👭👫 Да им помогнеме здрави и безгрижни, да ги остварат своите соништа. Немерлива е нашата заложба да обезбедиме подобар здравствен систем за нив.
🎈На Клиниката за детски болести реновиравме бројни одделенија – за интензивна нега, за неонатаологија, хематоонкологија, а сега во тек е целосното инфраструктурно обновување на одделението за онкологија каде се лекуваат најтешко болните деца.
🎈Воведовме нова бесплатна терапија за децата со ретки болести.
🎈На Клиниката за хематологија изминативе три години со алогена трансплантација беа лекувани деца постари од 10 години. Овие деца претходно, за ваков тип лекување се упатуваа во странство.
🎈Набавуваме сензори за мерење на гликемија кај деца, а обезбедивме и најнова инсулинска терапија за децата со дијабет.
🎈Унапредувањето на Клиниката за Гинекологија и акушерство спаси многу млади животи. Од 2016 година до денес, смртноста кај предвремено родените бебиња е намалена од 25% на 8,9%, односно за цели 16,1%.
♥️ #СветскиДенНаДетето