ВИЦЕ ПРЕМИЕРОТ АРТАН ГРУБИ на 5 -годишнината од Универзитет Мајка Тереза: Овој едукативен храм е резултат на Охридскиот Договор

Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби денеска учествуваше на одбележувањето на петгодишнината од основањето на Универзитетот „Мајка Тереза“. Во својот говор пред присутните, г. Груби истакна дека Универзитетот „Мајка Тереза„ е директен резултат на Охридскиот Мировен Договор и во оваа прилика ви благодарам што станавте дел од прославата на 20 -годишнината преку конференцијата организирана од ваша страна.

„Јас бев еден од пратениците што гласаа за основањето на овој универзитет и се чувствувам многу среќен кога го гледам успехот и благосостојбата на оваа институција. Исто така, многу добро се сеќавам на месец октомври 2016 година кога Универзитетот „Мајка Тереза„ во Скопје почна да функционира во објектот на Сојузот на Синдикати на Република Северна Македонија. Универзитетот „Мајка Тереза„ е директен резултат на Охридскиот Рамковен договор и јас многу сум ви благодарен што бевте дел од прославата на 20-годишнината на овој историски договор преку конференцијата која ја организиравте,„ истакна Груби.

Денес, додаде Груби, Универзитетот „Мајка Тереза“ е едно од центрите на знаењето кое ја проектира здравата иднина на нашата земја.

„Извонредно задоволство е што денес ја имам честа да бидам сведок на успехот на овој универзитет, во кој веќе церемонијата на дипломирање ја реализираа многу студенти од земјата и од странство. Го основавме Универзитетот „Мајка Тереза“ без ниедна критика, без никаков глас на противење и на најдобар и нај мирен можен начин, со широка поддршка.
Денес, ние мора да ги интензивираме нашите напори со цел да овозможиме изградба на универзитетски кампус во Скопје за овој универзитет, и во оваа прилика ја поздравувам одлуката на општина Чаир што ги усвои вистинските одлуки за спроведување на овој процес, додека ние како Влада го поддржуваме спроведувањето на проектот„ потенцираше Груби.

Првиот вицепремиер, г. Артан Груби им честиташе на академскиот кадар за стручното оспособување на квалитетни кадри и придонесот што како извор на знаење го дават во проекцијата на здравата иднина на нашата земја, додека на студентите им посака успеси во натамошните предизвици и континуитет во чекорење кон напредокот.