции кои тоа го евидентираат. Има вирмани, тоа е трага – колку платиле владата и ВМРО-ДПМНЕ. Маркетинг службата ќе ги достави сите документи и до европските институции и до Собранието, па нека формираат комисија за да го истражат тоа. Од тие 4,5 милиони евра, милион и двеста евра се платени од владата како за рекламирање на владините проекти, ама ние сметаме дека се од партијата. На пример, во 2006 година, ВМРО-ДПМНЕ одеше со реклами на нашата телевизија, но, подолг период не ни плаќаше. Баравме да го намират долгот и тогаш рекоа дека можат да ни платат на ваков начин. Тогаш реков, добро – платете“, изјави Рамковски за Фокус во 2010 година.

Политичко и бизнис искуство

Рамковски успешно го лансираше новоформираниот синџир продавници „Хедис“ (формиран 2006) со достигнато ниво од над 30% учество на пазарот (податоци од 2007). Се вбројува меѓу најуспешните стопанственици во Македонија во последната деценија. Основач е на Партијата за економска обнова во 2006, но и на Фондацијата „Рамковски“ во 2006 со цел да ги афирмира и популаризира духовните вредности на Македонија, со низа афирмативни национални проекти од областа на историското минато, ликовната уметност и книжевноста: за националниот деец Димитрија Чуповски, писателот Петре М. Андреевски, скулпторот Боро Митриќески, сликарите Владимир Георгиевски и Новица Трајковски и други македонски современици. Посебно го популаризира Крсте Мисирков со мултимедијален проект во 28 општини, со подарување на 40.000 примероци од книгата „За македонцките работи“, организирање на „Месец на Мисирков“ на Универзитетот ФОН, поставување споменик на плоштадот Пела во центарот на Скопје (дело на скулпторот Боро Митриќески) и востановување на наградата „Крсте Петков Мисирков“, со вкупен фонд од 50.000 евра (пет награди: за наука, за уметност, за економија, за спорт и за животно дело). Ги објави и првите книги од конкурсот за роман, збирка раскази и збирка песни.

Биографија

Велија Рамковски е роден на 04 февруари, 1947 година во прилепското село Дебреште. Неговото семејство се преселило во Битола во 1952 година, каде што завршува средно економско училиште, а потоа дипломира на Економскиот факултет во Скопје во 1970 година. Работи во неколку општествени претпријатија во Скопје во периодот од 1972 до 1990 година, а потоа ја формира најголемата приватна фирма во некогашна СФРЈ „Унипроком“ во Скопје. Компанијата во 1990 година за своето успешно работење ја добива сојузната награда на Стопанската комора на Југославија. Во 1993 година ја формира првата приватна телевизија во Скопје А1, која после една деценија станува една од водечките национални телевизии во Македонија.

loading...

sunwin - go88 go88 earn Tải Go88 Club | Go88 Live APK, IOS, AnDroid 2022

sunwin link nhóm sunwin download sunwin ios