Илиевски за Телма и ТВ 24: Димитриевски и на Општината ќе ги затемни стаклата, нема да дозволиме!
Илиевски за Телма и ТВ 24: Димитриевски и на Општината ќе ги затемни стаклата, нема да дозволиме!
ЛАДИЧ: Работите се јасни во Пробиштип, резултатската предност од скоро 500 гласови е силна и практично недостижна за Миленковски
ЛАДИЧ: Работите се јасни во Пробиштип, резултатската предност од скоро 500 гласови е силна и практично недостижна за Миленковски
НЕБОЈША АРСИЌ: ТРЕБАШЕ ЛИ СДСМ ДА БИДЕ КАЗНЕТ И КОЛКУ?
НЕБОЈША АРСИЌ: ТРЕБАШЕ ЛИ СДСМ ДА БИДЕ КАЗНЕТ И КОЛКУ?
ДЕМАНТ НА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА: Во модуларната болница се нема случено никаква хаварија
ДЕМАНТ НА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА: Во модуларната болница се нема случено никаква хаварија
ИНТЕРЕСЕН ГРАФИКОН: ВМРО ДПМНЕ НЕ ДОБИЛО НОВИ ГЛАСАЧИ, ТУКУ ГЛАСАЧИТЕ НА СДСМ ОСТАНАЛЕ ДОМА?!?!
ИНТЕРЕСЕН ГРАФИКОН: ВМРО ДПМНЕ НЕ ДОБИЛО НОВИ ГЛАСАЧИ, ТУКУ ГЛАСАЧИТЕ НА СДСМ ОСТАНАЛЕ ДОМА?!?!
Илиевски и Спасовски заедно со младите ја славеа победата на советничките листи, во втор круг уште поголема победа за Куманово
Илиевски и Спасовски заедно со младите ја славеа победата на советничките листи, во втор круг уште поголема победа за Куманово
ЗНМ: Осуда за понижувачкиот однос на кандидатот Фатмир Лимани кон новинарката Салије Садику од ТВ 21
ЗНМ: Осуда за понижувачкиот однос на кандидатот Фатмир Лимани кон новинарката Салије Садику од ТВ 21
(ВИДЕО) ШИЛЕГОВ: ГИ ОБЕДИНУВАМЕ СИТЕ ДЕМОКРАТСКИ СИЛИ ЗА ПОБЕДА
(ВИДЕО) ШИЛЕГОВ: ГИ ОБЕДИНУВАМЕ СИТЕ ДЕМОКРАТСКИ СИЛИ ЗА ПОБЕДА

Вице премиерот Артан Груби денеска го одбележа Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот

Првиот вицепремиер и Министер за политички систем и односи меѓу
заедниците,

г. Артан Груби денес учествуваше на одбележувањето на 27 јануари,
Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот организиран од
Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Република
Северна Македонија.

Груби во својот говор рече дека му е чест за дадената можност да биде
присутен во промовирањето на мемоарите на преживеаната од холокаустот
г-ѓа. Шела Алтарац, , родена во Штип, а била собрана во Скопскиот
Монопол со останатите штипски, битолски и скопски Евреи, кои подоцна
биле депортирани од Северна Македонија во Треблинка.

Ова е целосниот говор на г. Груби:

Почитувани,

Многу сум почестен што ми давате можност да бидам присутен меѓу вас.

Денес сме тука за да го одбележиме еден од најужасните периоди во
историјата на човештвото.

Да се сеќаваме и никогаш да не заборавиме до каде можат да одат
идеологиите како нацизмот, кој уби милиони луѓе, само затоа што тие имаа
различна националност, култура, потекло или религија.

Дозволете ми да го подвлечам тивкиот слоган на почетокот на нацизмот,
став што најдобро ја отсликува злобата во тоа време:

„Мојот сосед кој е Евреин е многу добар човек, но Евреите се лоши.„

Човечкото достоинство на Евреите во меѓувреме беше нај немилосрдно
нарушено во неславните логори. Можеме само да замислиме каква голема
болка доживеале тие луѓе.

Постојат милиони приказни за кои треба постојано да се зборува, за да
научиме дека најважното нешто што можеме да го направиме денес е: да
извлечеме поука за тоа никогаш повеќе да не се случи.

Воопшто не е лесно дури и за оние преживеаните кои мораа да живеат со
страшни трауми до крајот на нивните животи. За оние луѓе кои изгубија
семејства и се што имаа. Ова го потенцирам затоа што овогодинешната
активност е посветена и на г-ѓа Шела Алтарац, преживеаната кој потекнува
точно од нашата земја.
Во оваа прилика, сакам да ја изразам мојата длабока почит кон оние
храбри луѓе кои ги ризикуваа своите животи за да ги спасат своите
сонародници.

Почитувани дами и господа,

Верувам дека се согласувате со мене дека ние кои доаѓаме од териториите
на поранешна Југославија подобро знаеме што значи да се доживее таков
период.

Само 46 години по победата на светот над нацизмот започнаа последните
војни во Европа. Во основа, и овие војни имаа национални разлики и
сегашните диктатори ја имаа истата манипулативна тактика.

Затоа, имајќи толку свежо сеќавање, денес треба да се соочиме уште
поостро со предизвиците на сегашното време.

Треба да бидеме уште поодлучни да ги правиме работите подобро отколку во
минатото.

Особено, нашата задача како политичари е да градиме вистинска
демократија.

Граѓанинот треба да биде над сите поделби и припадности.

Секој поединец е свет и тој треба да ги има сите слободи и права.

Настани како што е овој денес, организиран од Институтот за културно и
духовно наследство на Албанците, уште еднаш не потсетуваат дека
хуманизмот е главното наследство што мора да им го оставиме на идните
генерации.

Им посакувам спокој во душата на сите. Нека холокаустот не потсети на
градењето на подобар свет.

Ви благодарам уште еднаш уште еднаш за можноста да ми се обратите денес.

loading...

AnimeBee Watch anime online, English anime online HD

Watch Youjo Senki: Senkyou Houkoku Episode Full

AnimeTV: Samurai Gun (Dub) anime episode 12 online free at https://animetv.cc https anime tv

Animepahe: Excel Saga (Dub) anime episode 26 online free at https://animepahe.cc anime pahe

Diggerslist: https://www.diggerslist.com/animefreakws/about

Weddingbee: https://www.weddingbee.com/members/animeflixnl/