БРАВО, БРАВО, БРАВО - КЕЈОТ 13 НОЕМВРИ ПОВТОРНО НАЗАД КАЈ ГРАЃАНИТЕ НА СКОПЈЕ, РЕКОНСТУРИРАН, ПОУБАВ И ПОШИРОК
БРАВО, БРАВО, БРАВО - КЕЈОТ 13 НОЕМВРИ ПОВТОРНО НАЗАД КАЈ ГРАЃАНИТЕ НА СКОПЈЕ, РЕКОНСТУРИРАН, ПОУБАВ И ПОШИРОК
Се враќаат жештините, повторно температури до 40 степени
Се враќаат жештините, повторно температури до 40 степени
Заев: Не можеме утре да ги внесеме Бугарите во Уставот
Заев: Не можеме утре да ги внесеме Бугарите во Уставот
Зибери: Воспитно-поправниот дом за малолетници не си ја извршува функцијата
Зибери: Воспитно-поправниот дом за малолетници не си ја извршува функцијата
ВМРО-Народна: Отворените изборни листи ќе ги збришат сите мали политички партии
ВМРО-Народна: Отворените изборни листи ќе ги збришат сите мали политички партии
Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓорѓиевска на средба со претставниците од „Дневен центар Доза среќа“
Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓорѓиевска на средба со претставниците од „Дневен центар Доза среќа“
Вицепремиеорот Битиќи за порталот Фактор: Прераснуваме во економија на можности, на старт-апи, во земја на иновации!
Вицепремиеорот Битиќи за порталот Фактор: Прераснуваме во економија на можности, на старт-апи, во земја на иновации!
ШИЛЕГОВ И ДЕЛЕЛЕГАЦИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ ПОЛОЖИЈА ЦВЕЌИЊА ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО СКОПЈЕ
ШИЛЕГОВ И ДЕЛЕЛЕГАЦИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ ПОЛОЖИЈА ЦВЕЌИЊА ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО СКОПЈЕ

Вице Заев: Опседнатиот Мицкоски да престане да лаже и да се заканува преку познаници

Обвинувањата на Хрстијан Мицкоски немаат врска со реалноста, станува збор за лага, измислица, креација во умот на човекот кој е опседнат со мене, реагира бизнисменот Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев, откако Мицкоски го обвини дека изнудил 250.000 евра од компанија од Битола која добила тендер за ископ на јаглен од РЕК Битола.

-Мицкоски очигледно мисли дека со тоа што ќе прави конструкции за мое оцрнување ќе му кажат дека е врвен политичар. Ако има комплекси некој човек, ако е опседнат со мене, не може тоа да биде мој проблем. Нема ништо вистина во ова што го зборува Мицкоски, затоа се крие зад брифинзи, се плаши од тужба. Да имаше бриферот Мицковски некаков доказ ќе го приложеше, ама нема. И самиот вели барале средба, а не се случила – вели Заев во изјава за Фокус.

Тој додава дека изнесеното од страна на Мицкоски за наводната постапка е својствена за времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, кога, како што истакнува, тој бил директор. Воедно, Заев ги повика надлежните институции целосно да го испитаат случајот, но истовремено го повика лидерот на ДПМНЕ да престане преку познаници да му упатува закани дека „живеел за да ми наштети“.

Како што рече Мицкоски на брифинг со новинарите, за овој случај имало признание од сопственикот на компанијата „Рубитон“ Битола, којашто го добила тендерот. Тој посочил дека директорот на РЕК Битола, Васко Ковачевски, го контактирал сопственикот на компанијата и го принудувал се откаже од тендерот за тој да се предаде на „СВ Инвест“ на Столе Чифлигароски. Откако сопственикот на битолската фирма рекол дека нема правна можност за тоа, рече Мицкоски, Заев ги контактирал сопствениците на фирмата.

-Оштетените пријавуваат во полиција, по што била изготвена пријава до ОЈО потпишана од Лазе Велковски. Но, тука има еден интересен момент, мистериозно исчезнува делот во пријавата каде што се спомнува Вице Заев. Имаме информација дека Лазе Велковски веднаш изработил нов документ и таму го изоставил делот каде што се спомнува братот на премиерот, но заборавил штембилот да го стави на истото место како на оригиналот – тврди Мицкоски.

После настапот на Мицкоски, реагираше и СДСМ, од каде соопштија дека, како што велат, мрачниот брифер Христијан Мицкоски ни сам не си верувал на лагите и дезинформациите. Може тој уште 100 пати да се обидува со измислени афери да ги лепи своите манири и манирите на Груевски на актуелната власт, ама, нагласуваат од владејачката партија, лагата не му фаќа корен.

„Лаги од типот „барал средба за да не се сретне“ или „му се сонило дека заработил 250 илјади евра“. Мицкоски се сведе на тоа да штом отвори уста лаже-суши. Не му е прав пат на опседнатиот Мицкоски да изнесува лаги, невистини, конструкции за семејството на претседателот Заев. Но, тоа зборува за состојбата во којашто Мицкоски се наоѓа. Впрочем, студија објавена од Европскиот парламент Христијан Мицкоски е наведен како извор на дезинформации“, соопштија социјалдемократите.

loading...

https://animeheaven.pro watch animes. Getter Robo Go Episode 9

WCOStream Watch anime online, English anime online HD. Kaijuu Girls: Ultra Kaijuu Gijinka Keikaku 2nd Season (https://wcostream.cc/m/2EgX) Episode 12