Филипче: Tрета доза веројатно ќе биде потребна за сите граѓани
Филипче: Tрета доза веројатно ќе биде потребна за сите граѓани
ДУИ: Села и Таравари стојат зад насилството и оцрнување на жените Албанки на вчерашните протести
ДУИ: Села и Таравари стојат зад насилството и оцрнување на жените Албанки на вчерашните протести
ЛУЃЕ ВАКЦИНИРАЈТЕ СЕ, СПАСЕТЕ СЕ - Денеска се починати 41 лице – меѓу нив 18 и 23 годишни!!!
ЛУЃЕ ВАКЦИНИРАЈТЕ СЕ, СПАСЕТЕ СЕ - Денеска се починати 41 лице – меѓу нив 18 и 23 годишни!!!
ЗА СИТЕ ВЕРНИЦИ АНТИВАКСЕРИ ШТО МИСЛАТ ДЕКА ГОСПОД ЌЕ ГИ СПАСИ: ЕВЕ ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА ЗА ЛЕКАРИТЕ И МЕДИЦИНАТА
ЗА СИТЕ ВЕРНИЦИ АНТИВАКСЕРИ ШТО МИСЛАТ ДЕКА ГОСПОД ЌЕ ГИ СПАСИ: ЕВЕ ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА ЗА ЛЕКАРИТЕ И МЕДИЦИНАТА
(ВИДЕО) ГОВОРНИЧКА НА ПРОТЕСТОТ НА АНТИВАКСЕРИТЕ: ОВИЕ ОД ТЕРАСИТЕ ШТО НЕ ГЛЕДААТ НЕ МИСЛАТ ДЕКА СМЕ ЛУДАЦИ, НИЕ НЕ СМЕ ПРОТИВ ВАКЦИНИТЕ, НИЕ СМЕ ПРОТИВ ВЛАСТА?!?!
(ВИДЕО) ГОВОРНИЧКА НА ПРОТЕСТОТ НА АНТИВАКСЕРИТЕ: ОВИЕ ОД ТЕРАСИТЕ ШТО НЕ ГЛЕДААТ НЕ МИСЛАТ ДЕКА СМЕ ЛУДАЦИ, НИЕ НЕ СМЕ ПРОТИВ ВАКЦИНИТЕ, НИЕ СМЕ ПРОТИВ ВЛАСТА?!?!
(ВИДЕО) РАЗДОР ВО ДЕСНИЦАТА - АНТИВАКСЕРИТЕ МУ СЕ НАЛУТИЈА НА ВЛАДИКАТА ПЕТАР!
(ВИДЕО) РАЗДОР ВО ДЕСНИЦАТА - АНТИВАКСЕРИТЕ МУ СЕ НАЛУТИЈА НА ВЛАДИКАТА ПЕТАР!
ОД БИХАЧКА РАСПАЛИЈА СО ТЕШКА МУНИНИЦИЈА ПО ВМРОВЦИТЕ: Со рушењето на галијата се чистат остатоците од ѓубрето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје
ОД БИХАЧКА РАСПАЛИЈА СО ТЕШКА МУНИНИЦИЈА ПО ВМРОВЦИТЕ: Со рушењето на галијата се чистат остатоците од ѓубрето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје
ШОКАНТНА КОЛУМНА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МАНУ, КОЦАРЕВ: АМЕРИКА ЌЕ СЕ РАСПАДНЕ, ЕУ НЕ НИ ТРЕБА, ДОГОВОРИТЕ ОД ПРЕСПА И СО БУГАРИЈА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРААТ БАЛКАНОТ, ДА ЈА ПРОДОЛЖИМЕ ПОЛИТИКАТА НА ТИТО СО НЕВРЗАНИТЕ?!?!?!

ВЕРНИЦИТЕ НА ПОА ВО ЗЕМЈАВА: Замина Црногорскиот Мојсеј – големиот пријател на Македонците

„Пророк ли излеговте да видите? Да, ви велам и повеќе од пророк“(Мат. 11,9).

Пророкот не е само оној Божји избраник кој метафизички ги догледува идните случувања. Пророкот е и секој неуморен работник на лозјето Христово, непресушниот проповедник на кој оган од вера му пламти со неговите зборови. Пророкот е бестрашниот исповедник на Христовата вистина во овој свет, наспроти сите гонења, лажни богови, расколи, наспроти сите лажни вредности во овој свет.

Ете, таков пророк е Високопреосвештениот Митрополит Амфилохиј. Првата асоцијација со него ни е големиот Мојсеј. Така и блаженоупокоениот Митрополит, вистински духовен горостас, човек со изобилна, огнена вера, со неизмерна љубов кон сиот свој народ, кон Црквата.

Митрополитот Амфилохиј ја препороди неговата Црна Гора од комунистичкиот пустош, духовно ја изгради, дополнително помина и 30 години со својот народ во политичката пустина на сатрапот Ѓукановиќ. И кога конечно го победи, им остави на идните генерации светла и подобра, демократска и христијанска иднина, и мирно си замина. Нека му е вечен споменот.

Нема да остане незабележан ниту неговиот последен плач по разрушеното единството во Црквата, кое го приреди истанбулскиот патријарх Вартоломеј, кога на два месеци пред упокојувањето ги повика Московскиот и Истанбулскиот патријарх во Подгорица, на местото каде ти двајцата задно посадија дрвца во знак на единството, за братски да го повратат тоа загубено единство. Настанот, не се случи, но нека им биде за поука на сите, како светите луѓе љубат.

За жал, како што рече Христос, нема пророк без чест, освен во земјата негова.

И нашата Македонија, исто така беше духовно негова земја. Но Митрополитот Амфилохиј, во Македонија, помеѓу расколниците беше неправедно омрзнат од сите политички и медиумски чинители. Дури и во мрачни песни опеан како непријател, тој кој најмногу ги љубеше и најмногу им помагаше на расколниците.

Митрополитот Амфилохиј ја користеше секоја своја можност да ја посети нашата држава, да се поклони на светите места, но и да ги прегрне неговите ученици и познаници кои застранија во расколот: Стефан, Тимотеј, Петар, Наум… Тие, како и секогаш, остануваа студени и вкочанети, поради закоравеноста на срцето нивно. Денес, тие изгубија еден од најголемите пријатели во СПЦ, кој неуморно живееше со надеж за МПЦ и секогаш се застапуваше за нив, иако грешеа. Тие, сега не се ни свесни за тоа, но со доаѓањето на новите генерации, ќе жалат за старите времиња и пропуштените можности. А љубовта на Митрополитот Амфилохиј ќе ја видат на страшниот суд.

Митрополитот, во едно од своите јавни обраќања на темата за расколот на МПЦ, кажа:

– „Улогата на Христовата црква, од нејзиното основање па сè до денес, и до крајот на светот и векот, не е да создава нации – народи, туку од сите земски народи (нации), да создаде еден Божји народ, „род избран, свет народ“.

Меѓу тие народи, денес постои и македонскиот народ. Тоа е факт што Православната српска црква, а и јас, лично, го прифаќаме и го признаваме!

Од епископите на МПЦ никој не бара да се вратат во српската, грчката, бугарската црква – туку само да се вратат од расколот во канонска состојба, за да може црквата потоа да предложи канонски пат за целосна независност на МПЦ. Се надевам дека тоа некогаш ќе им јасно на сите во Македонија“, дополни Митрополитот.

Царство му небесно и вечен спомен!

loading...