СДСМ СКОПЈЕ КОНТРА АРСОВСКА: НИЕ ИНВЕСТИРАМЕ ВО ИДНИНАТА НА МЛАДИТЕ, А НЕ ВО ЛУКСУЗНИ КАНЦЕЛАРИИ КАКО ТИЕ ВО БЕЛАТА ПАЛАТА НА ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ СКОПЈЕ КОНТРА АРСОВСКА: НИЕ ИНВЕСТИРАМЕ ВО ИДНИНАТА НА МЛАДИТЕ, А НЕ ВО ЛУКСУЗНИ КАНЦЕЛАРИИ КАКО ТИЕ ВО БЕЛАТА ПАЛАТА НА ВМРО-ДПМНЕ
ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ: ОСТАНУВАМЕ ВО КОАЛИЦИЈА СО СДСМ, ГИ ПОВИКУВАМЕ НАШИТЕ ЧЛЕНОВИ ДА ГЛАСААТ ЗА КАНДИДАТИТЕ НА СДСМ ВО ОПШТИНИТЕ КАДЕ ИМА ВТОР КРУГ
ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ: ОСТАНУВАМЕ ВО КОАЛИЦИЈА СО СДСМ, ГИ ПОВИКУВАМЕ НАШИТЕ ЧЛЕНОВИ ДА ГЛАСААТ ЗА КАНДИДАТИТЕ НА СДСМ ВО ОПШТИНИТЕ КАДЕ ИМА ВТОР КРУГ
Илиевски до Димитриевски: Зошто зборувате надворешна политика, а не зборувате за градинките, улиците, канализациите кои не ги изградивте?
Илиевски до Димитриевски: Зошто зборувате надворешна политика, а не зборувате за градинките, улиците, канализациите кои не ги изградивте?
ЉУПЧО ПОПЕВСКИ ПОПЕ - ДА ПОБЕДИ КАНДИДАТ НА ВМРО ДПМНЕ ПОСЛЕ ПРОЕКТОТ 2014-ТА Е АПСУРД НА АПСУРДИТЕ!
ЉУПЧО ПОПЕВСКИ ПОПЕ - ДА ПОБЕДИ КАНДИДАТ НА ВМРО ДПМНЕ ПОСЛЕ ПРОЕКТОТ 2014-ТА Е АПСУРД НА АПСУРДИТЕ!
ПРОФЕСОРКА МИРЈАНА МАЛЕСКА: ПЕТРЕ ЗАСЛУЖУВА ДА ПОБЕДИ ВО ВТОР КРУГ
ПРОФЕСОРКА МИРЈАНА МАЛЕСКА: ПЕТРЕ ЗАСЛУЖУВА ДА ПОБЕДИ ВО ВТОР КРУГ
Кондовски: Граѓаните заслужуваат прецизни информации, проекти, идеи!
Кондовски: Граѓаните заслужуваат прецизни информации, проекти, идеи!
Морачанин: Ана Петровска имаше намера да го дискредитира ДОМ како партија и не ѝ успеа
Морачанин: Ана Петровска имаше намера да го дискредитира ДОМ како партија и не ѝ успеа
Ахмети лобира за Петре Шилегов!
Ахмети лобира за Петре Шилегов!

Вицепремиерот Битиќи на МЕФ 2020 – Владата на Република Северна Македонија тргна храбро во енергетска транзиција, целиме да ги исполниме обврските од Зелениот договор 2050 на ЕУ

* реклами ——————————————————————————————————————————————-

———————————————————————————————————————————————————
Заменикот на Претседателот на Владата зaдолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, учествуваше на панелот „Предизвиците на регионалната енергетска интеграција во согласност со енергетските приоритети на ЕУ и Зелениот договор 2050 година“, кој се одржа во рамките на Македонскиот енергетски форум 2020.

Вицепремиерот се осврна на европскиот “Зелен Договор“, кој претставува амбициозен план на ЕУ во рамките на нивната политика која се однесува на климатски прашања, а кој има за цел од Европа да направи прв континент кој ќе биде климатски неутрален до 2050 година.

* реклами —————————————————————————————————————————————–

————————————————————————————————————————————————————

„Енергетската унија е главниот инструмент за да се испорача оваа трансформација, која има за цел сигурна, одржлива и финансиски достапна енергија за сите потрошувачи во ЕУ, индустриски и домаќинства. Оваа цел може да се постигне само со фундаментална трансформација на енергетскиот систем на ЕУ. Знаеме дека Европската комисија во 2015 година испорача нова Стратегија за енергетска унија, која се состои од пет блиски, меѓусебно поврзани димензии, дизајнирани да придонесат зголемена енергетска сигурност, одржливост и конкурентност“, започна Битиќи.

Вицепремиерот посочи дека Владата на Република Северна Македонија во последните три години својата енергетска политика ја насочи кон исполнувањето на целите на ЕУ и храбро тргна кон патот на енергетската транзиција.

* реклами —————————————————————————————————————————————

————————————————————————————————————————————————-

„Со помош на нашите партнери, УСАИД и ЕБРД донесовме два важни закони во кој целосно се имплементирани ЕУ директивите кои се однесуваат на внатрешен пазар на енергија и на енергетската ефикасност. Тоа се Законот за енергетика и Законот за енергетска ефикасност. Со Законот за енергетика и со подзаконските акти кои се однесуваат на обновливите извори на енергија, се создаде клима за нови инвестиции во обновливи извори на енергија, подржани со нови пазарно ориентирани механизми, на транспарентен и конкурентен начин. Само во изминатата година Министерството за економија спроведе две конкурентни постапки, кои завршија успешно, при што се потпишаа договори за изградба на фотонапонски електрани со инсталиран капацитет од 62 MW. Само за споредба, во претходните 11 години беа изградени само 16 MW. Во моментот во тек е конкурентна постапка за јавно приватно партнерство со АД ЕСМ, за изградба на две фотонапонски електрани по 40 MW, на местото на рудникот за јаглен во РЕК Осломеј. Ова е прв проект во регионот, пример на енергетска транзиција, односно замена на термоелектрана на јаглен што загадува, со фотонапонски електрана, која произведува 100% чиста енергија. Со цел диверзификација на изворите, Владата издаде овластувања за изградба на ветерни електрани со вкупен инсталиран капацитет од 150 MW на приватни инвеститори“, нагласи Битиќи.

Вицепремиерот рече дека еден од клучните предизвици во иднина секако ќе биде одржувањето на стабилноста на електроенергетскиот систем, имајќи во предвид дека во наредните години, поголеми и поголеми количини на електрична енергија од обновливи извори ќе се приклучуваат на електро-енергетската мрежа.

* реклами ——————————————————————————————————————————————-

—————————————————————————————————————————————————–

„Соодветно на тоа ќе треба да се инвестира и во преносните и дистрибутивните капацитети со цел успешно балансирање на системот. Во моментот во фаза на градба е интерконективниот 400 кV далекувод помеѓу Република Северна Македонија и Албанија. Оваа врска е единствената врска која во моментот недостасува за Република Северна Македонија да биде поврзана со сите соседи, овој проект значително ќе ја подобри сигурноста во снабдувањето не само во Република Северна Македонија туку и регионалната сигурност во снабдувањето со електрична енергија. Со цел балансирање на електро-енергетскиот систем во иднина, како домашниот така и регионалниот, Владата распиша оглас за изградба на пумпно акумулациона хидроцентрала ХЕЦ Чебрен. Овој долгогодишно најавуван проект, кој две децении неуспешно се промовира, конечно ќе го најде својот пат кон успешна реализација, а потребата од ваков тип на електрана која ќе има за цел, покрај производството на чиста електрична енергија, ќе биде и да се грижи за одржувањето на стабилноста на електро-енергетскиот систем“, рече Битиќи.

На крајот на 2019 година, Владата ја донесе Стратегијата за развој на енергетиката во Република Северна Македонија за периодот до 2040 година. Оваа Стратегија беше првата помеѓу земјите членки на Енергетската заедница која се базира на петте димензии на ЕУ политиката за енергија и клима.

* реклами ——————————————————————————————————————————————-

—————————————————————————————————————————————————–

„Стратегијата ги дава можните правци на развојот на енергетиката во Северна Македонија земајќи ги предвид движењата на енергетските политики во светски и европски рамки и особено во рамките на Енергетската заедница. Енергетските трендови ја нагласуваат поамбициозната транзиција кон ниско јаглеродна економија, при што, обновливите извори на енергија (ОИЕ) и енергетската ефикасност (ЕЕ) се меѓу најважните фактори што ја овозможуваат транзицијата. Стратегијата ги следи добрите практики на политиките на ЕУ за ОИЕ и ЕЕ, како и декарбонизацијата, земајќи ги предвид целите и траекториите со реална динамика што се приспособени на домашните специфики и приоритети на Владата на Република Северна Македонија. Стратегијата го трасира патот за остварување на следната визија, Сигурен, ефикасен, еколошки и конкурентен систем што е способен да го подржи одржливиот економски раст на земјата“, посочи Битиќи.

Во делот на електричната енергија Република Северна Македонија го продолжува патот кон регионалната интеграција на пазарот на електрична енергија и интеграцијата со пазарот на ЕУ, вклучувајќи и воспоставување на домашен организиран пазар. Се очекува поврзувањето на пазарот ден-однапред и воспоставувањето на берза да имаат значајна улога во иницијативите на Енергетска заедница за интеграција на пазарот.

* реклами —————————————————————————————————————————————–

—————————————————————————————————————————————————

„За таа цел Владата веќе го номинираше МЕМО Дооел Скопје (националниот пазар со електрична енергија) да биде организатор на номинираниот пазар на електрична енергија и да го води процесот на пазарното спојување со Република Бугарија како и да го води процесот кон воспоставување на берза на електрична енергија во Република Северна Македонија, следните чекори во наредните години ќе бидат и воспоставување на еден пазар на електрична енергија за земјите од Западен Балкан. Со изградбата на интерконективниот гасовод помеѓу Република Северна Македонија и Грција, значително ќе се зголеми искористувањето и трговијата со природниот гас во државата и во регионот. Имајќи во предвид дека нашите планови вклучуваат и нови гасоводни врски со Косово, Албанија и Србија, очекуваме и во овој дел значително да се подобри и унапреди соработката на регионално ниво“, додаде Битиќи.

Еден од најголемите предизвици за Северна Македонија, а и за регионот секако е праведната транзиција за земјите од регионот кои на големо зависат од јагленот кој се користи примарно за производство на електрична енергија.

* реклами ——————————————————————————————————————————————-

—————————————————————————————————————————————————

„Регионот на Западен Балкан важи за јаглено интензивен регион и спроведувањето на енергетската транзиција во овој регион ќе биде една од нај предизвикувачките работи во наредните 10 до 20 години. Во таа насока во моментот Мисијата на ЕУ во Скопје заедно со ЕБРД започнаа пилот проект за изработка на Дијагностика за праведна транзиција (Just Transition Diagnostic) на Република Северна Македонија и очекуваме оваа дијагностика, заедно со Стратегијата и Националниот план за енергија и клима, да бидат патокази кон успешна енергетска транзиција на Република Северна Македонија“, заврши со своето излагање на панелот, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

На панелот покрај вицепремиерот Битиќи, учествуваа и амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, Н.Е. Дејвид Гир, директорот на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој во Скопје, Анди Аранитаси, заменикот директор на секретаријатот на Енергетската заедница, Дирк Бушле и директорката на МЕПСО, Ева Шуклева.

loading...

4Anime Watch english anime Online in HD for FREE

AniWatch: Sonic: Night of the WereHog anime episode Full online free at https://aniwatch.pro aniwatch me

Animepahe: Space Battleship Tiramisu Zwei (Dub) anime episode 13 online free at https://animepahe.cc gogoanime

AnimeDao: Beyond the Worlds anime episode 12 online free at https://animedao.nl haikyuu animedao

Yemle: https://yemle.com/profile/kissanimemx

Mobypicture: http://www.mobypicture.com/user/gogoanimelol