Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
На младите им треба психолошка поддршка, која нема да трае само 15 минути
На младите им треба психолошка поддршка, која нема да трае само 15 минути
Град Скопје ќе доделува годишни стипендии од 24.000 денари за спортисти-средношколци
Град Скопје ќе доделува годишни стипендии од 24.000 денари за спортисти-средношколци
ЛИТАР ГОРИВО ВО ЕУ НАБЛИЖУВА КОН ТРИ ЕВРА: Најскап бензин возат Финците, но и во Грција е скоро 2 и пол евра
ЛИТАР ГОРИВО ВО ЕУ НАБЛИЖУВА КОН ТРИ ЕВРА: Најскап бензин возат Финците, но и во Грција е скоро 2 и пол евра
И Холандија го активира антикризниот план, ги вклучува термоелектраните
И Холандија го активира антикризниот план, ги вклучува термоелектраните
Петар Колев: Доколку Македонија не ја прифати подадената рака на Бугарија ќе биде целосно изолирана
Петар Колев: Доколку Македонија не ја прифати подадената рака на Бугарија ќе биде целосно изолирана

Вицепремиерот Битиќи на доделување на признанија за придонес кон одржливиот развој – Постигнувањето на целите за одржлив развој ќе придонесат за повисок квалитет на живот и подобар животен стандард

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со постојаната координааторка на ОН агенциите во Северна Македонија, Росана Дуџак, учествуваше на настан на здружението Конект, на кој беа доделени признанија на поединци, компании и бизнис лидери за придонесот кон остварувањето на Целите за одржлив развој.

Вицепремиерот Битиќи ја поздрави иницијативата на здружението „Конект“ и изрази задоволство што целокупното општество се повеќе ја разбира важноста и ја подигнува свеста за значајноста на постигнувањето на седумнаесетте цели за одржлив развој, дефинирани со Агендата 2030 на ООН.

„Несомнено е дека токму ваквите иницијативи го мотивираат приватниот секторот се повеќе да се ориентираат кон работа која позитивно влијае на општество и допринесува за остварување на овие цели. Искоренување на сиромаштијата и гладот, квалитетното образование, родовата еднаквост, чистата вода и околина и чистата енергија, намалената нееднаквост, достоинственото вработување и економскиот раст, иновацијата и одржливата заедница, борбата за справување со климатските промени, подобриот живот на копно и под вода, одговорната потрошувачка и производство, мирот и правдата како и партнерствата за постигнување на целите, се наше заедничко мото и база, според која мораме да ги ориентираме нашите приоритети, нашиот систем и начинот на којшто го градиме нашето општество“, посочи вицепремиерот.

Битиќи нагласи дека Владата на Република Северна Македонија е посветена на менување на општество кон подобро со залагањето за зелена иднина, кое се гледа преку константното инвестирање во енергетика и обновливи извори на енергија, како еден од главните државни приоритети.

„Донесени се стратегии за енергија, енергетска ефикасност и обезбедување стабилност во снабдувањето со енергија за сите. Минатиот месец го преставивме и Интервентиот план за инвестиции 2021-2027 кој предвидува инвестиции од 8 милијарди и 175 милиони евра, и вклучува јавни и приватни инвестиции, во кохезија со сегашните и идните стратегии за економски раст на земјата. Планирани се инвестиции во повеќе сектори, но најголеми инвестиции или 3,144 милијарди ЕУР се инвестиции во секторот енергетика – или речиси 40% од целокупната вредност на интервентниот план, што само ја потврдува нашата заложба. Со овој обем на инвестиции нашата држава ќе биде во чекор или можеби и понапред од европските земји во адаптацијата кон Just transition“, посочи вицепремиерот.

Тој се осврна и на Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување, кој во 2021 година е со рекорден буџет од 25 милиони евра и ќе опфати над 10 илјади лица.

„Преку овогодишен Оперативен план за вработување, кој изнесува 25 милиони евра и со него ќе бидат опфатени 10.279 лица, ја покажавме нашата главна цел – различни ранливи категории на невработени лица, млади лица, жени, лица со попреченост, лица кои ја загубиле работата поради корона кризата, побрзо и полесно да пристапат на пазарот на трудот. Дополнително, ќе биде воведен и принципот на позитивна дискриминација, кој ќе значи поголема застапеност на жените при имплементација на оваа мерка, односно соодносот на жени и мажи крајни корисници на оваа мерка, да биде 60% и 40 %. Новина од оваа година во Оперативниот план за вработување е и исполнување на рамномерниот регионален развој, што целиот план го прави комплетно инклузивен, праведен и правичен“, подвлече Битиќи.

Вицепремиерот информираше и дека е започната првата фаза на креирање на Националната развојна стратегија 2021-2041 која ќе отслика долгорочен консензус за приоритетите на државата, со цел обезбедување на инклузивен, зелен и одржлив развој за сите, а особено за ранливите категории на луѓе.

„Во ова сме заедно, и за да се случи една промена, потребно е вистинско партнерство, потребна е колективна ангажираност и заедничка борба. Затоа, особено ме радува тоа што гледам дека приватниот сектор се повеќе се ориентира кон одржливо работење и придонесување за подобро општество, и ми се допаѓа тоа што иновацијата е се повеќе присутна и што се осмелуваме да се обидеме да ги направиме работите поинаку. Оваа земја е нашиот заеднички дом кој треба да го оставиме на идните генерации, а оваа планета е место за чиј добробит сите делиме иста одговорност“, заврши вицепремиерот Битиќи.

loading...

game bài go88 go88 play info go88 info

ông chủ sunwin